концерти
Трип-хоп легендите Hооverphonic со концерт во Македонската филхармонија

Светски етаблираниот трип-хоп бенд Hооverphonic ќе одржи концерт во Скопје на 29 март во салата на Македонската филхармонија во рамките на својата балканска турнеја и ќе имаат настапи и во Загреб, Белград и во Софија.
Од организаторот „Авалон продукција“ велат дека салата на Македонската филхармонија во Скопје е најадекватен објект за музиката на овој бенд.
Hооverphonic e белгиски бенд основан во 1995 година, кој зад себе има осум студиски албуми, како и неколку компилациски изданија.
Кон средината на ноември минатата година бендот го објави албумот Looking for stars, што содржи единаесет композиции на кои бендот експериментира со повеќе музички жанрови, но сепак останува верен на трип-хопот, чија основа преовладува на целиот носач на звук, а исто така наиде и на одлични критики кај музичките рецензенти.
Публиката во Скопје ќе има ексклузивна можност првпат во живо да ги чуе некои од најголемите хитови што ја одбележаа кариерата на еден од најпознатите трип-хоп бендови на сите времиња, како што се легендарната Mad about you, 2 Wicky, Eden, Winegar and salt и уште многу други.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (16 јануари), а информации за цените на билетите ќе бидат дополнително објавени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти
Руската пијанистка со светска слава Злата Чочиева на Охридско лето

Младата руската пијанистка со светска слава Злата Чочиев, на 3 март ќе одржи концерт во рамките на фестивалската програма на Охридско лето како дел од настаните што од годинава ги организира фестивалот надвор од стандардниот термин 12 јули – 20 август. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток од 18 часот.
Стручната јавност за Чочиева вели дека е пијанист од светска класа, а длабочината на нејзините перформанси, единствена моќ и зрелост се импресивни.
„Таа е многу интелигентен и чувствителен музичар. Во нејзината игра таа ја комбинира длабочината со фантазијата, давајќи им на публиката широка палета на звук“.
Злата Чочиева е родена во Москва, а моментално живее во Салцбург. Првпат се појави на сцената на 5-годишна возраст, а дебитираше со оркестарот две години подоцна во изведба на Моцарт концертот КВ. 453 во Големата сала на Московскиот државен конзерваториум. Потоа, завршува две години постдипломски студии кај професорот Жак Рувиер на Универзитетот Моцартеум во Салцбург, каде што беше назначена за асистентка во 2013 година.
Во текот на изминатите години Злата доби многу меѓународни награди за натпреварувања, вклучувајќи го и меѓународниот натпревар Свимановски (Полска), натпреварот за пијано Тиволи (Данска), наградата Моцарт на натпреварот ARD (Германија), првите награди на натпреварот Frechilla-Zuloaga (Шпанија) и натпреварот за пијано на Алберто Фано (Италија) и сребрен медал на Првиот меѓународен натпревар по пијано на Санта Катарина (Бразил), каде што исто така беше прогласена за најдобра изведувачка на омилениот Шопен и публиката.
Нејзиниот диск „комплет Етиди на Шопен” за пијано класици беше избран како „Избор на уредникот“ во Грамофон, и е вклучен во листата на 10 најголеми Шопенови снимки.
Пијанистката Злата Чочиева предизвика меѓународно внимание со своите високовреднувани снимки на дела на Шопен и Рахманинов, истакнувајќи ја како препознатлив глас кај пијанистите со длабок афинитет кон овие композитори. Поздравена од страна на „Грамофон“ како “поседувач на сеопфатна техника која носи внатрешен сјај во секој такт “,Злата Чочиева редовно се појавува во најпрестижните концертни сали во Минхен, Амстердам, Париз, Венеција, Женева, Копенхаген, Порто, Лисабон, Концертната сала Чајковски во Москва, Московскиот конзерваториум и Големата сала на Санкт Петербургската филхармонија.
Има настапувано со бројни големи оркестри, меѓу кои и Рускиот национален оркестар, Националната филхармонија на Русија, Симфонискиот оркестар Светланов, Копенхагенската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Словачкота радио, Оркестарот на Ница, Михенскиот камерен оркестар и Симфонискиот оркестар на Архус .
концерти
„Суперхикс“ со нов спот во пресрет на концертот по повод 25 години постоење

Инструменталната банда „Суперхикс“ на трети март во Младинскиот културен центар во Скопје ќе одбележи 25 години од својот прв настап во некогашниот „Доорс“ во Дебар Маало, во сега веќе далечната 1994 година.
Тие во целото свое постоење се поклонуваат на специфичниот ритам и музика кои го исполнуваат секој кој ќе ги слушне хитовите „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“ и многу други.
Својот раст и својот развој, задржувајќи го тоа што секогаш ги прави тоа што се, „Суперхикс“ го негуваат и во „Модерна љубов“, сингл чие видео денеска излезе во јавност и може да се види и слушне на следниов линк.
Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски од Скопје и за прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.
На овој начин, „Суперхикс“ се враќа, верен на својот стил, пред одбележувањето на својата 25-годишнина.
Од групата информираат дека билетите за настапот во МКЦ се на работ на распродавање и повикуваат оние кое сакаат да присуствуваат на шоуто да побрзаат со набавката на истите.
концерти
Дејвид Гарет за првпат со својата кросовер-програма во Македонија

Дејвид Гарет со неговиот албум UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE објавува нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10-годишнина од неговите кросовер-изведби. Одговарајќи на повиците на неговата група на фанови во Македонија, која е сè во поголем број, тој за првпат ќе ја донесе својата спектакуларна кросовер-програма во Скопје во септември 2019 година!
„Неограничено” не е само наслов на турнејата: тоа е неговата лична филозофија во животот. Секој што го познава Дејвид Гарет знае дека неговата креативност е неограничена. Со својата страст за музика успеа не само да создаде сосема нова публика за кросовер, туку и за класична музика. Неговите изведби на рок хитови како што се Purple Rain или Smells Like Teen Spirit, неговите верзии на песни како Nothing Else Matters и November Rain , новиот спин на светски познатите поп хитови како Viva la vida или Hey Jude, како и неговите аранжмани на класични песни како што се Beethoven’s “5th” или Clair de Lune ја креваат целата публика на нозе.
Продажбата на билети за турнејата UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE во Скопје ќе се почне задутре преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.
„Со нетрпение ја очекувам турнејата NLIMITED-GREATEST HITS-LIVE 2019 , и повеќе од кога и да е, сакам да ги однесам моите обожаватели на едно возбудливо музичко патување”, вели Гарет.
„Заедно со мојата група, моите пријатели и обожаватели, сакам да ја прославувиме музиката, како и изминатите десет години”.
За повеќе од една деценија од неговата меѓународна кросовер-кариера, Гарет секој нареден пат се надминуваше себеси. Со неговата турнејата EXPLOSIVE LIVE продаде повеќе од 400 000 билети во 20 земји. Паганини меѓу поп-ѕвездите и Џими Хендрикс меѓу виолинистите, Дејвид Гарет е „ѓаволски виолинист” од нашата ера, меѓународна суперѕвезда која ги заматува линиите меѓу Моцарт и „Металика“.
Заслужен за равој на модерниот кросовер-тренд, со неговото исклучително виртуознo свирење, Дејвид Гарет е подеднакво свој како во изведбата на најсложените класични композиции со водечките светски диригенти и оркестри, така и во изведба на најпознатите рок-хитови. Обожаван од милиони обожаватели низ целиот свет, Дејвид Гарет досега има продадено милиони билети и добиено 24 златни и 16 платинести награди во најразлични земји, како што се Хонг Конг, Германија, Мексико, Тајван, Бразил, Сингапур и многу други. Со својата харизма на рок-ѕвезда и вродена виртуозност тоа е еден од најдобрите инструменталисти на нашето време.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа