Култура
Универзалната сала и Град Скопје со јавен повик за програмски активности за манифестацијата „Бела ноќ“
Оваа година ќе се одржи 19. издание на „Бела ноќ“ како препознатливо обележје на град Скопје за активности од областа на културата на територијата на централното градско подрачје, каде што ќе се одбележат уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани што ќе ја заинтригираат јавноста.
За таа цел, ЈУ Универзална сала – Скопје и Град Скопје распишаа јавен повик за учесници што се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.
Годинешното издание на „Бела ноќ“ ќе се одржи во првиот викенд на октомври 2023 на повеќе централни локации во градот Скопје.
На конкурсот може да се пријават уметници што сакаат да бидат дел од овој настан, а да творат во следните области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип); применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб-дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации; музика; филм; театар; јавна уметност; урбани изведби и перформанси.
Селекцијата ќе биде направена од страна на жири-комисија врз основа на поднесените апликации, а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт, информираат надлежните.
За учество во „Бeла ноќ“ потребно е да се пополни апликацијата за учество со следниве документи:
▪ Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата
▪ Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација
▪ Финансиска конструкција на проектот
За подетаљни информации за јавниот повик: документите во писмена форма може да се достават на адреса: бул. Партизански одреди 22 (зграда на Библиотеката „Браќа Миладиновци“) http://univerzalna.com.mk/belanok, belanok@univerzalna.com.mk или на телефонскиот број 02 32 45 615.
Крајниот рок за пријавување е 23.6.2023 година
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
