Контакт

Култура

Филхармонија во Градскиот парк со „Одисеја 2024“ – музиката од филмовите на славниот Кјубрик

Објавено пред

И оваа година, Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“, кој ќе донесе разновидност и секако, несомнен квалитет. Во среда, на 19 јуни во Градскиот парк со почеток во 21 часот, под ѕвездите на скопското небо, одиме на футуристичко патување низ дел од филмографијата на најкреативниот режисер на сите времиња – Стенли Кјубрик, визионерот кој изврши огромно влијание врз светската филмска уметност.

dobivaj vesti na viber

Концертот носи наслов „Одисеја 2024“, кој е инспирација од неговиот револуционерен филм „2001: Вселенска одисеја“, но и кој ја најавува новата концертна сезона на Македонската филхармонија во јубилејот којшто годинава го слави оваа најстара национална институција – 80 години од постоењето.

Под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска, ќе бидат изведени музички теми од големите композиторски имиња од светот на класичната музика: Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, а кои ги одбележаа маестралните филмови: „Одисеја 2001“, „Пеколен портокал“, „Бери Линдон“ и „Очи широко затворени“.

Кјубрик на музиката гледал како едно од најмоќните оружја во неговите уметнички остварувања, па затоа и неговиот избор на дела бил мошне деликатен. Токму музиката на класичните композитори, ги прави филмовите на Кјубрик дотолку повеќе препознатливи, давајќи им посебна драматургија и естетика.

Култура

Долги и стоечки овации за маестро Герхарт Рајхенбах

Објавено пред

Еден од водечките германски класични гитаристи, Герхард Рајхенбах настапувајќи на програмата на 64. „Охридско лето“ уште еднаш ги потврди високите стандарди на неговото елитно музицирање.

dobivaj vesti na viber

Љубителите на музиката од класичниот жанр во црквата вчеравечер во „Света Софија“ не останаа рамнодушни слушајќи одбрани дела од композиторите Јохан Каспар Мерц, Маури Џулијани, Јохан Себастијан Бах, Исак Албениц, Федерико Морено-Тороба и Жоакин Родриго.

-Беше голема честа за мене што бев поканет да свирам, тука, на ова место, во оваа стара и светски позната црква „Св Софија“ која покрај нејзината историја има и прекрасна акустика што перфектно одговара до акустичната гитата. Имаше фантастична и топла македонска публика, како и публика од Германија. Прекрасно поминав и се надевам дека повторно ќе се вратам. Во првата половина отсвирив романтични дела , централниот дел на репертоатот беше
пијано партита од Бах, додека вториот дел од репертоарот беше шпанска музика, вели германскиот гитарист Рајхенбах.

Овој голем уметник со светско реноме повеќе од четири децении одржува концерти како солист, со оркестар и на бројни фестивали кои го носат насекаде во светот. Покрај тоа, тој е и професор по гитара на Универзитетот во Келн. Вчеравечер во редовите на публиката беа и негови студенти по гитара.

-Првпат сум на фестивалот „Охридско лето“ , но во Македонија, поточно во Скопје, сум свирел во повеќе наврати во текот на изминатите 20 години. Моментално на музичкиот Универзитет во Келн имам пет студенти од Македонија и сите се многу мотивирани и посветени. Еден од најдобрите професори тука, Дарко Багески, беше исто така мој студент, додава Рајхенбах. Репертоарот на овој уметник содржи повеќе од 35 рецитали и бројни концерти за гитара и оркeстар. Неговите транскрипции за гитара на делата на Скарлати, и особено оние на Бах го поставуваат на чело на интерпретаторите на делата на Бах за гитара во светски рамки. Во последните децении Рајхенбах е особено активен на полето на современата музика за класична гитара изведувајќи дела кои се специјално напишани за него.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворање на новата театарска сезона

Објавено пред

По назначувањето на новиот в. д. директор Никола Кимовски на најголемата театарска куќа во Р Северна Македонија – Македонскиот народен театар, со особено задоволство ја објавуваме веста за отворањето на новата сезона 2024/2025 г. и реализирање на плановите до крајот на годината.

dobivaj vesti na viber

Редовната репертоарска програма ќе започне во септември, а во рамките на истата, како новитет и по барање на публиката, свечено ќе биде отворена и летната сцена „Славиша Кајевски“.

Кон средината на октомври, на малата сцена премиерно ќе се одигра претставата „Бели ноќи“ во режија на Звездана Ангеловска (копродукциски проект), а на 17 октомври е договорено гостување со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“, БиХ.

На големата сцена следи премиерната изведба на претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, кој мајсторски го направи изборот од моќна актерска екипа. Претставата „12“ ќе биде работена по мотивите на (12 Angry man) од Реџиналд Роуз.

По премиерата, во ноември ќе гостува Српското народно позориште од Нови Сад со „Собирачи на пердуви“ во режија на Дејан Пројковски – претстава која го освои првото место на реномираниот српски фестивал „Театар во тврдината“- Смедерево, 2024 година. Во ноември, исто така, премиерно ќе биде одиграна и претставата „Бог на колежот“ (копродукциски проект) – по текст на Јасмина Реза, а во режија на Весна Петрушевска. Српскиот режисер Егон Савин ќе ја постави „Народен пратеник“, по текст на Бранислав Нушиќ. По претставите „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996), ова за Савин е трета режија во Македонскиот народен театар. Претставата „Народен пратеник“ на сцената на МНТ, за првпат е поставена во 1945 година, потоа во 1993 година, а ова е трета постановка.
Во декември е предвидена и премиерната изведба на копродукцискиот проект „Марта“ по текст на Драгана Лукан Николоски, а во режија на Нина Николиќ. Со почетокот на училишната година, активно ќе продолжат организираните тури за посета на театарот, со посебен акцент за основните и за средните училишта.

На овие тури младите генерации ќе имаат можност да се запознаат со театарот преку разгледување на објектот, музејската поставка со посета на проби и разговори. Покрај онлајн продажбата на билетите на официјалната веб-страница www.mnt.mk, како новитет ќе се имплементира и мобилна апликација каде што публиката ќе биде во можност на побрз и на поедноставен начин да дојде до билет.

В. д. директорот Кимовски со овластени лица како и со дел од вработените од техничките служби, направи целосна обиколка на објектот – во ентериерот и екстериерот, за утврдување на штетите создадени од природните непогоди/внатрешното прокапување, ронење на фасадата и сл., и нивна понатамошна санација.

Македонскиот народен театар – секогаш отворен, флексибилен, инклузивен, разновиден, прагматичен, светска класа на театар – театар за секого!

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

Од вечерва европски филмови во Охрид под ѕвездите – почнува новото издание на „Бич филм фестивал“

Објавено пред

Од денес до 21-ри јули на 4 локации во Охрид ќе се одржува седмото издание на „Фестивалот на нов европски филм BEACH FILM FESTIVAL ОХРИД 2024“.

dobivaj vesti na viber

Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, едукативни работилници и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и Младински Центар Охрид.

Овогодинешното издание на фестивалот ќе го отвори филм „Живи и Здрави“ (Forever hold your peace), а во главната програма ќе се прикажат уште шест (6) долгометражни европски филмови и тоа: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican.

Покрај главната програма, на фестивалот ќе се прикажат и 14 краткометражни филмови, вклучувајќи и филмови од домашната продукција, филмови на Ана Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов, а за музичката програма ќе се погрижат бендовите Sioto Jazz и Xarakiri, диџејките Baila, Dj MarТian и музичкото дуо SIZ.

„Оваа година имаме четиричлено жири кое се состои од: Julián Génisson (во соработка со шпанската амбасада), Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka (во соработка со Гете Институт), кое ќе ги додели наградите „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ за најдобро актерско остварување. Исто така е оформено и тричлено жири кое ќе ја додели наградата „Мал бран“ за најдобар краткометражен филм, а кое се состои од: Ѓоко Симјаноски, Веле Митаноски и Свето Стефановски“, најавуваат организаторите на настанот.

Фестивалот од година во година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и посебно ја привлекува младата публика која го одбира Охрид за летен одмор, целно во периодот додека трае фестивалот. Поради тие причини оваа година фестивалот се збогати со уште еден тип на програма – филмови за најмалите посетители и нивните блиски, кои ќе бидат прикажани на градската плажа Сараиште, каде што секој ден од 17 – 21 јули со почеток од 20.00ч. ќе има проекции на детски филмови и влезот на истите е бесплатен.

BEACH FILM FESTIVAL ОХРИД е од големо значење како културен настан во државата бидејќи привлекува млада публика (18-35 години) која е исклучително тешко во денешно време да биде анимирана и ангажирана да проследи европски кинематографски остварувања, во време кога на сите платформи се промовираат новите холивудски блокбастери. Поттикнувајќи ја филмската писменост, фестивалот служи како доказ за моќта на киното во премостувањето на културите, промовирањето на различностите и разгорувањето на страста за раскажување приказни. Без разлика дали сте филмофил, млад филмски режисер, филмски ентузијаст, или едноставно поединец кој сака да го истражи богатството на европската кинематографија, овој фестивал е правата дестинација за ова лето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија33 минути

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија39 минути

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија2 часа

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија4 часа

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија6 часа

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија6 часа

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет7 часа

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...

Свет7 часа

Лавров: САД е во голема заблуда ако мисли дека нема да страдаат од нова светска војна

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е во голема заблуда ако мисли дека САД нема да страдаат од нова светска...

Македонија7 часа

Расчистен обидот за убиство врз градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава

Полицијата го расчисти случајот со пукањето кон градоначалникот на општина Арачиново и други лица вработени во општината, додека вршеа увид...

Култура7 часа

„Бизнисот на задоволството“ со награда во Уругвај за сценографија

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот. Овој пат наградата...

Македонија1 ден

Убиство во Македонски Брод, жртвата е 31-годишен војник во АРМ, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого...

Македонија1 ден

Повторно активен пожарот над Битола

Огнот повторно се разгоре над обиколницата на Битола. Екипите на ТППЕ Битола постојано се на терен и работат на ставање...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Скопје: „Кратко тресење и гласен краток звук“

Во 14.07 часот беше почувствуван земјотрес во Скопје, извести ЕМСЦ. #Earthquake (#земјотрес) possibly felt 40 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt...

Македонија1 ден

Таравари за тримесечното бебе со модринки: Нема докази дека е намерно повредено, но има дисциплински мерки

Министерот за здравство, Арбен Таравари, не ги добил во писмена форма одлуките на комисијата што треба да го расветли случајот...

Македонија1 ден

Родителите на бебето и медицинската сестра се смирија и си подадоа рака, случајот е затворен, рече Мемеди

Немало апсолутно никаква намера кај медицинската сестра за нанесување повреда, туку тие модринки на раката настанале при процедурата земање венска...

Македонија1 ден

Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“, за другите постапката ќе продолжи по нивно обезбедување

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за...

Скопје1 ден

„Главниот град се задушува во смет, дали Скопје има градоначалник“, прашуваат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради...

Македонија1 ден

Oбвинителството испитува неправилности во ЈСП по тврдењата дека автобусот заврши во жардиниера кај „Мавровка“ поради неисправност

Основното јавно обвинителство оформи предмет за настанот со автобусот на ЈСП кога возачот на 8 јули изгуби контрола, излета во лево...

Македонија1 ден

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ пронајден застрелан покрај автомобилот, до него имало пиштол

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ, вчера, со повреди на главата од оружје беше пронајден покрај автомобилот во Орман, со пиштол и патрон...