Контакт

концерти

„Филхаромнија на отворено“ со камерни ансамбли

Објавено пред

Во среда, на 30 јуни, со почеток во 20 часот, во дворот на Министерството за култура ќе се одржи камерниот концерт од серијата настани „Филхармонија на отворено“.

Во рамки на концертот ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија со своите камерни состави.

На програмата дела од Чејс, Премру, Дебиси, Убер, Сен-Санс, Ловленд и Шостакович, а ќе настапат трио тромбони ( Бранко Илиевски, Никола Ристевски и Александар Ниниќ), Скопски брас квинтет (Стефан Илиев – труба, Вилијама Баракоски – труба, Благоја Василевски -хорна, Никола Ристески – тромбон и Александар Ниниќ – тромбон), Александра Чуруковска (контрабас), Филип Петрески (хармоника), Маријана Николовска на пијано, Ева Богоеска (виолина) и Марија Трајковска (виолина).

концерти

Се одржа Француската вечер на Охридско лето

Објавено пред

Со неколкуте успешни гостувања на врвни солисти и камерни ансамбли, фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер навлезе во втората половина од годинешната 61-ва концертна сезона со звуците на харфата и уметницата Елоиз Карлин-Џонс која настапи во рамките на Француската вечер на фестивалот.

Француската вечер на „Охридско лето“ е традиционален настан 14 години и секое лето на публиката ѝ ги носи најдобрите уметници од Франција.

Прогласувајќи ја вечерта за отворена, амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер истакна дека во изминатите четиринаесет години француското културно присуство во земјава има своја летна престолнина, а тоа е Охрид.

Младата француска харфистка Елоиз Карлин-Џонс преку јасноста и умешноста на звукот на харфата покажа дека е врвен уметник кој совршено владее со инструментот.

„ Првпат сум во Охрид, и тоа е навистина голема чест. Програмата беше разновидна, составена од оригинални дела напишани за харфа, но и транскрипции, како на пример Бах. Таа беше специјално направена за фестивалот. Првата половина од концертот беше исполнета со танци, а втората со песни. Поради неверојатната акустика, чувствував како музиката што ја свирам го исполнува просторот, рече Карлин-Џонс.

Таа призна дека изминатиот период од пандемијата кога светот беше парализиран, бил тежок и за уметниците.

Прикажи повеќе...

концерти

Утре во Музејот на македонската борба концерт „Вечер со руски романси“

Објавено пред

Во рамките на Скопско лето, утре, со почеток во 20.30 часот, во Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт со наслов „Вечер со руски романси“.

Ќе се изведуваат соло песни од руски автори, а учествуваат: Македонка Петреска – сопран, Ивона Огненовска – мецо-сопран, Елена Васова – сопран, Сара Јанева – мецо-сопран, Марија Ѓеорѓиевска – сопран, Фјола Исеини – сопран, Маријана Бошковска – мецо-сопран, Билјана Камчева – сопран и Давид Миладинов – баритон. Музички соработник и водител е м-р Елена Силјановска.

Романса е жанр на естетско доживување на човечките емоции. Во време на прагматизам и материјализам руските романси нè навраќаат на чувствата и продуховеноста. Концерти на руски романси во НОБ во организација на корепетиторот и селекторот во Македонија за меѓународниот натпревар, м-р Елена Силјаноска, се одржуваат во фоајето на НОБ од 2014 година. Годишниот концерт на руски романси имал најмногу публика во последните 3 години. Минатата година првпат концертот влезе и во прогамата на Скопско лето. Учествувале повеќе од 40 млади македонски вокалисти – студенти и ученици од образовни институции во земјата. Концертот е присутен и во македонскиот етер (ТВ „Наше ТВ“, снимено 2 концерта – 2016 и 2017). Концертите имаат свој карактеристичен перформанс. Освен изведба на композициите, присутен е наративен дел – едукативен и емотивен – поврзан со историја, стил, композитори, поети, изведувачи. Во програмата, покрај класични дела, вклучени се и романси непознати за македонската публика.

Концертот ќе се одржи во согласност со протоколите за одржување настани, а влезот ќе се регулира со билети по фестивалска цена од 200 денари, кои ќе може да се купат пред почетокот на концертот на влезот на Музејот.

В сабота ќе се одигра театарска претстава СМРТТА НА ДАНТОН со почеток во 20.30 часот во Центарот за култура во Кисела Вода – „КВК кино“. Автор на претставата е Георг Бихнер, а е во продукција на ЈОУ Дом на културата КВК Скопје, во копродукција со Театар „Фабрика“. Рeжисер е Андреј Цветановски, сценограф и костимограф – Сергеј Светозарев, асистент на режија – Борјан Стојков, а играат: Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Александар Михајловски, Ане Блажовски, Наталија Теодосиева, Марија Кондовска, Кристина Гиева.

Прикажи повеќе...

концерти

„Скопско лето“ со Шопен

Објавено пред

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, утре ќе се одржи концерт со наслов „Шопен, поетот на музиката – музички бисери за пијано“, со почеток во 20:30 часот во Музејот на македонската борба.

Изведувачи на концертот се Даница Стојанова – пијано, Нита Груби, Бобан Мирковски и Сара Кесковска, к.г. – пијано.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број билети. Истите ќе може да се купат онлајн на karti.com.mk и пред почетокот на настанот на влезот на објектот по фестивалска цена од 200 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија4 часа

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ5 часа

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет7 часа

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Свет8 часа

(Видео) Еден починат и 600 уапсени на протестот во Берлин против корона-мерките

Полицијата во Берлин објави дека 49-годишен маж починал откако полицијата го уапсила за време на протестот против мерките во борбата...

Македонија19 часа

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес е почувствуван вечерва во Скопје. „Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути,...

Спорт20 часа

Надал: Ѓоковиќ може до гренд слемот оваа година

Рафаел Надал се подготвува за својот прв настап на Сити опен во Вашингтон, каде што ќе стави крај на подолгата...

Македонија22 часа

Заев: Очекувам на „Отворен Балкан“ наскоро да се приклучат и Приштина, Сараево и Подгорица

Балканот повеќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан” создава многу можности за подобар...

Спорт24 часа

(Видео) Скандал во Токио – белоруска олимпијка не сака да се врати дома, бара азил

Белоруската спринтерка Кристина Тимановскаја го повика Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да се вклучи во нејзиниот случај. Таа изјави дека била...

Македонија1 ден

Во Македонија 72 нови случаи на коронавирус, нема починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 72 нови случаи на коронавирус, нема починати, соопшти Министерството за здравство. Направени е...

Регион1 ден

Четиригодишно девојче починало откако со часови било затворено во автомобил во БиХ

Четиригодишно девојче е пронајдено мртво во автомобил во двор на семејна куќа во БиХ. Според медиумите, причината за смртта била...

Македонија1 ден

Пендаровски непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски за утрешното чествување на Илинден

Претседателот Пендаровски е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден,...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Нема да бидеме дел од циркускиот церемонијал на Пендаровски

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од циркускиот церемонијал предводен од претседателот Стево Пендаровски, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Европа1 ден

Германија воведе нови мерки за влез во земјата, но нема кој да ги контролира

Од денес, секој што влегува во Германија, како и туристите што се враќаат дома, мора да имаат потврда за вакцинација...

Свет1 ден

(Видео) Над 200.000 луѓе на улиците во Франција против задолжителните ковид-пропусници

Француското Министерство за внатрешни работи синоќа објави дека повеќе од 200.000 луѓе се собрале низ целата земја на протести. Трета...

Европа1 ден

Медитеранот гори – се гасат пожари во Грција, Турција и Италија

Најмалку четири лица загинаа во пожарите што го зафатија медитеранскиот туристички регион Анталија и егејското туристичко место Мугла. Илјадници туристи...

Топ1 ден

Спречен меѓународен транспорт на дрога во вредност од околу 250.000 евра

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при РЦ за...

Македонија1 ден

„Зелен хуман град“: Учеството на независни граѓани во изборната трка не може да биде предмет на пазарење

Од Иницијативата „Зелен хуман град“ велат дека се крајно револтирани од последната изјава на премиерот Зоран Заев, за зголемувањето на...

Досие