Контакт

Култура

Фолклорен „Фестивал на солидарноста“ по 39. пат

Објавено пред

Денеска, на платото во ТЦ „Лептокарија“, во 20:30 часот ќе почне 39. издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал, т.н. „Фестивал на солидарноста“.

Меѓународниот студентски фолклорен фестивал се одржува од 1967 година на иницијатива на скопските студенти, а во знак на благодарност до земјите кои учествуваа во изградбата на градот Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, по што и го доби синонимот „Фестивал на солидарноста“.

Домаќин на фолклорниот фестивал е Академското културно-уметничко друштво “Мирче Ацев”, кое е со седиште на територија на општина Карпош. Оваа фолклорна манифестација има меѓународен карактер. На него ќе учествуваат, покрај уметнички друштва од Македонија, и ансамбли од Србија, Хрватска, Турција и Кипар.

Фолкорниот фестивал му претходи на Карпошовото културно лето и ја збогатува културната програма во која ќе уживаат жителите на Карпош, но и сите граѓани на Скопје.

Отворањето на фестивалот ќе биде на платото во ТЦ „Лептокарија“, а ќе се одржат концерти и во општина Гази Баба, како и во градот Велес.

Во рамките на фестивалот ќе се одржи и семинар за фолклор, кој ќе овозможи дополнително вмрежување и размена на искуства и знаења меѓу учесниците. Во рамки на семинарот ќе се одржат работилници за презентација на народните носии, чекорите во ритмичките игри, на инструментите и на мелосот.

Фолклорот претставува вистинско богатство на секоја држава, а овој фестивал овозможува  нејзина вистинска презентација и доближување на нејзините карактеристики до што поголем број граѓани.
Општина Карпош ги поканува сите заинтересирани граѓани да го проследат отворањето на фестивалот и да уживаат во неговата богата програма.

Култура

„Сонот на облачето” од 25 до 27 ноември во киното „Фросина“

Објавено пред

Седмото издание на интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето” ќе се одржи од 25 до 27 ноември во киното „Фросина“ во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје.

На првата фестивалска вечер, со почеток од 19:30 часот, пред аудиториумот ќе се претстават Luz Micro Y Punto од Шпанија со претставата „Светлосни години”.

Во продолжение на фестивалското издание, на 26 ноември, со почеток од 18 часот, најпрво ќе биде прикажан анимираниот филм со сенки „Црна школа” – проект на младиот Фабијан Штроебер од Германија, кој по проекцијата ќе одржи презентација за креативниот процес на изработка на анимацијата. Веднаш потоа, со почеток од 19:30 часот по вторпат во Скопје гостуваат Cia Quase Cinema од Бразил, овој пат со нивната најнова претстава „Циркус анимус”.

Последната фестивалска вечер, 27 ноември, ќе ја одбележи изведбата на претставата „Алиса и чудата“ во 19:30 часот од страна на организаторот на фестивалот, Театар „Сенки и облаци”.

Во текот на фестивалот ќе биде одржана и бесплатна работилница со Cia Quase Cinema и Бразилскиот културен центар. Ќе биде поставена и изложба на традиционални кинески кукли за театар на сенки изложени во умешно изработената сценографија од страна на дечињата кои ја посетија работилницата за вешто сечење хартија под водство на Институт „Конфуциј” при УКИМ и Театар „Сенки и облаци”.

А во фоајето на МКЦ ќе биде поставена инсталацијата „Облаче за секое дете” продажна изложба на светлосни објекти за кои инспирација се небото, облаците и детската слобода. Делата се креирани од реупотребени материјали во рамките на ХОПС, а средствата собрани од продажбата се наменти за децата со кои ХОПС соработува.

Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“ од Скопје, со поддршка од Министерството за култура, Градот Скопје и МКЦ.

Билетите се во продажба на билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари, како и онлајн на https://bileti.mkc.mk/.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Премиера во МНТ: Актерите за „Најкратки драми на светот“- претстава за тоталитаризмот, тегобноста, љубовта

Објавено пред

На малата сцена во Македонскиот народен театар на 25 ноември во 20 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Најкратки драми на светот“ во режија на Трајче Ѓорѓиев. Станува збор за адапатција на 10 од вкупно 40 пиеси од исто толку автори од истоимената збирка издадена пред 20 години од драматургот Јован Ќирилов. Подготовките за премиерата се интезивираат, а актерите Нино Леви, Снежана Конески Руси и Кире Ѓорески се речиси едногласни дека несекојдневниот концепт на претставата која говори за тоталитаризмот, тегобноста, љубовта бил голем актерски предизвик. Разговаравме на паузата од сценската проба, а тие се обидоа да ни ја доближат оваа жанровски несекојдневна претстава.

Според драматургот на претставата „Најкратки драми на светот“, Дарко Јан Спасов, од изборот на четириесеттина пиеси од исто толку автори, издвоени се десет кои со својата драматуршки фрагментирана форма градат една заокружена сценска слика – калеидоскоп низ кој се прави пресек на театарот од првата и дел од втората половина на претходниот век, а чии врзивни елементи се тоталитаризмот, недоразбирањето, тегобноста, зачуденоста, времето како не(с)фатлива категорија, општата состојбата на апсурд.

„Секоја од овие пиеси ‘минијатури’ на Муза Павлова, Чехов, Хајнер Милер, Каринти, Фридман и други  автори, од својата ‘неконцизна’ основа го повикуваат хуморот како спас од вртлогот на безизлезноста и гротеската што неретко е опачина на слободата“, стои во сижето на драматургот.

Во претставата играат Снежана Коневски – Руси, Габриела Петрушевска, Марија Новак, Нино Леви и Кире Ѓоревски.
Сценографското решение е на Трајче Ѓоргиев и Татјана Блажевска – Христовска, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, а изборот на музиката е на режисерот и драматургот.

Прикажи повеќе...

Култура

Новите правила предложени од Здружението на француски режисери може да доведат до суспендирање на Роман Полански

Објавено пред

Француска организација со повеќе од 200 режисери ќе предложи нови правила во врска со членовите кои се осудени или обвинети за криминални дела, особено оние од сексуална природа, што може да доведе до исклучување на режисерот Роман Ролански.

„Управниот одбор гласаше да донесе нови процедури за суспендирање на секој член кој се соочува со кривични пријави, како и да се исклучи секое осудено лице, особено за кривични дела од сексуална природа“, рече Пјер Жолив, претседател на Здружението, додавајќи дека предложените правила може да влијаат и на Роман Полански, чиј случај сè уште е отворен во САД и за кој е обвинет.

Сите случаи ќе бидат презентирани на специјален состанок на членовите кои ќе гласаат за овие предлози.

Полански (86) важи за бегалец на американскиот правосуден систем затоа што признал дека силувал 13-годишно девојче во 1977 година, а потоа ја напуштил земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија2 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија2 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија2 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет3 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет3 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија3 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија16 часа

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија19 часа

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа21 час

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија23 часа

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија23 часа

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија24 часа

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија1 ден

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија1 ден

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија1 ден

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука1 ден

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија1 ден

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа1 ден

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Досие