Контакт

Култура

Љутков: Работата на предизвиците и можностите е начин пред светот да ја раскажеме успешната македонска приказна

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешната трибина во рамките на платформата „100 отсто посветено на тебе – мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“ говореше за проблемите и предизвиците се кои се соочи по преземањето на функцијата, а кои бараа посветеност, време и квалитетни решенија сѐ со цел да се санираат последиците и да се постигнат важни решенија.

dobivaj vesti na viber

„Како последица на неефикасното и недомаќинско работење на претходната власт во текот на 7-те години управување со секторот култура, наследивме долгови за неисплатени плати, девастирани и неосигурени институции, со раководства без стратегија, без утврдени приоритети и динамика на реализација на проектите. Се соочивме и со скратени средства за програмски активности, стопирани или заглавени проекти, како и инвестиции сведени на минимум, а поради ненавремено објавување на јавната набавка за електрична енергија, Министерството за култура и туризам оваа година ќе плаќа поскапа струја“, информира министерот Љутков.

За надминување на состојбите, со ребалансот на буџетот, рече министерот, обезбедени се дополнителни средства за регулирање на долгот по основ на неисплатени плати во согласност со колективните договори на вработените во националните и во локалните установи и средства за регрес за локалните установи, средства за осигурување на институциите, за програмски активности, за намирување на долгот за континуирано функционирање на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK во НУБ, за инфраструктурни проекти за локалните самоуправи, а посветено се работеше и на почнување или продолжување на стопираните или заглавени проекти, како и на заштита и рехабилитација на нашето културно наследство.

Љутков ги истакна значењето и потенцијалот на културниот туризам и на креативните индустрии како двигатели за економски развој и глобална промоција на земјата.

„Уникатното културното, духовно и историско богатство, кое го поседуваме, со својот широк спектар е особено значајно за туристичката понуда. Креативните индустрии, пак, ги гледаме како можност за економски развој и промоција на земјата како препознатлива дестинација на културната карта на Европа и пошироко“, рече министерот Љутков.

Предизвиците и можностите што со себе ги носи туризмот, според министерот, се начинот пред светот да биде раскажана македонската приказна и ќе овозможат системско подобрување на условите во овој сектор. Во тој контекст беше истакната и соработката со германскиот тур-оператор, компанијата РСД , партнерство, кое, почнувајќи од февруари идната година, ќе донесе 35 илјади туристи од Европа годишно.

Култура

Сулејмани од Струга: Културата е најсилниот мост меѓу народите

Објавено пред

Заменик-министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, присуствуваше на свеченото затворање на фестивалот „Кенге Јехо“, кој се одржа изминативе денови во Струга.

dobivaj vesti na viber

Во своето поздравно обраќање, заменик-министерот Сулејмани ја истакна важноста на промовирањето на културното наследство преку уметнички настани како овој фестивал, кој ги зачувува вредностите на традиционалната музика, но истовремено ги зацврстува културните врски и меѓународната соработка.

„Имам чест да ви се обратам овде, покрај убавиот Дрим во Струга, на ова 34-то издание на фестивалот „Кенге Јехо“, празник на нашето културно наследство, кој ги има освоено срцата на публиката и дома и надвор од земјава.

Овој фестивал е сведоштво за нашите уметнички вредности и за обединувањето преку културата. Им се заблагодарувам на организаторите за нивната посветеност и ве уверувам во нашата континуирана поддршка, особено за јубилејното издание следната година“, изјави Сулејмани во своето обраќање.

На фестивалот учествуваа уметници и музички групи од различни земји, како: Парагвај, Турција, Бугарија, Косово, Албанија, Ансамблот на албански народни песни и ора во Република Северна Македонија, како и други друштва од Републиката.

Настанот заврши со богата уметничка програма и многубројна публика, докажувајќи уште еднаш дека културата е најсилниот мост што ги поврзува народите.

Прикажи повеќе...

Култура

Гала-концерт вечерва на Скопско лето

Објавено пред

Гала концертот на Вејчеслав Поповски под наслов „Хармонија во три стила: класика, филм и корен“, ќе се одржи вечерва, со почеток во 20:30 часот во Македонска филхармонија.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе биде збогатен со настапот на Acies Quartett – културни амбасадори на Австрија, Рихард Рикон – реномиран пијанист од Словачка, и Елена Васова – гостин-сопран

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Охридското лето се отвори, и уметноста прозборе – музиката и мајчинството во хармонија на Античкиот театар

Објавено пред

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, синоќа величествено беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ со моќните ноти на Бернштајн, Гершвин и Имери.

dobivaj vesti na viber

На сцената настапија реномираната американска пијанистка Клер Хуангчи и Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер, во програма која го одрази духот на фестивалското мото – „Трансформација на сетилата“. На репертоарот беа „Приказна од западната страна”, „Рапсодија во сино” и „Пајдушко“ од Дамир Имери во блескавата изведба на уметниците.

Дополнително изненадување на вечерта беше самата Клер Хуангчи – пијанистката настапи со целосна посветеност, иако очигледно во поодмината бременост. Со извонредна визија, уметнички израз и техничка прецизност, таа на сцената покажа што значи вистински професионализам и љубов кон музиката.

Актерот, Ѓорги Јолевски беше еден од говорниците на свеченото отворање, опишувајќи ја како знак на пркос честа да се отвори фестивалот, во време кога  уметноста е чин на отпор.

„Во време кога зборот се губи во бучавата, а мислата се потиснува од брзината, уметноста е чин на отпор – неагресивен, контемплативен. Вечерва не ја славиме уметноста затоа што е најважна, туку затоа што е неопходна“, рече актерот Ѓорѓи Јолевски, во пораката која допре до публиката. Почитуваниот актер изјави и дека живееме во време на војни, каде човечкиот живот е девалвиран, а политичката реторика е театар без катарза. Во таков свет, рече Јолевски, уметноста не е луксуз, туку нужност – апел да се потсетиме што значи да се биде човек.

Моќен говор одржа и министерот за култура Зоран Љутков, кој истакна дека уметноста се случува, се памети и се вградува во нашата колективна меморија. За фестивалот потенцира дека не е само програма, туку духовен завет, трајна врска меѓу минатото и иднината.

Охридското лето официјално го прогласи за отворено претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со инспиративни зборови за вредноста на духовното во современиот свет:

„Верувам дека овој чуден, често и бизарен свет, обременет со стравови и неправди, има насушна потреба од духовност, светлина и надеж“, потенцира Давкова.

Додаде дека Охрид е град на вековни дијалози: минатото комуницира со сегашноста, светците и свештениците со верниците, рибите со рибарите и галебите, уметниците со езерската шир, со планините и небото, домаќините со гостите… Од двата брега на езерото, инспирација црпеле првиот македонски романтичар, Константин Миладинов, но и првиот албански модернист, Лазгуш Порадеци.

Директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски најави дека во рамки на фестивалот ќе настапат повеќе од 500 уметници од дваесеттина земји од целиот свет.

Гости на вечерта беа и премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, како и министри од македонската Влада и амбасадори на повеќе држави.

Ова отворање не беше само концерт, туку чин на сеќавање, отпор и надеж. Во магичната атмосфера на Античкиот театар, музиката се претвори во светлина, во мост меѓу минатото и сегашноста. Визуелните ефекти беа во знакот на македонската и на американската традиција, но и динамичниот начин на живот, во микс со повеќеслојноста и колоритноста.

Фестивалот „Охридско лето“, кој ќе трае до 20 август, останува уметничка република, отворена за сите што веруваат дека уметноста не е луксуз, туку начин на постоење. Веќе 65 години, секој стих, нота и движење се претопуваат во охридската симфонија која го слави хуманото, убавото и вечното.

Впрочем, како и што синоќа беше истакнато, Охрид се отвора како волшебна школка, а од него излегува највредниот бисер – уметноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ23 минути

МВР со детали за пожарот во Злокуќани: опожарени шест куќи, малолетник е повреден, а неколкумина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Скупи“ во Скопје настанал пожар во кој биле...

Македонија36 минути

До крајот на август ќе бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево – Охрид, целосно во употреба во ’27 година

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево-...

Топ46 минути

Загина маж од Демирхисарско: со возилото излетал надвор од патот

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино,...

Македонија4 часа

„Пожарите беа цел на група лица што не ѝ мислат добро на Македонија, СДС, освен што е некрофилски, тој е и пиромански“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС...

Свет4 часа

Трамп: Путин зборува убаво, а потоа бомбардира сè навечер, испраќаме „Патриоти“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати ракети за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, велејќи дека тие се потребни...

Македонија5 часа

„Охридско лето без албанска култура, уште еден доказ за систематска исклученост“, велат од ДУИ

„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура...

Европа5 часа

(Видео) Авион од Пула слета во Лондон: кога повторно полета, се урна и се запали

Помал авион се урна и се запали на аеродромот во Лондон Саутенд вчера попладне. Сведоците ја опишаа експлозијата како „огнена...

Свет6 часа

(Видео) Двајца мртви и повеќе повредени во пукање во Кентаки

Две лица беа убиени, а неколку други беа ранети во серија пукотници околу градот Лексингтон вчера, објави гувернерот на Кентаки,...

Европа7 часа

ЕУ блиску до договор за санкции против Русија, се чека официјална потврда

Претставниците на Европската Унија се блиску до договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, со кој ќе се намали ограничувањето...

Свет7 часа

Пропустите на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Трамп, утврди Сенатот

„Неприфатливи пропусти“ од страна на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Доналд Трамп пред една година, утврди Комитетот...

Македонија7 часа

Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица, се чека половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Топ17 часа

11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало низ дупка во оградата кај Прилеп

11-годишно дете и маж се здобиле со тешки телесни повреди, откако попладнево нивниот автомобил излетал од експресниот пат Прилеп–Градско и...

Свет19 часа

Зеленски: 1.800 дронови и 1.200 бомби врз Украина за една недела, Русија го засилува теророт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ескалација на теророт врз цивилното население, откривајќи дека во последната недела врз...

Топ20 часа

Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед

56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро,...

Македонија21 час

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и годинава беше дел од манифестацијата „Галичка свадба“, каде што одблизу ги проследи свадбарските обичаи...

Македонија23 часа

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот од трагичниот настан што се случи на 12 јули 2025 година...

Економија23 часа

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој...

Македонија1 ден

Петрушевски: Приведени осомничени за подметнување пожари, дел поврзани со опозицијата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека последните пожари што ја зафатија околината на Скопје, според досегашните информации, не биле...

Македонија1 ден

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со...

Македонија1 ден

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа...