Контакт

концерти

Џијан Емин и Дерик Меј одржаа концерт во престижниот „Ројал фестивал хол“ во Лондон

Објавено пред

Нашиот маестро Џијан Емин и славниот диџеј Дерик Меј одржаа концерт во престижниот „Ројал фестивал хол“ во Лондон.

На 29 август Џијан Емин заедно со оркестарот „Сити оф Лондон симфонија“ настапи како диригент со Дерик Меј, чија успешна соработка трае со години на меѓународните сцени. На концертот во Лондон беа изведени композиции на Меј и на Емин за чија оркестрација се погрижи токму македонскиот истакнат уметник.

„Концертот беше дел од ‘Мелтдаун фестивал’, чиј куратор е познатиот продуцент Најл Роџерс. Настанот помина прекрасно. Оркестарот беше фантастичен, како и маестралните Сем Лик на соло пијано и Елоиз Вернер, која настапи како соло вокал. Звукот, пак, во концертната сала беше извонреден. Првпат во историјата на ‘Ројал фествал хол’ се случи еуфорија и публиката стана да танцува. Настапот помина со овации, нè викнаа двапати на бис, а критиките по концертот беа мошне позитивни“, вели Џијан Емин.

„Многу сум среќен што имавме ваква можност да одржиме концерт во еден таков престижен простор, во кој настапуваат светски имиња, диригенти, оркестри, солисти. Меѓу публиката имаше многу ѕвезди, кои јас како дете, на пример, сум ги гледал на телевизија и тоа даде дополнително задоволство. Едноставно, ова беше еден од најважните концерти што досега сум ги одржал“, вели македонскиот уметник.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Басистката Андреа Мирческа е првата жена добитник на наградата за најдобар млад џез-музичар „Златен орикс“

Објавено пред

Басистката Андреа Мирческа е добитник на годинешната награда за најдобар млад џез-музичар „Златен орикс“, доделена од „Катар ервејс“ како дел од Скопскиот џез-фестивал. Авиокомпанијата, која е традиционален поддржувач на фестивалот, ја доделува наградата за најдобар млад џез-музичар веќе трета година по ред за поддршка на младите музичари во нивните достигнувања од областа на културата.

Годинешната добитничка Мирчевска е прва жена што ја добива оваа награда откако претходните две години признанието заврши во рацете на пијанистот/клавијатурист Филип Димишковски и тапанарот Виктор Филиповски. Наградата ѝ беше врачена во вторникот на церемонијата во МКЦ клуб-ресторанот во Скопје.

Мирчевска студира џез-контрабас на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Кирил Туфекчиевски, каде што во моментот е дипломец. Иако е млада музичарка, таа веќе стекна значително искуство во џезот преку повремени настапи со групата „Летечки пекинезери“, а воедно беше дел од музичкиот фестивал во Сараево, учествуваше и во голем број концерти на „Јордан Костов трио“. Покрај редовните настапи на клупските џез-свирки во Скопје и другите градови во земјата, таа моментно е вклучена во најновиот авторски проект „Шамба“ на гитаристот Бојан Петков. Таа е исто така вклучена во многу уметнички проекти, како што се ГОДО, „Танго ритмо“, „ЗиБомб лабаво“ и „Фанки“ и други.

„Среќна сум што годинава сум добитник на оваа награда. Особено што мислам дека признанието доаѓа во време кога сè уште сум на почетокот на мојата музичка кариера, што е индикација дека го направив вистинскиот избор кога станува збор за музиката. Оваа награда ќе биде поттик да продолжам да работам на мојот сопствен развој и да понудам нови и квалитетни проекти“, изјави победникот Андреа Мирческа.

Годинешниот Скопски џез-фестивал се одржува од 17 до 20 октомври во Македонската опера и балет, МКЦ и клубот „Епицентар“. Во фокусот на годинешното издание на фестивалот ќе биде одбележувањето на 50-годишнината од германската издавачка куќа ECM Records, на која ќе настапат светски познати звучни музичари, како што се американските гитаристи Дејвид Торн и Фред Фриц со своето трио, квартетот на Анару Брам, грчкиот лирски мајстор Сократ Синопулос, бендот „Арт ансамбл на Чикаго“, триото на норвешката џез-сензација Торд Густавсен, францускиот басист Joоел Леандер и многу други истакнати музичари. На Скопскиот џез-фестивал ќе бидат претставени и еклектичниот „Оркестар на магијата“ на Џијан Емин и групата Next To Silence.

„Катар ервејс“ е национален превозник на државата Катар, на патниците им обезбедува глобална мрежа од повеќе од 160 деловни и туристички дестинации, кои се достапни преку неговиот центар во Доха. Со отворањето на својата трговска канцеларија во Скопје пред две години овие дестинации нудат патувања како никогаш порано за патници од Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Филхармонијата со дела од Дебиси, Копланд и Коларовски

Објавено пред

Филхармонијата, в четврток, 17 октомври, во 20 часот, ќе одржи концерт со наслов „Ќе се разбудам ли пак“, на кој ќе прозвучат дела од Дебиси, Копланд и Коларовски.

Насловот е извлечен од истоимениот вокален циклус на Гоце Коларовски (1959-2006), чија „Симфонија“ ќе биде дел од програмата на овој концерт. Со нејзината изведба Филхармонијата ќе одбележи 60 години од раѓањето на овој значен македонски композитор.

„Музичкиот опус на Коларовски е автентичен и препознатлив и во него доминира суптилен израз кој вешто ротира околу современата естетика изградена на интересни созвучија. Звукот во делата на Коларовски речиси секогаш е проткаен со своевидна мистика, специфична оркестрација и особен акцент на динамиката и музичкиот колорит. Симфонијата за оркестар, солист и ансамбл-баритони е негова дипломска работа и во неа може да се почувствуваат никулци на она што подоцна во своето творештво ќе го развие како автентичен музички израз и јазик“, се вели во најавата за концертот.

Како солист во изведбата на ова дело ќе настапи басот Владимир Саздовски, како и ансамблот баритони при хорот „Проарс“.

Под диригентката палка на маестро Сашо Татарчевски на овој концерт ќе прозвучи и Концертот за кларинет и оркестар од Арон Копланд во изведба на исклучителниот шпански кларинетист Пабло Бараган. Критиката пишува дека кларинетот под прстите на Бараган добива специфична сензуална боја и дека поседува силна и заведувачка техника со која му дава посебна моќност на овој дувачки инструмент.

На овој концерт Бараган ќе го чуеме како солист и во изведбата на „Прва рапсодија за кларинет и оркестар“ од францускиот композитор Клод Дебиси. Овој фантастичен композитор, чии дела имаат препознатлива структура и звучност, бил во постојан допир со природата – таа била негова вечна инспирација. Иако естетски и стилски неговиот опус има премногу допирни точки со автентичкиот концепт на импресионизмот, тој никогаш не сакал своето творештво да го става во рамка. Не сакал да го нарекуваат импресионист.

Иако „Првата рапсодија“ ја напишал за соло кларинет како нарачка на Парискиот конзерваториум, веќе една година подоцна го оркестрирал делото и тоа почнало да се изведува со оркестар. Делото е своевиден тест за кларинетот, ги истражува неговите можности и перформанси преку специфичен јазик и музичка естетика.

Прикажи повеќе...

концерти

Со претставата „Импулс #вол13“ отворена новата сезона на танцот

Објавено пред

Во Музејот на современа уметност, синоќа со изведбата на претставата „Импулс #вол13“, Скопје танцовиот театар ја отвори сезоната на танцот 2019/2020. Уникатниот амбиент, концептот и кореографиите на Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Рисима Рисимкин, во простор осмислен од визуелните уметници Матеа Мијановиќ и Ивана Мојсовска, за публиката обезбедија несекојдневно естетко доживување.

„Вечерашниот настап во Музејот на современа уметност е она што сме ние во суштина. Уметностите секогаш одат рака под рака, а оваа локација и сценографија дополнително го оплеменија првото претставување за оваа сезона. Скопје танцовиот театар повторно покажува дека има извонреден број на следбеници, млада публика, која редовно нѐ следи и ужива во нашите проекти, што претставува голем поттик за нас. Уште една возбудлива сезона е пред нас и се радуваме на вака убав и впечатлив почеток. Голема благодарност до Музејот на современа уметност за соработката “, истакна Рисима Рисимкин,

На синоќешната претстава, беа претставени три приказни преку тензичен и возбудлив танц на Анастасија Данчевска, Бобан Русески, Исидора Краљевска, Борис Богдановски, Дамла Пинар Башар, Сара Цветковска, Анастасија Данчевска, Јована Зајкова и Тереза Лазарев. Младите танчери и кореографи беа поздравени со овации, а присутните потоа ги забавуваше музиката на познатиот диџеј Soul Case.  

„Скопје танцовиот театар“ ветува богата сезона, нови оригинални продукции, гостувања на кореографи од странство, но и гостувања на театарот низ земјава и во странство. Покрај редовните активности, театарот се подготвува и за гостувањето во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз, во сезона 2020/2021. Престижниот француски театар, еден од симболите на светската културна елита, ќе биде домаќин на „Скопје танцовиот театар“ следната сезона, во која „Шајо“ ќе одбележи еден век постоење.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување на 5 нови природни реткости: Киселичка пештера, Чинар –...

Свет1 час

Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион2 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија2 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет4 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет4 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет4 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион5 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа5 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија16 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет17 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија19 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа20 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион21 час

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт22 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет22 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет23 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ23 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија24 часа

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија1 ден

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Досие