Контакт

концерти

Џијан Емин настапи во Нови Сад со проектот La Vie En Rose

Објавено пред

Македонскиот диригент и композитор Џијан Емин во неделата, 22 декември, настапи во Нови Сад, во салата на Српското народно позориште, заедно со Војводинскиот симфониски оркестар, на концертот со наслов La Vie En Rose.

Џијан Емин беше диригент на овој проект, кој на македонската публика ѝ е познат со името „Париз, те сакам“ и кој се изведе во Скопје заедно со Филхармонијата на концертот по повод Денот на вљубените пред две години.

Овој пат повторно солистка беше врвната вокалистка Миртил Мишелер од Унгарија, а ѝ се придружи актерот Иштван Короси. Програмата е составена од вкусно избрани композиции, популарни француски шансони од Едит Пјаф, Мишел Легранд, Жак Брел…

Овој настан, всушност, беше новогодишен гала-концерт, а билетите беа распродадени еден месец претходно.

„Целиот концерт помина во прекрасна атмосфера, со убава енергија, која нè следеше од првата заедничка проба со оркестарот со кој во блиското минато имам настапувано и како хорнист“, вели Џијан Емин. „Со голем број од музичарите сум пријател и беа пријатно изненадени што сега ме гледаат во улога на диригент. Миртил беше фантастична како и секогаш, блескава со прекрасна интерпретација на композициите. Трипати бевме повикани на бис, а јас на еден од тие бисови ја отсвирев композицијата ‘Фалцер’ на мелодика и заедно со концерт-мајсторот Владимир Ќуковиќ имав заедничка соло импровизација. Многу е ретко во симфониски оркестар концерт-мајсторот да има такви високи импровизаторски способности како Владимир Ќуковиќ. Огромно браво и за целиот оркестар и за бендот кој беше составен од врвни музичари од Србија, кои се дел од Биг-бендот на РТС. Концертот заврши со стоечки овации“.

Инаку, Џијан Емин подготвува два големи настана, кои ќе се одржат во февруари. Првиот е мултимедијален перформанс во големата сала на Филхармонијата за кој насбргу ќе има најава, а вториот настан ќе биде концертен заедно со триото „Ана Кап“ од Франција и музичари од Филхармонијата. Со триото „Ана Кап“, Џијан Емин веќе имаме издадено еден носач на звук, кој беше снимен во Франција пред три години. Во февруари ќе снимаат нов материјал, кој ќе имаме можност да го чуеме кон крајот на февруари.

концерти

Изведба на „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ во МОБ

Објавено пред

Моќна, уникатна и енергична балетска претстава „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“!

Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ ќе бидат изведени на 17 јануари со почеток во 20 часот. Двете постановки се специјално подготвени од реномираниот кореограф Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.

Публиката ќе има можност да го слушне прекрасното дело „Кармен“ на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин, како и „Валпургиска ноќ“ на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

„КАРМЕН“
Кармен: Мими Поп Алексова Атанасовска
Дон Хозе: Балаж Лашеи(Унгарија)
Ескамиљо: Мирослав Митрашиновиќ
Цунига: Игор Веланоски
3 жени-бикови: Христина Наќевска, Бојана Христовска, Илијана Данилов, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Валпургиска ноќ “
Ваханалка: Марија Кичевска Шокаровска
Нимфа I: Саша Евтимова
Нимфа II: Ивана Коцевска
Тројка – варијација: Игор Веланоски, Илијана Данилов, Ендру Кук
Мажи во црно: Мирослав Митрашиновиќ, Кристијан Јангос, Никола Орсо, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Прикажи повеќе...

концерти

Концертна промоција на Rush To Relax во МКЦ

Објавено пред

Вечерва во МКЦ со почеток од 21 часот ќе се одржи концертна промоција на истоимениот деби албум на Rush to Relax.
Rush to Relax е соло проект на Дамјан Маневски, некогаш дел од битолското трио Молокаи, денес тој живее и работи во Љубљана. По неколку неуспешни обиди за бенд, Дамјан се впушта во соло авантура.

Rush to Relax го преточува глобалното рокенрол наследство во топлината и интимата на домашната кујна, со растеретен DIY пристап. Готви со тоа што има: гитара, вокал, матрици и онаа тајна состојка. Иако проектот е насловен според последниот албум на Eddy Current Suppression Ring, музичкиот израз е поблизок до современите соло проекти како Itchy Bugger, Escap-ism или Васко Атанасоски.

Истоимениот деби албум (достапен на касета и дигитално) излезе во септември, во издание на Look Back and Laugh.

Вечерта ќе ја отвори Јоана Ристеска со мал концерт за класична гитара.

Билетите се достапни на билетарница и oнлајн.

Прикажи повеќе...

концерти

„Слушни! Доаѓа Новата…“ со ансаблот „Јаношка“

Објавено пред

Ансамблот „Јаношка“ од Австрија ќе настапи со оркестарот на Филхармонијата в петок во 20 часот на гала-новогодишниот концерт „Слушни! Доаѓа Новата…“. Со оркестарот ќе диригира маестро Борјан Цанев.

Музиката што ја создаваат тројцата браќа од Братислава – Ондреј, Франтишек и Роман Јаношка и нивниот роднина Џулиус Дарвас претставува колоритен контраст на нивната класична наобразба со музиката од другите жанрови – од џез и латино до поп-музика. Крајниот резултат не е само микс од стилови, туку креативна синтеза – препознатливниот јаношка-стил.

Овој ансамбл е во постојана игра со музичките познавања на публикиата, слободно комуницира со класичните теми, кои потоа ги транспонира во разни музички дисциплини, без да ја наруши уникатноста на стилот. Во нивната музика не постојат матрици, специјални формули, ансамблот „Јаношка“ спонтано креира имагинатина музика.

Нивниот стил не е само звук, тоа е музика што живее, која треба да се чуе и да се почувствува во живо.

„Сакаме нашата музика да ја придвижи публиката, да ја допре на посебен начин. Тоа е нашата цел“, вели Франтишек Јаношка, пијанистот кој има совршена контрола над секој отсвирен тон.

Брат му Роман Јаношка свири виолина и креиера експлозивни џез-импровизации. Најмладиот од нив, Одреј Јаношка, ја објаснува нивната интеракција на следниот начин:

„Секој од нас има сопствени музички интереси, преференции, омилени жанрови и стилови. Си даваме свој простор и заедно креираме музика во препознатливиот јаношка-стил“, вели Одреј Јаношка.

Тројцата браќа свират заедно со контрабасистот Џулиус Дарвас, кој исто како и нив има класична музичка наобразба.

„Сакаме да ја вратиме импровизацијата во класичната музика, која е изгубена во последните неколку векови“, вели тој.

Музичарите од ансамблот „Јаношка“ свират на сите континенти и постојано имат нови проекти. Сите што биле на нивните концерти си заминуваат од концертната сала инспирирани, полни со енергија и насмевка на своето лице.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија30 минути

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за „ТНТ“, се одложи судењето за „Тендери” во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ32 минути

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата „Габровски водопади“...

Свет1 час

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“ порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет2 часа

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно лице е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија...

Македонија2 часа

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет2 часа

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет13 часа

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет14 часа

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава15 часа

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион18 часа

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет18 часа

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија22 часа

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Европа23 часа

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет. Повредени се околу...

Македонија24 часа

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

Петар Рупески, 30-годишник од Варош, беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро...

Македонија1 ден

Пендаровски: Богојавление е потсетник материјалните предизвици да не нè оттргнат од духовните вредности

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква –...

Европа2 дена

Хари и Меган останаа без кралските титули

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги користат титулите...

Македонија2 дена

Шилегов: Тргнати се основите за панорамското тркало, добивме мост без барокни елементи

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на „Фејсбук“ објави фотографии од кои се гледа дека јавните служби од коритото на реката Вардар...

Македонија2 дена

Емил Јакимовски кој им се закануваше на две новинарки доби осумдневен притвор

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. „Осумдневниот притвор му...

Македонија2 дена

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Досие