Контакт

концерти

„Авангардни патишта“ – концерт на Дејв Вилсон (саксофон) и Ричард Валитуто (пијано)

Објавено пред

„Авангардни патишта“ е насловот на камерниот концерт на современа, експериментална музика, кој ќе се одржи во малата сала на Македонската филхармонија на 1 декември (сабота) во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за концерт на двајцата исклучителни уметници од САД – Ричард Валитуто, пијано и композиција, и Дејв Вилсон, саксофон и композиција.

Валитуто и Вилсон за овој прв заеднички настап во Скопје се одлучија да изведат програма од современи автори, меѓу кои Rebecca Saunders, Philip Cashian, John Cage, Nicholas Deyoe, како и нивна композиција под наслов Slant, која се наоѓа и на нивниот последен албум.

Фокусирајќи се на современата музика, изведувајќи ја на пијано, оргула и чембало, греми номинираниот пијанист Ричард Валитуто се смета за еден од највлијателните автори денес. Тој е солист, камерен музичар, композитор, импровизатор и фантастичен креативец, кој постојано настапува опфаќајќи ги двата брега на САД, како и во Европа. Критиката го опишува со зборовите: „буен солист“, „енергично виртуозен“, „специјалист за нова музика“ („Лос Анџелес Тајмс“), или „неговата харизма како солист која се огледува и во флексибилната умешност како дел од музички колектив, не може, а да не се забележи…“ Специфичниот вкус на Валитуто и вештата техника му овозможија да соработува со видни композитори вклучувајќи ги и Џон Адамс, Брајан Фернихо, Софија Губајдулина, Џон Харбисон, Дејвид Ланг, Џорџ Луис, Мередит Монк и Стив Рајх. Член е на Камерниот оркестар, креативниот колектив Wild Up, кој од „Њујорк тајмс“ беше прогласен за најдобар состав за класична музика во 2015. Постојано соработува со извонредниот саксофонист Дејв Вилсон од САД, како дуо „Слант“, но и со неговата сопруга и партнерка, сопранот Џастин Аронсон, изведувајќи дела од современи автори.

Дејв Вилсон е саксофонист, композитор и етномузиколог. Неговата музика вклучува дела за камерни ансамбли, оркестар и џез-состави, а има работено и во сферата на комерцијалната и филмската музика како изведувач, аранжер и композитор. Зад себе има богато искуство како музички уметник, а неговите последни албуми добија одлични оценки од публиката и од музичката критика, вклучувајќи ги In Passing (SkyDeck Music, 2017) – албум со оригинална музика за ут и кларинет / бас кларинет дуо во соработка со Гејб Лавин; потоа On the Face Place (SkyDeck Music, 2017) – со скопскиот џез- состав „CSPS“ ансамбл; и наскоро албумот „Слант“ (pfMENTUM, 2018) – дуо во соработка со пијанистот Ричард Валитуто. Во 2013 година неговата композиција Springs of a Desperate Heart беше изведена од страна на Бафало филхармонијата како дел од EarShot Readings, а во соработка со American Composers Orchestra и Jazz Composers Orchestral Institute. Настапувал и како изведувач и како автор и во Македонија, вклучувајќи ги фестивалите „Денови на македонска музика“, „Скопско лето“, со групата „Љубојна“ и со многу џез-музичари и диџеи од македонската електронска музичка сцена. Вилсон соработувал и со популарните Tears for Fears, со Дејв Стјуарт од Eurhtyhmics, со Енгелберт Хампердинк и композиторот Матео Месина. Неговите изведби го однесоа на сцените во Чикаго на World Music фестивал, Лотус фестивал, на Лондонскиот паладиум, сиднејската Оперска куќа, аранета Колисеум во Манила и низ Нов Зеланд. Во моментов, Дејв Вилсон е професор по џез-студии на New Zealand School of Music на Универзитетот Викторија во Велингтон. Докторирал етномузикологија на УКЛА, а во печат е неговата книга Gateways to Understanding Music со Тимотеј Рајс како коавтор, која треба да излезе во 2019 година.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ7 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија9 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија10 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура11 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија12 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија13 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија15 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија15 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет17 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет17 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет17 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија17 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа17 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...