Контакт

Култура

АЗАС: Владата да ја активира Комисијата за посредување во авторските и сродните права

Објавено пред

Речиси 60 организации од целиот свет, кои ги претставуваат аудиовизуелните автори и изведувачи, го искажаа нивното незадоволство и загриженоста за долгогодишното статус кво во земјата во однос на регулирањето на аудиовизуелните авторски права во земјата и неможноста Асоцијацијата за заштита на авторските и сродните права – АЗАС да почне со колектирање средства од аудиовизуелните дела.

dobivaj vesti na viber

Нивната реакција доаѓа откако до Собранието беше даден предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, со чија адаптација организациите велат дека ќе се направи суштинска и многу неуставна повреда на правата на аудиовизуелните автори и изведувачи и сите други инволвирани правни субјекти.

АЗАС е единствената македонска организација за колективно управување со авторските и сродните аудиовизуелни права во републиката во согласност со ЗАПСП, која ги вклучува авторите, изведувачите и филмските продуценти под еден покрив. Има дозвола за работа, издадена од Министерството за култура, единствена во нашата земја за колектирање нсредства од аудиовизуелните дела, уште од септември 2018 година. Членка е на најрелевантните светски и европски организации во оваа област и партнер на AGICOA. И покрај дозволата и Законот за авторските и сродните права, кој е во сила од многу одамна, АЗАС сè уште не може да почне со активна работа и со наплата само затоа што нема активна комисија за посредување во авторските и сродните права, која треба да ја одобри тарифата, а со новиот предлог-закон се предвидува во рок од шест месеци од влегувањето во сила (осум дена од објавувањето во „Службен весник“) на овој закон сите дозволи за колективно управување, вклучително и дозволата издадена на АЗАС, да престанат да важат.

„Предложената одредба е целосно погрешна и неуставна и спротивна на директивите на ЕУ за колективно управување, пред сè, затоа што веќе стекнатите законски права (дозволи) не може да се одземат. Нагласуваме, АЗАС има дозвола речиси 5 години и додека чека државата да ги исполни законските обврски за да почне со работа, државата ќе ѝ ја одземе оваа дозвола. Овој вид стекнато право (дозвола) врз основа на закон не може да престане да важи на овој начин. Ова ја прави ситуацијата за меѓународните и домашните аудиовизуелни актери тотално неприфатлива“, пишуваат организациите и асоцијациите на аудиовизуелните изведувачи од Латинска Америка, Франција, Словенија, Шпанија, Хрватска, Велика Британија, Турција, Грција, Португалија, Србија, Холандија, Швајцарија, Австрија, Зимбабве, Кенија, кои се залагаат за правата на изведувачите и нивното транспарентно, праведно и ефикасно колективно управување обезбедувајќи им на изведувачите правично учество во искористувањето на своите аудиовизуелни изведби преку границите.

И асоцијациите и здруженијата на авторите на аудиовизуелни дела во светот, од Уругвај, Чиле, Аргентина, цела Европа, па до Сенегал, Нигер и Мадагаскар, додаваат дека секоја акција насочена кон лишување на македонските режисери и сценаристи од  легитимното право да управуваат со своите дела преку одземање на лиценцата на АЗАС, нивното единствено претставничко тело, би имало далекосежни последици за овие творци како на домашно така и на глобално ниво.

„Ги повикуваме македонската Влада и нејзините релевантни комисии да размислат за нивните претходни одлуки и да ги преземат неопходните чекори и да ги активираат комисијата за посредување во авторските и сродните права за да може АЗАС да им помогне во имплементацијата на директивата за авторски права на ЕУ (2019/790) и директивата на ЕУ за онлајн-радиодифузија (2019/789) бидејќи и двете директиви имаат цел да ги модернизираат европските правила за авторски права и да им овозможат на потрошувачите, медиумските дистрибутери и на креаторите да го искористат максимумот од единствениот дигитален пазар“, повикуваат тие.

За генералниот директор на „АИПА Словенија“, кој неодамна имаше неколку средба со претставници на Секретаријатот за европски прашања, Министерството за култура, Владата и Собранието, неприфатливо е да се одолжува целиот процес на одобрување на тарифата. За Штиберник, тоа државата нема да ја чини ништо, во исто време ќе има и нови придонеси и нови работни места за доброто на Македонија.

„Тоа е голема штета, на прво место за македонските актери, автори и продуценти затоа што македонскиот филм во изминатите неколку години има одлични резултати и познат е во странство. Тоа значи дека организации како АЗАС во Македонија, во цела Европа и светот добиваат пари и во име на македонските актери, автори и продуценти, а тие пари не може да дојдат до Македонија поради моментната ситуација“, изјави Штиберник.

За Хозе Марија Монтес, директор за интернационална соработка во AISGE од Шпанија, освен важноста за заштита на правата на авторите, изведувачите и продуцентите во аудиовизуелниот сектор и обезбедувањето нивно транспарентно и ефективно колективно управување, спроведувањето на колективното управување со таквите права преку АЗАС ќе ја усогласи Македонија со воспоставените европски практики.

„Со воспоставување модерен систем за заштита и остварување на овие права Македонија може да обезбеди правично наградување, да ја зајакне правната сигурност и да ги поттикне инвестициите и соработката во аудиовизуелната индустрија. Оваа усогласеност со меѓународните стандарди ќе придонесе за растот и конкурентноста на секторот во корист и на носителите на правата и на потрошувачите“, додава тој.

АЗАС се надева дека надлежните ќе придонесат за Владата сериозно да му пристапи на ова прашање и што е можно побргу да најде начини за негово решавање со цел да се заштити поголемиот дел од македонските автори, продуценти и изведувачи и да се обезбеди фер, ефикасно и транспарентно применување и распределување на нивните колективни права.

Култура

Музичкиот ансамбл во Република Северна Македонија – Тетово добива простории за работа на трајно користење

Објавено пред

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука со којашто на Националната установа Музички ансамбл во Република Северна Македонија – Тетово, му се даваат на трајно користење, без надомест, простории кои се наоѓаат на улица „Тетово” б.б, Тетово, сопственост на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Задолжение да се реши просторното сместување на Н.У. Галерија Гостивар, формирана со одлука на Владата

Во врска со сместувањето на Н.У. Галерија Гостивар, формирана со одлука на Владата на Република Северна Македонија, по насока на претседателот на Владата, задолжено е Министерството за култура да ја разгледа постојната документација, испратена од Н.У. Галерија Гостивар до Владата и да излезе со предлог решение во врска со нејзиното трајно сместување.

Прикажи повеќе...

Култура

Заокружена серијата мурали што го отворија 19. издание на АКТО-фестивалот за современи уметности

Објавено пред

Серијата мурали во државата – акцијата со која и официјално се отвори најновото 19-то издание на АКТО-фестивалот за современи уметности, во организација на здружението Факултет на работи што не се учат – ФРУ од Скопје, е заокружена со последните два мурала во Кичево и Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во центарот на кичевската чаршија, на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“, на надворешната и на предната фасада е реализиран мурал од уметницата Ивана Самандова, во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков. Идејата зад муралот е да поттикне размислување за потребата за соработување меѓу луѓето, особено во полето на уметничките и креативните контексти/дејности.

Во соработка со ФРУ – Скопје идејата за овој мурал е делумно инспирирана од релјефот на Јордан Грабулоски, македонски академски вајар и уметник, кој го има изработено на спомен-костурницата во Кичево. Од истиот тој релјеф композициски се презема инспирацијата да се преобрази во еден поинаков контекст преку кој се нагласува хармонична соработка помеѓу луѓето (во сооднос со самата порака), но и ја доловува функцијата на домот на култура – како простор каде што се негуваат културата и уметноста иницирани од индивидуалци и групи. Кога заедно би создавале и негувале услови во кои сите би се чувствувале поддржани едни меѓу други, преку заедничката соработка би се развила и здрава потреба за творештво во заедница во која едни со други, меѓугенерациски, си помагаме и го потхрануваме нашиот заеднички и индивидуален развој.

Муралот, кој се реализира во март во Скопје, на зградата што се наоѓа на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, побуди позитивни чувства и кај соседните згради, така што резултира со уште една иницијатива за реализација на мурал како вид завршно заокружување на целиот проект и подарок кон станарите. Поткрепени со ентузијазмот на станарите во зградата и поддршка од ФРУ, уметницата Ивана Самандова во соработка со Ана Трајковска и Доротеј Нешовски реализира мурал на зградата бр. 37. На овој мурал е поставен цитат од Бертхолт Брехт, кој вели: „Наместо само да бидете слободни, создадете услови што ги ослободуваат сите!“ Со овој мурал фокусот е пренасочен на визуелни елементи со деца како симболика на реална слобода, особено во аспекти на однесување, изразување и размислување.

Преземајќи го извадокот од песната за солидарност од авторот Бертхолт Брехт, идејата е да се воспостави траен повик дека со поддршката, разбирањето и постапките на заедницата може да се создадат иницијативи и услови што ја ослободуваат истата заедница од повеќето форми на опресија и рестрикција водејќи кон поздрава и поволна состојба на живеење критикувајќи го строгиот и наметнат индивидуализам.

Серијата мурали (во Скопје, Прилеп и во Кичево), од кои два се во соработка со две јавни културни институции и уште два со две заедници по нивно барање, се темелат на концептите за солидарност, правдина, соработка и слобода, со надеж дека долго време ќе останат визуелен потсетник за неопходноста на борбата за да дојдеме до нив – со силата на заедништвото.

Прикажи повеќе...

Култура

Самостојна изложба на Камуран Горанци, „Код 4“

Објавено пред

Самостојната изложба на Камуран Горанци во објектот Чифте амам ќе биде отворена на 9. 5. 2024 година во 19 часот. Ќе бидат изложени 22 дела изработени во техниката акрилик на платно, кои се работени во периодот од 2020 до 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Сликите имаат техничка еволуција од неговите претходни изложби, како што се „Код 1“ во Келн, Германија, „Код 2“ во Галеријата на Тирана во Албанија и „Код 3“ во Галеријата на Скадар во Албанија, како и оваа самостојно конципирана „Код 4“ во Националната галерија на Република Северна Македонија обележан со софистицираност на изразните средства и обид за филозофирање.

Овој уметнички настан се одржува во центарот на Скопје, каде што ги гледаме традицијата и современата комуникација, една многу важна улога во контекст на неговата креативна индивидуалност.

Во повеќето случаи сликата е граматичка анализа, композиција, а во исто време дезинтеграција на оние алатки што историски му биле доверени на уметникот да се манифестира таму каде што креативното и животното искуство континуирано се негувале низ годините и страсно го чувале и сакале хроматското богатство.

Боите во овие композиции се пастуозни, камени, расфрлени овде-онде, што означуваат експресивна состојба. Така, во овие случаи се претставени некои апстрактни експресионистички слики, иако со рамнотежа на топлина и студ, светло и темно, придружени со чудни форми и голи бои. Во овие слики од периферијата на сферата на боите се преминува на површината, каде што техниката на реализација изгледа важна. Тие се реализираат со максимум изразни средства, цртежот оди до границите на небитието за да се нагласи присуството на вредноста на убавината во една средина во која владее хаос и динамизам.

Сите слики во оваа свечена пригода се разработени врз чувствителноста и хармонијата, кои сега се присутни и кодирани од уметничкиот аспект, конечно фиксирајќи ја неговата реалност, слики и емоции во структурите на неговите соништа. Тој комуницира со љубов во универзална слика, која се наоѓа далеку од нашето постоење, како нешто пооддалечено од непознатото до познатото, на фигуративен, едноставен и ветувачки начин.

Да се замрзнат во нив суптилните односи меѓу боите, во специфичен израз, следејќи ја побарувачката за нови, поатрактивни слики за да се интервенира во невидливиот свет, кој секогаш е проследен со граница, а кои се појавуваат како конечни експлозии на вртоглав просторот, но не како оние на универзумот. Она што те привлекува во композициската конструкција е несомнено справувањето со логичките формации.

Преку него се создаваат монументални композиции, каде што деталите и најголемите мерки се решаваат со намалување и зголемување на колористичките траги за да се видат понатамошни специфични третмани во нивните рекомпозиции.

Зени Балажи, куратор

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија13 минути

Реков дека сум доктор и дека на крај ги давам лековите: Таравари и препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија22 минути

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија33 минути

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија8 часа

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија10 часа

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија10 часа

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија10 часа

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија11 часа

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија12 часа

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија12 часа

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија12 часа

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија13 часа

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија13 часа

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија13 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...

Македонија14 часа

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија14 часа

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија14 часа

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија14 часа

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...