Култура
Актерите Дарја Ризова и Саша Ханџиќ најдобри на Интернационалните театарски средби
Актерите на камерната драма „Нема да биде крај на светот“ Дарја Ризова и Саша Ханџиќ повторно најдобри, овој пат на ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, БиХ.
На ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, Брчко, БиХ, одржани од 20.10. – 28.10.2022 година, стручното жири во состав: Жељко Митровиќ, актер; Емина Муфтиќ, актерка; Драган Деспот, актер;
одлучи наградата за најдобра млада актерка да ја додели на Дарја Ризова за улогата на Маша, а наградата за најдобра споредна улога (актер или актерка), едногласно му беше доделена на Саша Ханџиќ за улогата на Таткото, а воедно Ханџиќ е добитник и на наградата за најдобра машка улога за улогата на Вања во претставата „Куќа“.
Ова е една хармонично изградена претстава, драматуршки склопена и режисерски заокружена само со тројца актери, но до сега претставата „Нема да биде крај на светот“ се одигра на 6 (шест) интернационални фестивали каде што од секој еден освои награди: специјална награда за режија на Нина Николиќ, најдобра актерка Дарја Ризова, најдобар актер Саша Хаџиќ и специјална награда за актерката Џана Џаниќ, на фестивалот „Живи фест“, БиХ.
Дарја Ризова – најдобра актерка на меѓународно ниво на фестивалот во Бурса, Р Турција, најдобра регионална актерка на фестивалот на актерот во Коњиц, БиХ, исто така, Ризова стана и дел од историјата на ФКТ „Ристо Шишков“ како најдобра актерка за улогата на Маша.
На фестивалот „БиХ драма Зеница”- БиХ, претставата беше прогласена за најдобра претстава во целина.
Претставата до сега има добиено вкупно 11 (единаесет) награди.
Претставата е копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево.
Следната изведба е закажана на 8 ноември во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

