Контакт

концерти

Бадивуку и Кастратовиќ повторно заедно на „Охридско лето“

Објавено пред

Звучните уметнички имиња во светот на класичната музика, виолинистката Сихана Бадивуку и пијанистката Маја Кастратовиќ, по четири години повторно се вратија заедно на фестивалот „Охридско лето“, музицирајќи синоќа на концертниот подиум во црквата „Света Софија“ .

dobivaj vesti na viber

И двете поседуваат дарба да го пренесат волшепството на музичкото дело до публиката, споделувајќи ги со неа емоциите.

„Голема е честа повторно да настапиме како дуо и оваа година. Секогаш е незимерно задоволството што сме овде. Овој храм на музиката буди неверојатно силни емоции и звукот е божествен. Можноста да го споделиме нашиот свет со ценетата охридска публика има неизмерно значење за мене и Сихана“, вели пијанистката Маја Кастратовиќ.

Репертоарот со кој настапија Бадивуку и Кастратовиќ на „Охридско лето“ беше специјално одбран за фестивалот, а содржеше и дела од Клара Шуман, со што уметниците се вклучија кон одбележувањето 200 години од раѓањето на големата композиторка.

„Вечерта ја започнавме со четвртата соната од Бетовен, ја продолживме со трите романси на Клара Шуман, потоа со скерцо од Брамс. Во вториот дел изведовме соната од Цезар Франк и композиција од Родион Шедрин. Избравме програма така како што се чувствуваме сега, и тоа сакавме да го споделиме со публиката“, додава Кастратовиќ.

И впечатливата виолинистка Сихана Бадивуку, како и нејзината колешка, Маја Кастратовиќ во својата професионална биографија бележи бројни настапи на фестивалот „Охридско лето“ низ годините наназад.

„По четири години, повторно имаме заеднички рецитал со Маја. Многупати сме учествувале на фестивалот „Охридско лето“ и секогаш се сеќаваме на големите аплаузи. Со фестивалот сум врзана уште како млад уметник во рамките на Подиумот на млади и можам да кажам дека охридската публика е феноменална.Задоволството од претходните настапи на „Охридско лето“ и од вчерашниот концерт е уште поголемо бидејќи не’ следи не само домашната публика, туку и публика од целата држава и од странство. Амбиентот во кој музицираме, не’ мотивира да го дадеме нашиот емоционален максимум“, вели Бадивуку.

Двете уметници, Сихана Бадивуку и Маја Кастратовиќ музичкото образование го завршиле на престижниот Конзерваториум „Петар Илич Чајковски“ во Русија, годинава одбележуваат 25 години заедничка професионална соработка. Јубилејот го започнаа со заеднички концерти во Словенија, а по рециталот на „Охридско лето“, најавија уште неколку заеднички рецитали што би требало да се одржат до крајот на годината.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет28 минути

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет60 минути

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 час

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет2 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет2 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија3 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет3 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет3 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет6 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија7 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет7 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет12 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет13 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија14 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет14 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет15 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет16 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...