Контакт

концерти

Бетовен во изведба на тројца исклучителни солисти в четврток во Филхармонија

Објавено пред

Филхармонија ќе одржи концерт в четврток во 20 часот насловен „Бетовен #3“ на кој како солисти ќе настапат тројца исклучителни музичари – Емир Имеров- виолина (Германија), Александар Кагановски- виолончело (Швајцарија) и Ваг Папијан-пијано (Израел), со изведба на Концерт за виолина, пијано, виолончело и оркестар оп.56 од Бетовен. Диригент е Конрад ван Алфен од Холадија, а на програмата е и Серенада за дувачки оркестар од Антонин Дворжак.

dobivaj vesti na viber

Концертот за виолина, виолончело и пијано во С-дур, оп.56, познат како Троен концерт, Л.В.Бетовен (1770-1827) го напишал во 1803 година. Изборот на инструменти всушност формално го прави пијано трио и тој е едниствниот концерт кој Бетовен го напишал за повеќе од еден инструмент. Музиколозите го дефининираат како помалку брилијатен „брат“ на другите дела кои ги создал во истиот период – операта „Фиделио“, Четвртиот пијано концерт, Виолинскиот концерт и Четвртата симфонија.

Серенадата за дувачи, виолончело и контрабас во d-мол, оп.44 е камерно дело на чешкиот композитор Антонин Дворжак (1841-1904). Делото му е посветено на германскиот композитор и музички критичар Луи Елерт, кој ги промовирал неговите „Словенски танци“ во германскиот печат. Создадена е во 1878 година, а премиерно била изведена истата година под диригентската палка на композитор. Серенадата музички евоцира атмосфера на музичките изведби во замоците за време на периодот на рококо, каде што се мешале аристократијата и обичните луѓе. Напишана е во типичен „словенски“ стил (непосредно по неговитѕе „Словенски танци“), и иако во неа нема фоклорни цитати во вториот став има специфичен бохемиски танцов ритам.

Емир Имеров (Скопје, 1975) ја добива прва награда на виолински натпревар на 12 години. Во 1991 година се сели во Германија, каде продолжува да учи виолина во музичкото училиште во Менхенгладбах, а потоа студира на Музичката академија во Вурцбург во класата на Г. Зислин каде што дипломира во 2000 година.

За време на студиите учествува на натпреварот „Менделсон“ на Баварскиот колеџ за музика, на кој ја добива првата награда и двегодишна стипендија. Имеров е член на кваретот „Виртуози од Санкт Петербург“ со кој беше на турнеја во САД, Австралија, Швајцарија и Германија. Во 1998 година Имеров добива прва награда со своето трио на натпреварот за камерна музика во Тулуз, а истата година и прва награда на натпреварот за виолина во Ташкент. Продолжува со магистерски студии кај проф. Д.Гаеде, концерт-мајстор во Виенскиот филхармониски оркестар. Посетува и мастер класови кај Брон и Третјаков. Од 2004 година Имеров е прва виолина во симфонискиот оркестар во Менхенгладбах и предава на тамошната музичка академија. Држи и часови како гостин професор во Грција, Полска, Германија, Белгија и Хрватска.

Александар Кагановски е роден во Киев, Украина. Првите музички часови ги имал на пет години. Само неколку години подоцна настапил како солист, а на шеснаесет години ја добил првата награда на државниот натпревар по музика во Украина. Студиите ги продолжува на академијата за музика во Тел Авив кај проф. Узи Виесел и ја добива првата награда на натпреварот кој го организира академијата. Во 1985 година ја добива првата награда на натпревар во Израел, и од тогаш е член на Ираелскиот гудачки квартет. Од 1998 година Александар Кагановски живее во Швајцарија. Настапувал како солист на бројни фестивали во австрија, Италија, Чешка, Швајцарија, Норвешка, Русија, Франција, Германија… Како солист настапувал со оркестри во Германија, Франција, Израел, Италија, Луксембург, Белгија, Холандија, Шпанија, Чешка, Русија… Настапапувал со диригенти како Гери Бертини, Рудолф Баршаи, Дмитри Китајенко, Дејвид Робертсон, Арнолд Кац и др. Александар Кагановски е професор на Интернационалната академија во Кремона (Италија)…

Интернационалната кариера на Ваг Папијан како пијанист почнува во 1979 година откако ја добива првата награда на натпреварот во Лисабон. Веднаш почнува да настапува како солист со водечките оркестри во тогашниот СССР, како и да одржува рецитали во Санкт Петербург и Москва. Папијан дипломира на Московскиот конзерваториум во класта на познатиот професор Михаил Воскресенски. Во 1982 година Папијан продожува со едукација на конзерваториумот во Санкт Петербург во класата на легендарниот професор Илја Мусин. Во 1984 година Валери Гергиев го кани да стане диригхент на Ерменскиот филхармониски оркестар, каде што три години подоцна ќе стане уметнички директор и шеф диригент. Како диригент работел со речиси сите водечки симфониски оркестри, а исто така продолжува да настапува и како концертен пијанист. Како пијанист настапувал во Базел, Барселона, Женева, Торонто, Отава, Њујорк, како и во Јужна Америка и на Далечниот исток. Диригирал со Новата јапонска филхармонија, Израелскиот камерен оркестар, Израелската филхармонија. Како рецитален партнер на Максим Венгеров, Папијан свирел во Европа, САД и Далечниот Исток…

Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интенационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Низ изминатите години неговите соработки со Рускиот нацинален оркестар и солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден во 1963 година во Преторија. По завршувањето на своите музички студии на 26-годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио-симфонискиот оркестар и на академијата „Бетовен“ во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање под раководство на Ери Клас и Роберо Бензи.

Камерен концерт на „Бенџамин пијано трио“

Емир Имеров, Александар Кагановски и Ваг Папијан в петок во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе одржат концерт со своето „Бенџамин пијано трио“. На програмата се дела од Бетовен и Менделсон.

Традиционално и полно со ентузијазам, Бенџамин пијано трио, кое своето име го доби по кучето на виолинистот Емир Имеров е формирано во 2009 година од челистот Александар Кагановски и виолинистот Емир Имеров. Третиот член е Ваг Папијан, истакнат руски пијанисти и диригент, познат по своите настапи во виолинистот Максим Венгеров.

„На крајот од фантастичкиот концерт полн со музичка и емотивна обоеност, публиката го поздрави Бенџамин трио со стоечки овации. Триото ги изведе делата со концертна брилијантност, давајќи им нов живот со што длабоко ја импресионираа публиката“, пишува критиката за нивните настапи.

На нивните концерт Бенџамин пијано трио секогаш инсистираат да ја обединат источната и западната традиција. Триото извбедува дела од руски композитори, како и дела од виенската класика, од ромаантизмот и од другите музички епохи.
Ова трио досега настапувало во Германија, Франција, Австрија, Швајцарија, Италија, Источна Европа и Израел. Настапувале и на фестивали во Швајцарија, Данска, Македонија и во Шведска.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет10 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет11 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ12 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ12 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија13 часа

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија15 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија16 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија17 часа

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ17 часа

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија18 часа

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет18 часа

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија19 часа

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија20 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет21 час

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет21 час

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет21 час

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија1 ден

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...