Контакт

Култура

Васо Ристов е новиот директор на МОБ

Објавено пред

Професорот и продекан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, м-р Васо Ристов, е избран за генерален директор на Македонската опера и балет – Скопје.

dobivaj vesti na viber

Ристов е истакнат уметник кој зад себе има богата меѓународна професионална кариера. Има дипломирано на ФМУ во Скопје, а магистерските студии ги продолжува на музичката академија „Панчо Владигеров“ – Софија, Бугарија, а потоа и специјализација на ФМУ – Прага, Република Чешка.

Има долгогодишно искуство во менаџирање на оперска и балетска уметност, музичко сценски изведби, музички настани и натпревари. Тој е и педагог со 33 години стаж во сценско музичката дејност во Република Македонија (1998 до денес) и развивање на кадри за музичката култура во земјата и надвор од неа. Од 1986 до 2010 е вработен во МОБ како прв трубач-солист, потоа уметнички директор на Операта (2005 – 2006).

Продекан е за настава на ФМУ Скопје Универзитет „Св. Кирил и Методиј” (2016 до денес). Организира настава, испити, концерти и натпревари за млади музичари и актуелен музички селектор на фестивалот „Охридско лето“ 2018, член на Здружението на музичко-балетски педагози, претседател на асоцијација на дувачки оркестри во Македонија и член на асоцијацијата за југоисточна Европа за дувачки оркестри.

Ристов има стекнато доверба како професор на пет универзитети во Македонија и надвор од неа: Факултет за музичка уметност, Скопје, Државен универзитет Тетово, Универзитет Гоце Делчев – Штип, Универзитет во Приштина и Факултетот за уметност во Митровица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Во МНТ почнаа пробите за претставата со работен наслов „Кататонија“

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар почнаа пробите за претставата со работен наслов „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска.

dobivaj vesti na viber

Според режисерот Христов, претстои интензивен и динамичен процес, во кој преку драмскиот материјал што се обработува се отвораат повеќе горливи прашања за нашето современо општество.

Поигрувањето со драмската форма, драмската структура и специфичниот наратив, каректеристични за авторката Алис Бирч, ќе се применува и во адаптацијата на драмскиот материјал. Претставата се работи во копродукција на Македонскиот народен театар и Вондерленд театар – Скопје.

Во претставата играат: Игор Ангелов, Сања Арсовска, Верица Недеска, Дениз Абдула, Владимир Петровиќ, Јасмина Василева, Јасмина Билаловиќ и Ања Митиќ.

Како костимограф се потпишува Роза Трајческа-Ристовска, сценографското решение е на Васил Христов. Инспициент на проектот е Саво Ивановски. Премиерната изведба на претставата е предвидена за почетокот на јуни 2025 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Манифестацијата „Денови на Македонската култура во Белград – Допир на Македонија“ свечено отворена со изложба на уметникот Тодор Јовановски

Објавено пред

Во просториите на Завичајниот музеј „Жарково“ – Музеј на град Белград синоќа беше свечено отворена изложбата на слики од реномираниот македонски уметник Тодор Јовановски, со што официјално почна годинешната традиционална манифестација „Денови на македонската култура во Белград“, со наслов „Допир на Македонија“. Манифестацијата се одржува 14-ти пат во организација на Здружението „Македониум“, а под покровителство на Националниот совет на македонското национално малцинство и Министерството за култура на Република Србија.

dobivaj vesti na viber

Изложбата на Јовановски, кој со своето уметничко творештво пренесува длабоки културни и емотивни релации со Македонија, оваа година доби и хуманитарен карактер. Уметникот ја донираше својата слика „Виолинистка“ (масло на платно, 70 x 50 см, 2016), со цел приходот од продажбата да биде наменет за помош на семејствата на пациенти од Кочани кои се лекуваат во Белград. Аукцијата е отворена до 29 мај, а на затворањето на изложбата на 30 мај ќе виде врачена на купувачот.

Манифестацијата ја отвори претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, додека за творештвото на Јовановски говореше историчарот на уметноста, Здравко Вучетиќ.

Програмата на манифестацијата продолжува со следните настани:

9 мај, Академија 28 – Јубилеен концерт по повод 10 години од основањето на ансамблот „Македониум“, со учество на гости од Културно уметничкото друштво „Колан“, пејачките групи „Срма“ и „Луњина“, како и хорот на ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ од Умка. И овој настан е од хуманитарен карактер, а доброволниот билет чини 300 динари и ќе се користи за поддршка на повредените од Кочани.

15 мај, Театар 78 – Изведба на претставата „Земјата на штрковите“ од театарот „Провокација“ од Скопје, со почеток во 19:30 часот. Претставата потоа ќе биде играна и во Јабука 16 мај, и Вршац 17 мај.

22 мај, Градска библиотека Белград – Свечена академија по повод празникот на светите браќа Св. Кирил и Методиј, со гостување на Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик од Скопје.

28 мај, куќа на Ѓуро Јакшиќ – Поетска вечер и портрет на поетесата Емилија Тодорова од Австралија.

2 и 3 јуни, кино сала на Етнографскиот музеј – Филмска ревија на македонскиот режисер Љубиша Георгиевски, со избрани дела од неговиот опус, во соработка со македонската кинотека.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на нов хумористичен роман од Кацаров во „Матица македонска“

Објавено пред

Во рамките на манифестацијата „Книга во секој дом“, утре, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите Св. Климент Охридски, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на новиот хумористичен роман на Трајче Кацаров, „Романот за Чарли Офтика – Туркачот“.

dobivaj vesti na viber

Роман во кој комичните ситуации, градени преку ликовите предадени на емпатијата, љубовта, љубомората, зависта, се нижат како на филмска лента, веродостојно и нужно, притоа правејќи ја содржината лесно читлива, односно, лесно видлива.

Новото дело на Кацаров, всушност е роман за киното. За киното како празник што го следи современиот човек. Киното како инкубатор на емотивни стерсови и реакции најчесто изрзени низ извици: „Аууу! Уааа! Ејјјј! Бреее! Тууу! Пу јазк!“ Но, и антологија на случките во киното и надвор од него приредена од протагонистите во „Романот за Чарли Офтика – Туркачот’ на туѓи терети и сопствени заблуди и адвокатот, докторот по правни науки Алексеј Миро. Роман што ви овозможува читајќи да гледате, а гледаното да го видите.

„Поради големата застапеност на хумор во него, романот е забранет за оние што не знаат да се смеат, но и за оние што се смеаат до зајдување. Ако го набавите денес, смеењето ќе ви почне од вчера!“ – стои во најавата на промоцијата, на која читателите ќе можат и да поразговараат со Кацаров.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет45 минути

Новиот папа е Американецот Роберт Превост

Новиот папа е 70-годишниот Американец Роберт Превост. Тој го зел името Лав XIV. Поголемиот дел од својот свештенички живот го...

Македонија2 часа

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија3 часа

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија5 часа

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ6 часа

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија7 часа

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија7 часа

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...

Македонија7 часа

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција. „Од моментот на влез во политиката до...

Македонија8 часа

Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, заедно со...

Македонија9 часа

Филипче за можната коалиција со ДУИ и со Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со...

Македонија9 часа

30-годишник призна вина за ширење омраза: коментирал објави за Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство

Постапувајќи по поднесен обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно...

Топ10 часа

Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна...

Македонија11 часа

„Влен“: Таравари украде пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој...

Македонија12 часа

ДУИ разочарана: Преку самопонижување албанските партнери од коалицијата „Влен“ ги понижија сите Албанци

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН во власта. На јавна сцена...

Свет12 часа

(Видео) Речиси 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Регион12 часа

Вучиќ објасни по кој пат стигнал во Русија: Наместо да ја разберат позицијата на Србија, некои западни претставници испраќаат закани

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера пристигна во Москва. Вучиќ утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската...

Свет13 часа

„Њујорк тајмс“: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија...

Европа13 часа

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по...

Свет14 часа

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник се живи, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин...

Европа14 часа

Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална...