Култура
(Видео) Четири „Оскари“ за „Боемска рапсодија“, ,,Зелена книга” ја освои наградата за најдобар филм

Американската филмска академија ги додели најзначајните награди во светската филмска индустрија. Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес беше одржано 91. издание на „Оскарите“, на кое најмногу златни статуетки – дури четири – доби филмот „Боемска рапсодија“.
Рами Малек за улогата на фронтеменот на легендарната група „Квин“, Фреди Мерјкури, во филмот „Боемска рапсодија“ го доби „Оскарот“ за најдобар актер. Оливија Колман е добитничка на „Оскарот“ за најдобра главна актерка во филмот „Миленичка“. На светската музичка ѕвезда Лејди Гага ѝ припадна статуетката „Оскар“ за оригинална песна Shallow од филмот „Ѕвездата е родена“, но не успеа да ја добие наградата за најдобра споредна актерка, која сепак заврши во рацете на Реџина Кинг за филмот If Beale street could talk.
За најдобар филм на 91. издание на „Оскарите“ е прогласен филмот Green Book („Зелена книга“). Пред почетокот на „Оскарите“ како фаворит за оваа награда се сметаше Roma на режисерот Алфонсо Куарон, но тој ја доби наградата за најдобар режисер. Двата филма, „Зелена книга“ и „Рома“, добија по три „Оскари“.
Мехершал Али е награден со „Оскар“ за споредна улога во филмот „Зелена книга“ .
„Рома“ е најдобриот странски филм , а „Спајдермен“ е најдобриот цртан филм. Marvel успеа да стигне до уште три „Оскари“ благодарение на Black Panther.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.
Култура
Младите музички таленти блеснаа под сводовите на „Света Софија“

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ одржа завршниот концерт од Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика што се одржува под уметничко раководство на македонскиот виолинист Емилио Перцан и азербејџанската пијанистка Тамила Гулиева.
Виртуозното мајсторство над виолината, уметникот и професор Емилио Перцан, во текот на изминатите денови во Охрид несебично го пренесуваше на младите генерации уметници кои допрва треба да ја градат својата музичка кариера.
-Тоа е и целта на семинарот, затоа и го правиме во изминатите 13 години во Охрид и претходно три години во Хрватска. Секогаш е задоволство што крајниот концерт е овде, во црквата „Света Софија“. Годинава имаме учесници од Македонија, Србија, Словенија, првпат од Австралија, од Перу… кои се на возраст од 13 до 25 години, вели Перцан.
Семинарот постои од 2009 година. Првите три години се одржува на Истра, Р. Хрватска, а од 2014 година со поддршка на Министерството за култура на Р. Северна Македонија и на градот Охрид, продолжува да се одржува во Охрид.
Досега на семинарите учествувале повеќе од 150 ученици и студенти од многу земји во светот. На нив, исто така, редовно учествуваат педагози и изведувачи, и професионални музичари кои доаѓаат на усовршување. По завршувањето на ваквата летна музичка школа, традиционално, се организираат и завршни концерти на најуспешните учесници во рамките на фестивалот „Охридско лето“.