Контакт

Култура

Тринаесет македонски филма снимени лани ќе бидат прикажани на петтото издание на „Златна рамка“

Објавено пред

Со проширена програма, бесплатни проекции и трибини, од 20 до 22 април ќе се одржи „Златна рамка 2023“ во организација на ДФРМ.

dobivaj vesti na viber

Петтото издание на „Златна рамка 2023“, со наслов „Во наш филм“, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 20 до 22 април во Кинотеката на Македонија и во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската манифестација „Златна рамка“ веќе пет години претставува можност за публиката бесплатно да ги гледа сите македонски филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а кои се финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм. Оваа година манифестацијата е планирано да понуди вкупно 13 филмски остварувања од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни, три документарни и седум краткометражни филма.

Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги гледаат долгометражните остварувања „Снежана на крајот умира“, во режија на Кристијан Ристески, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар-Митевска, како и документарните филмови How do you define arrogance, режиран од Небојша Илијевски, „Фениксот од Кавадарци – Васил Хаџиманов“, во режија на Мишо Нетков, и „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова. Краткометражната програма ќе се одвива во киното „Фросина“, во рамките на која, в петок, на 21 април, ќе бидат прикажани „Тале и Корона“, во режија на Томислав Алексов, „Само ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска, и „Обичната Ели“, режиран од Лавинија Софрониевска. На 22 април (сабота) ќе бидат прикажани „Синиот час“, во режија на Ана Јакимска, „Си беше еднаш еден звук“ на Огнен Шапковски, „Бесценета“, режиран од Дејан Јованов, и „Соло мод“, во режија на Тамара Котевска.

Според претседателот на Друштвото на филмските работници, Игор Иванов-Изи, петтото издание на „Златна рамка“ акцентот го става на успехот на домашната кинематографија во текот на изминатата година.

„Друштвото на филмските работници како основач и организатор на оваа филмска манифестација има цел пред јавноста да ја презентира севкупната продукција во изминатата календарска година како отчет за сработените филмови поддржани од Агенцијата за филм. ДФРМ на своето редовно годишно собрание, што ќе го означи почетокот на ‘Златна рамка 2023’, ќе го избере директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера ‘Браќа Манаки’ за период од две години. ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на фестивалот ‘Браќа Манаки’, кој, почнувајќи од 1979 година, е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Оваа година во септември е планирано да се одржи 44. издание на ‘Браќа Манаки’“, истакна претстедателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи.

Уметничкиот координатор на „Златна рамка“, Ана Василевска, ја потенцира важноста на манифестацијата за публиката, која е желна за дела од домашната филмска продукција. „Златна рамка“ се создаде поради фактот што најголем број од домашните филмови не се прикажуваат на редовен репертоар во киносалите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика. Ваквиот начин на ревијално претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Исто така, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со дел од авторите што ги креирале и да учествува во дискусиите што се предвидени по секоја проекција“, истакна Василевска.

Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски, посочи дека како и минатата година, „Златна рамка“ ќе продолжи со спроведување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката, која од разни социјални ограничувања не може да ги посети киносалите.

„Водени од мотото ‘Ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас’, и оваа година на ‘Златна рамка’ ќе бидат организирани проекции во рамките на установи и институции во кои живеат или престојуваат лица што не може да одат во кино, ниту да посетат филмски фестивал или друг вид настан. Ова подразбира дека граѓаните во казнено-поправните домови, домовите за стари лица, болниците, шелтерите за згрижување, центрите за зависност и низата други институции од ваков вид, ќе имаат можност да присуствуваат на филмска проекција, која професионално ќе биде организирана и реализирана во просториите на самите институции“, вели Салковски.

Култура

Обајвен конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ за 2024 година

Објавено пред

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, го распишаа конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант.

dobivaj vesti na viber

Конкурсот е објавен денес, на 9 мај, Денот на Европа и ќе трае заклучно со 3 јуни 2024 година, до кога сите пријави и необјавени поетски збирки треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата.

Авторот не смее да биде помлад од 18 години, односно постар од 30 години заклучно со денот на крајниот рок на конкурсот и мора да биде државјанин на Република Северна Македонија. На конкурсот пријава може да поднесе исклучиво авторот.

Пријавените необјавени поетски збирки ќе ги разгледува жири-комисија од три члена, којашто најдоцна до 1 јули 2024 година до Управниот одбор на СВП треба да достави единствен предлог за добитник на наградата. Добитникот на наградата ќе биде објавен на 3 јули 2024 година.

Наградата вклучува плакета, паричен износ и објавување на печатена публикација во склоп на изданијата на СВП.

Добитникот на наградата ќе биде поканет да учествува на изданието на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга кон крајот на август 2024 година, каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“.

Поетската награда „Млада Струга“ е возобновена награда која што во минатото се избираше на Конкурс што го распишуваше Книжевната младина на Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Објавено пред

Во сабота со почеток во 12 часот ќе се одржи музички настан организиран од Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот.

dobivaj vesti na viber

Имено, во Градскиот парк, на „Школка“, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен.

„Волшебникот на пијаното“, Дино Имери, ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur – „Херојска“.

Станува збор за навистина редок настан, затоа што класичната музика не се изведува често на отворено.

Но, идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти.

Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење.

Настанот е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Култура

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија распишува награден конкурс за книжевни творби инспирирани од творештвото на Франц Кафка

Објавено пред

По повод 100 години од физичкото заминување на Франц Кафка (1883-1924), еден од највлијателните европски и светски писатели на 20-от век, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија распишува награден конкурс за книжевни творби.

dobivaj vesti na viber

Делата, напишани на македонски јазик, може да бидат во вид на расказ или есеј, а секој автор може да учествува со една творба на слободна тема, инспирирана од книжевните дела и/или животот на Кафка.

Максимална должина на секоја од испратените творби е 5 000 зборови.

Творбите да се потпишат со шифра, а на посебен лист да се пополни пријава за учество на конкурсот со следниве податоци: шифра, име и презиме, наслов на испратено дело, телефонски број, e-mail адреса и адреса на живеење.

Пријавите за литературниот конкурс да се испратат на е-адресата на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија: [email protected], најдоцна до 25-ти мај 2024 година.

По завршувањето на конкурсот, ќе бидат доделени парични награди за трите најдобри творби.

Конкурсот е без возрасни ограничувања за авторите или авторките.

Секоја непотпишана и нецелосна пријава на конкурсот нема да биде разгледана од страна на жири-комисијата, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија2 часа

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија3 часа

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија4 часа

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија5 часа

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија5 часа

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија5 часа

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија5 часа

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија13 часа

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија15 часа

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија15 часа

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија15 часа

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија16 часа

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија16 часа

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија17 часа

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија18 часа

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија18 часа

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија18 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...