концерти
Десет музички концерти во рамките на Неделата на дизајнот во Скопје
На Неделата на дизајнот во Скопје годинава ќе има десет концерти на музичари и диџеи од регионот, кои ќе настапат на сцената во потпокривот на „Јавна соба“.
Еден од ѕвездите на разновидната музичка програма годинава е српскиот музички продуцент и диџеј Марк Фанк, кој веќе настапи на отворањето на 21 ноември.
Што се однесува до овој музичко-забавен дел на Неделата на дизајнот во Скопје, вечерва настапува хрватската диско-панкатракција „Лолобригада“ со почеток во 22 часот. Групата постои 15 години, а во 2009 освојува награда за најдобар бенд на Балканот на „Ем-ти-ви Европа“. Трите албуми, Cartoon explosion, Lollobrigida Inc и „Пилула“ се исполнети со силна енергија и откачени стихови. „Лолобригада“ е единствениот бенд што 11 пати свирел на фестивалот „Егзит“, а има концерти и на најголемите фествали на Балканот.

Утре својот концерт ќе го одржи српскиот џез-состав ЗАА, кој е препознатлив по своите концерти на фестивалите „Егзит“ и „Реге Србија“. Постои 10 години, a зад него се 3 албуми – ЗАА (2010), Good Things (2011) и What About (2014). Концертот почнува во 22 часот на потпокривот на „Јавна соба“.
Во текот на фестивалот свои настапи ќе имаат и диџеите Константин, Еми Ермилова, Соул Кејс.
Неделата на дизајнот во Скопје е дело на „Јавна соба – Центар за дизајн и иновација“, во соработка со Делегацијата на германското стопанство со канцеларија во Македонија.
Активностите ќе се реализираат во „Јавна соба“ и „Лукс“, секој ден, од 10 до 1 часот, а влезот за сите посетители е слободен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

