концерти
Дуото Гелебешеви одржа концерт за четирачно пијано на „Охридско лето“
Перфекција во музичката креација донесе пијано-дуото Гелебешеви, кои синоќа одржаа концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.
Катерина Гелебешева-Костадиновска и Глигор Гелебешев на едно пијано, но со четири раце ги доловија суштинските одлики на композициите што ги изведоа, од технички, уметнички и стилски аспект.
„Не ни е првпат да учествуваме на фестивалот ‘Охридско лето’. Сме настапувале и претходно, но не со целовечерен концерт. Синоќа пред фестивалската публика се претставивме со неколку композиции. Започнавме со делото ‘Сувенири’ од Семјуел Барбер, оригинална композиција за четири раце. Ги свиревме ‘Шпанската рапсодија’ од Морис Равел, ‘Шпанија’ од Емануел Шабрие, како и шесте пиеси за четирирачно пијано од Сергеј Рахмањинов. Две композиции од синоќешниот концерт се наоѓаат на нашето второ цеде“, вели пијанистката Катерина Гелебешева-Костадиновска.
Гелебешеви настапуваат како пијано дуо од 2001 година, но се дел и од други камерни состави.
„Синоќа приредивме концерт за четири раце на пијано и програмата беше избрана за едно пијано, но четирирачно. По настапот на ‘Охридско лето’, нè очекуваат неколку концерти наесен, претежно во Скопје, а предвидени се и гостувања надвор од државата“, вели пијанистот Глигор Гелебешев.
Освен домашните настапи, пијано-дуото Гелебешеви постепено почна да ја проширува својата концертна дејност на интернационално ниво, и тоа во Франција, Холандија, Италија, Романија, Полска, САД, Хрватска, Словенија и други држави. Двајцата исклучително добри пијанисти се дел и од домашната музичка сцена. Меѓу другото настапувале и на реномираните фестивали како: „Интерфест“ и „Хераклејски вечери“ во Битола, на „Денови на македонска музика“ – Скопје, како и на „Златна лира“ – Скопје.
Во 2012 година ја добиваат наградата „Златна лира“ врачена од Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). Дуото во 2016 година го бележи и својот прв настап со Македонската филхармонија изведувајќи го концертот за две пијана и оркестар од Франсис Пуланк. Нивниот репертоар во континуитет се надградува и опфаќа дела од сите музички периоди од класиката, преку романтизмот до современата музика. Во текот на својата повеќегодишна работа дуото Гелебешеви имаат објавено и две аудиоизданија во 2008 и 2018 година кои наидуваат на одличен прием кај стручната музичка јавност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

