Контакт

Книги

„Езерска“ од Лазаров објавена во Белград

Објавено пред

Белградскиот издавач „Архипелаг“ ја објави најновата книга на македонскиот поет Ристо Лазаров во превод на српски јазик.

dobivaj vesti na viber

Поговор на белградското издание, кое доаѓа само еден месец по објавувањето на „Езерска“ на македонски, напиша академик Катица Ќулавкова, која истакнува дека ако се следи развојот на поетското творештво на Лазаров, ќе се види дека тоа речиси цело е проткаено со една тенденција да ги поврзува песните во поголема целина не само во циклуси туку и во книги“. Тоа е експлицитно покажано во неговата најнова збирка поезија „Езерска“, тематски конектирана со охридскиот географски, културен и историски простор.

„Езерска“ не е типична егземпларна поема, ама покажува стремеж да биде поема, да прерасне во поема во читателската визија затоа што нуди компактна книга: секоја песна си е целина за себе, ама припаѓа и на една виша целина, онаа на книгата.

Оваа книга со своите 49 песни алудира на многу нешта во кои се препознава македонската реалност од 21 век, доловена низ фрагменти од охридскиот природен и градски пејзаж, ритам, говор, фолклор, вклучително и апсурд.

Со други зборови, во книгата „Езерска“ се вкрстени конкретните слики на охридската стварност со општите места од македонската културна и колективна меморија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...

Европа32 минути

Полска го крена нивото на тревога, министерот за надворешни: Ова не е саботажа, туку тероризам

Полска сè повеќе станува цел на напади. По саботажата на стратешки важна железничка рута, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски...

Македонија58 минути

(Видео) „Јорданов се пишмани – Општина Штип ќе го продаде Дино паркот од 800.000 евра на приватен бизнисмен“, велат од партијата Левица

„Штипскиот Дино парк да падне во рацете на приватен бизнисмен преку јавно – приватно партнерство, односно да се издава под...

Свет2 часа

Сопругот на убиената Србинка во САД призна дека го распарчил нејзиното тело

Брајан Волш, маж од Масачусетс на судењето за убиството на неговата сопруга Ана, родена во Србија, во 2023 година, оваа...

Свет2 часа

(Видео) Читач на усни открива што рекол Илон Маск за саудискиот принц на гала вечерата: Трамп ќе полуди

Илон Маск, кој драматично ги влоши односите со Доналд Трамп пред шест месеци, сега се чини дека е повторно во...

Свет2 часа

Мамдани оди кај Трамп во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, во Белата куќа овој...

Свет2 часа

Песков: Разговор меѓу Путин и Трамп може да се организира во секое време

Телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп може да се организира во секое време,...

Свет4 часа

(Видео) Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе по ерупцијата на вулканот Семеру

Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе и им помогнаа на 170 алпинисти кои беа заглавени по ерупцијата на вулканот...

Свет4 часа

Трамп потпиша закон со кој се овластува отворање на досиејата на Џефри Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека потпишал закон со кој се овластува објавување на досиејата на Џефри Епштајн. Материјалите...

Свет4 часа

(Видео) Израелски војници се истепаа во база, снимката стана вирална

Тепачка избувна меѓу израелски војници во воена база во северен Израел, објавија локалните медиуми. Видео што кружи на интернет ги...

Македонија17 часа

(Видео) „Ги чекаме децата да се појават и да кажат ‘Каде си ма мајче?’“ – мајките на загинатите во „Пулс“ дојдоа на судењето, лути се на бранителите на обвинетите

Со гнев, тага и болка почна судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, каде животите ги загубија 63 млади луѓе....

Македонија19 часа

Пропустите кај овој човек се шокантни, со докази ќе покажеме што сѐ бил спремен да направи за профит, рече обвинителот за сопственикот на дискотеката

По повеќе од четири часа евиденција на сите присутни, попладнево почна судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со 63...

Македонија21 час

(Фото) Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња

Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња кај бањата „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане. „На 19.11.2025 година,...

Македонија21 час

(Видео) Со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ ќе се ситат и ќе земаат крвави пари, прашува таткото на загинатиот Андреј Стојанов

„Јас сум родител на едно од трагично убиените деца“, изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот...

Топ23 часа

Кривична против инвеститорот и четири лица од Општина Струга: со несовесно извршување на службената должност придонеле да биде оштетена спомен-куќата музеј „Владо Малески“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н. К. (53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено...

Македонија23 часа

(Фото) Општината ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ во Аеродром и ќе им прати фактура на сопствениците

Општина Аеродром почна со чистење на запуштениот простор кај поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром. „Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат...

Македонија24 часа

(Фото) Дали ќе трае пет месеци или пет години – никој не може да каже, рече судијката Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за „Пулс”

Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Диана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската...

Економија24 часа

Собранието ги изгласа измените на законот, ќе се плаќа ДДВ на пратките од „Тему“ и од „Алиекспрес“

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ...

Македонија1 ден

(Фото) Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра од Македонија: спречен на Табановце

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден...

Македонија1 ден

(Фото) Почнува судењето за пожарот во „Пулс”: роднините на загинатите молкум го следат пристигнувањето на обвинетите

Под силно полициско обезбедување утрово почнува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица. Покрај новинарските...