концерти
Женскиот квартет „Фрајле“ настапува во Битола
Концертната сезона во Центарот за култура во Битола годинава почна со двата концерта на Камерниот оркестар за кои се бараат билети плус, а крајот на февруари, поточно на 29, сабота, од 20 часот, ќе го означи концертот на познатиот новосадски женски квартет „Фрајле“.
Четирите дами – Невена, Јелена, Марија и Наташа, познати по својата појава и музички стил, кој се толкува како „Војводинско танго“, во 11-годишното музичко патување пропатувале половина свет со својата музикa. На листата со настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.
На 29 февруари Битола е на календарот.
Сите оние што барем еднаш гледале нивен настап, добро знаат каква енергија и какво музичко доживување ги очекува.
Овие четири вокално моќни, спонтани и шармантни дами секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции, кои го допираат срцето, и тоа трае од 2009 година.
Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, членките на „Фрајле“ се исклучителни и во обработките.
Деновиве, својот концерт во Битола преку социјалните медиуми го најавија со симпатични видеа, во кои ја пеат „Битола, мој роден крај“, а сите оние што сакаат да ги чујат четирите дами во едно шоу, на 29 февруари може да дојдат во Битола.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 19 февруари, од 16 часот, на билетарницата во Центарот за култира во Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

