Контакт

Книги

„Избрани драми“ на Плевнеш објавени во Париз

Објавено пред

Париската издавачка куќа Le Temps des cerises денеска одржа прес-конференција за француските и странските медиуми по повод објавувањето на „Избраните драми“ на македонскиот писател со меѓународно реноме, Јордан Плевнеш.

dobivaj vesti na viber

Автор на опсежниот предговор со насловот „Портрет на Плевнеш во театарот ‘Молиер'” е едно од најголемите имиња во француската литература – Жак Лекариер. Со ексклузивното издание, покрај написите од светските медиуми, како „Њујорк тајмс“, „Гардијан“, „Фигаро“, „Ле Монд“, „Сеико Шимун“, „Ал Ахрам“ итн., објавен е и едночасовен документарен филм во кој се застапени делови од триесеттина изведби на драмите во Плевнеш играни во светот.

На прес-конференцијата Патрик Вершурен најави дека ќе следуваат презентации на ова дело во поголем број градови во Франција бидејќи Плевнеш е дел од балканската трилогија („Гробот за Борис Давидовиќ“ од Данило Киш, „Казната за малиот Мирко Ковач“ и неговата драма „Среќата е нова идеја во Европа“), која беше играна во 120 театри во Франција и Европа.

Во оваа пригода беше претставена и личната честитка по повод издавањето на драмите на Плевнеш од легендарниот американски режисер Роберт Вилсон, кој се очекува в година во Watermill center да ги почне подготовките за реализација на драмата „Вечната куќа“, во копродукција со повеќе балкански театри.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

(Видео) „Останете во засолништата“ погодена породилна болница во Одеса, Киев со часови под силен руски напад

Русија изврши силен напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во Одеса, погодена...

Свет27 минути

Трамп: Непочитувањето нема да се толерира, ќе удриме посилно од кога било

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците на протестот во Лос Анџелес „имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите...

Свет14 часа

Руте: Русија би можела да не нападне во рок од пет години

Русија би можела да започне напад врз НАТО во рок од пет години, предупреди шефот на воената алијанса, Марк Руте,...

Македонија15 часа

(Видео) Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар

Владата, наместо да гради систем што треба да се грижи за здравјето на граѓаните, создава систем што го става во...

Македонија15 часа

Aлиу нов министер за здравство

Попладнево пратениците во Собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство. Алиу кој доаѓа од редовите на коалицијата...

Македонија16 часа

Даночна измама, перење пари, злосторничко здружување: кривични за 23 физички и 15 правни лица од Струмица, го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција...

Македонија17 часа

Обвинителството не докажа дека таткото на Вања го сторил делото, освен нечија перцепција дека бил чуден, нема доказ дека е вмешан, вели адвокатот Туфегџиќ

По денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на убиената...

Македонија19 часа

Приведен бизнисменот Ристо Крмзов, осомничен за финансиски криминал

Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, за кого минатата година во септември беше отворена предистрага за финансиски...

Економија19 часа

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија19 часа

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик...

Економија20 часа

Објавени повици за самовработување, за млади до 29 години грант до 10.000 евра, а за невработени над 29 години грант до 7.000 евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Селајдин Белули,...

Македонија20 часа

(Видео) Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува, скандал е да се пали пиротехника, која што е забранета, велат од СДММ

„Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Додека родителите и семејствата...

Македонија20 часа

Ослободителна пресуда за струшкиот градоначалник, Мерко законски го набавил луксузното „ауди“

Основниот суд во Струга го ослободи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој беше обвинет за незаконска набавка на луксузното службено...

Македонија22 часа

„Човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Ахмети, денес ќе се изгласа за министер за здравство“, велат од АА

„Азир Алиу, човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, прв и главен човек кој ја...

Македонија23 часа

„Влен“: Носиме промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

„Во време кога на земјата ѝ се потребни професионализам, посветеност и вистинскo претставување повеќе од кога било, „Влен“ го презема...

Македонија24 часа

Влада: Tелефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, извести Владата. „Преку...

Македонија24 часа

Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански „Пулс“

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за...

Свет1 ден

(Видео) Гувернерот на Калифорнија: Ќе го тужам Трамп за распоредувањето на Националната гарда

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во...

Свет1 ден

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг,...

Европа1 ден

(Видео) Жестоки руски напади во западна Украина, Полска ги подигна воените авиони

Полските и сојузничките авиони беа активирани рано утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна...