Контакт

Книги

Излезе новиот број на списанието „Македоника“

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македонија литера“ од Скопје деновиве го објави најновиот број на списанието „Македоника“, односно бројот 21, во кој се публикувани повеќе текстови тематски поврзани со Македонија.

dobivaj vesti na viber

Во бројот 21 познатиот славист и македонист од Германија, проф. д-р Волф Ошлис, пишува за културната историја на Македонија, со посебен осврт на медиумската култура. Драган Ѓалевски пишува за византиската дипломатија на Балканот, односно за христијанството како средство на таа дипломатија.

Владимир Јанев пишува за улогата на еснафската организација во формирањето на интелектуалната елита во Македонија во времето на османлиското владеење, како и за еврејското образование во Македонија во последниот век од османлиското владеење.

Славчо Ковилоски пишува за создавањето на легендата за Депа Каваева, а Мирче Нешовски за творечкиот профил на Асен Каваев.
Невен Радически пишува за меѓунационалните и меѓурепубличките односи во Југославија (1945 – 1955) со посебен осврт на Македонија, Александар Симоновски за активностите на странските разузнавачки служби во СФР Југославија (1965 – 1970), а Марјан Иваноски за судскиот процес против Драган Богдановски и обидите за негова судска рехабилитација.

Во рубриката за библиографија за Македонија, освен информациите за новообјавени историографски дела за Македонија, е објавена и статијата на Соња Стрезоска-Велјановска за средновековна Македонија во книгите на странски автори.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија4 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија9 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија9 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија9 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ11 часа

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ11 часа

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија11 часа

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ12 часа

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија13 часа

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија13 часа

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион15 часа

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет15 часа

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет16 часа

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...

Европа16 часа

Медведев обвини земја членка на ЕУ дека подготвува напад врз Русија

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на...

Свет22 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...

Свет23 часа

Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа, а покривите на терористичките облакодери ќе се тресат

Израел им порача на жителите на Газа веднаш да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади...

Европа1 ден

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија1 ден

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...