Контакт

Култура

Изложба „Екологија на идеи“

Објавено пред

Ви се обраќаме од името на италијанската организација „Ла Драматурџи“ по повод организацијата на меѓународната изложба „Екологија на идеи“ (Ecology of Ideas) во рамките на интернационалниот проект „Патиштата на хероите“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија во 2020 година. Во својата основа проектот се занимава со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени. Се работи за комплексен проект со времетраење од две и пол години. Покрај Македонскиот народен театар како главен партнер, во проектот се вклучени уште шест организации, од кои една од земјава (издавачка куќа „Гаврош“) и пет од другите партнерски земји, Италија („Ла Драматурџи“), Грција („Лооп Амке“), Босна и Херцеговина (Студио „Театар“), Словенија (Институт за театарска игра) и Србија („Ехо анимато“). Секоја од организациите се занимава доминантно со производство, промоција и истражување театарски и сценски форми.

dobivaj vesti na viber

19 ч – промоција на книгата за деца „Ветерната приказна“ од Ника Гавровска и изложба на илустрациите од Наташа Андонова како дел од проектот „Патиштата на хероите“. „Ветерната приказна“ припаѓа на современата книжевна фантастика. Како спој од мит и сказна, таа е и книжевна адаптација на документаристичка предлошка. Малата Верта тргнува на патување, при што ѝ се случуваат низа средби, поточно 12 луѓе, кои се книжевни огледала на 12 вистински ликови од современиот живот што живеат денес и секојдневно на свој начин придонесуваат за поубав свет.

20 ч – отворање на изложбата „Екологија на идеи“ (Ecology of Ideas). Изложбата „Екологија на идеи“ на партнерот од Италија, „Ла Драматурџи“, под кураторство на режисерот и драматург Џан Марија Черво, е идејно конципирана во три изложбени простории тематски поврзани, но концептуално се разликуваат. Имено, изложбата е комбинација од разни пристапи со цел да се обрати на различна публика и да ја комуницира еколошката криза со која се соочува современиот свет.

Изложбата ги опфаќа темите на општествена апатија и отсуство на дела, но нуди и решенија за основните прашања, како: Дали треба да ја видиме бојата на воздухот што го дишеме за да дејствуваме? Како се поаѓа од чувството на бесполезност? Како дејствуваме како поединци, а како дејствува заедницата? Што значи политичка, општествена и емоционална криза? Кои се првите чекори како уметници?

„Екологија на идеи“ е патувачка поставка. Имено, таа ќе биде отворена во Република Северна Македонија на 12 април во просториите на мултимедијалниот центар „Мала станица“ – национална галерија, а потоа патува за Италија и го завршува во Атина, Грција, а со тоа се потврдува широкиот интернационален дострел на проектот „Патиштата на хероите“ вклучувајќи во своите активности повеќе од 30 артисти.

ПР-текст

Култура

МНТ ја продолжува јубилејната прослава со меѓународни гостувања – Никола Ѓуричко, Александар Поповски, омаж за Пандур и ЦНП на роденденската програма

Објавено пред

Од

Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, минатата година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжува со одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и претстави од македонски автори, кои оставија достоинствен белег во институцијата.

dobivaj vesti na viber

Годинава пак, прославата се надоврзува на таа традиција, со ново проширување — рецентни меѓународни гостувања и настапи на светски познати уметници, како сведоштво за континуитетот и современата визија на театарот.

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познат актер Никола Ѓуричко. Афирмирана фигура во театарот, филмот и телевизијата, чија долга и успешна кариера му го отвори патот до значајни улоги на меѓународна сцена. Тој е долгорочно поврзан со Југословенското драмско позориште во Белград, каде беше постојан член на ансамблот уште од 1995 година и каде реализира бројни успешни театарски улоги, а од крајот на 2019 година живее и работи во Лос Анџелес, САД.

Ѓуричко e светски препознатлив и по улогата на Јури во хит серијата „Stranger Things“, како и во филмот „World War Z“ и други меѓународни продукции.

За неговото стенд-ап шоу вели: „Речиси три години не сум настапувал, па ми недостасуваше публиката. Имам многу нов материјал… тоа се само некои нови животни искуства и сознанија, кои сакам да ги споделам со луѓето“.

Вечерта на 30 март, Ѓуричко најавува вечер исполнета со хумор, анегдоти и лично сведоштво од меѓународната кариера.

Во продолжение на роденденската програма, на 1 и 3 април на сцената на МНТ ќе гостува Словенечко народно гледалиште Марибор (СНГ). На 1 април, публиката ќе има ретка можност да ја погледне претставата „Амадеус“, во режија на нашиот познат режисер Александар Поповски, еден од најрелевантните македонски режисери со долгогодишна меѓународна кариера — над 70 театарски претстави низ Европа, вклучувајќи Словенија, Италија, Грција, Австрија, Турција, Шведска, Данска, Англија и Германија. Од сезоната 2018/2019 тој е уметнички директор на Драмата во Марибор, каде што ја развива својата режисерска визија и продуцира значајни театарски остварувања.

На 3 април, на сцената на МНТ, гостува СНГ Марибор, со монодрамата „Безгрешна (Immaculata)“ — сценско остварување инспирирано од романот „Мариjиниот завет“, омаж на големиот и прерано починат режисер Томаж Пандур.

Финалето на роденденската програма е закажано за 4 април, кога ќе биде изведена претставата „Другата страна“ во продукција на Црногорското народно позориште од Подгорица, со што дополнително се нагласува меѓусебната соработка и културната размена во регионалниот театар.

Со оваа внимателно направена селекција на одбрани сценски остварувања, Македонскиот народен театар ја повикува публиката да учествува во разноликата прослава на уметничката традиција, театарскиот дијалог и континуитетот на една од најзначајните институции во културата.

Билетите се пуштени во продажба.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на книга за деца и претстава „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова

Објавено пред

Од

Оваа сабота (7 февруари), во рамките на фестивалот „Денови на литературата“ на „Арс Ламина“, во книжарницата на „Литература“ во „Дајмонд мол“ со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова. Илустрациите се дело на Рената Јосифовска.

dobivaj vesti na viber

Книгата е инспирирана од животот и творештвото на големиот композитор Лудвиг ван Бетовен и е првата од петте книги за деца во серијалот „Музичка кутија“, инспирирани и од Моцарт, Бах, Верди и Чајковски.

Промоцијата ќе ја води уредничката Бисера Бендевска, во форма на краток дијалог со авторката. По промоцијата, ќе се одржи мини-претстава за деца, во која ќе учествуваат авторката и диригентката Дијана Имери Илкоска, задолжена за интерпретација на музиката на Бетовен за пијано.

„Златната книга на Лудви“, како и сите книги од серијалот, не го обработува животот на композиторите, туку создава нови бајки за деца. Главниот лик, малиот Лудви, е дете кое сака книги и свири на пијано, но минува низ низа неочекувани случувања. Приказната е топла, разиграна и полна со емоции, вистинско доживување за деца и возрасни.

Издавач на книгата и на целиот сет „Музичка кутија“ е „Либи“ (дел од „Арс Ламина публикации“).

Прикажи повеќе...

Култура

Јубилеен концерт на Љубојна за 25 години постоење

Објавено пред

Од

Љубојна, една од најавтентичните македонски музички групи, оваа година прославува 25 години постоење и ја започнува 2026-та со ново големо целовечерно концертно издание во Скопје за одбележување на четврт век творештво во својот препознатлив манир кој ја позиционира групата во еден од водечките музички брендови на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Јубилејниот концерт на Љубојна ќе се одржи на 29 март со почеток во 20:00 часот, во Големата сала на Филхармонија.

Љубојна или „љубов“ и „бој“, еден од најпрепознатливите и најрепрезентативни бендови во регионот, автентично го пренесува пулсот на музичкиот бит во не само она, што се нарекува урбан, туку и светски отворен звук. Љубојна не е само популарен бренд. Таа е идеја која направи супер-саунд од една подзаборавена музика и стана јадро околу кое гравитираат многу музичари и од кое црпи младата публика. Групата твори музика, со сета нејзина страст, ентузијазам и жестина која е изговорена како универзален музички јазик, според космополитски код кој што го носи во себе.

Својата музика Љубојна ја свири страсно, со енергија на рок бенд и тоа во сите нејзини форми: нејзината изворна, класична, популарна, експериментална форма. Ја соопштува преку фантастичната вокална експресија на Вера Милошевска која заедно со Оливер Јосифовски (контрабасист, композитор и продуцент) веќе 25 години се бренд на бендот и синоним за Љубојна. Експериментирајќи и истражувајќи, Љубојна постојано ја освежува музиката одново и одново, одржувајќи го звукот модерен, моќен, кадифен, елегантен и енергичен.

Музиката на Љубојна е спој на сите експресивни и елегични чувства и звуци на радост, тага, еуфорија, интензивност, чилаут, поп, страст, фанк, соул, фолк, ориентал, стомачен танц, џез, ортодокс-гламур…

„На 29 март, во Филхармонија македонската публика ја очекува концертна вечер посветена на безвременската музика на Љубојна, во нивниот препознатлив автентичен израз, богат со емоции, магичен сценски набој и специјални гости кои наскоро ќе бидат објавени. Влезниците за концертот се достапни онлајн и во продажната мрежа на МкТикетс“, велат од Пасворд продукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет45 минути

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија1 час

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет3 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет3 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион3 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет3 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа3 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет3 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија16 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија19 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија21 час

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија21 час

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија22 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет22 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија23 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија24 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија1 ден

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија1 ден

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...