концерти
Камерен концерт на ансамблот „Г.А.П.“ во Македонската филхармонија
Baroque Treasures е насловот на камерниот концерт на ансамблот „Г.А.П.“, кој ќе се одржи овој четврток, 1 ноември, во 20 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија. Ансамблот „Г.А.П.“ е составен од врвни музички уметници кои активно настапуваат на европските и светските сцени: Емилио Перцан – барокна виолина, Ориол Ајмат Фустe – барокно виолончело и Лука Квинтавале, чембало.
Ансамблот „Г.А.П.“ ќе изведе дела од автори од периодот на музичкиот барок – Хајнрих Игнац Франц фон Бибер, Жан-Батист Бариер, Џовани Антонио Пjани и Антонио Вивалди.
Името на ансамблот „Г.А.П.“, формиран во 2012 година, доаѓа од иницијалите на италијанскиот виолински виртуоз од 18 век, Џовани Антонио Пjани (Giovanni Antonio Piani). Овој ансамбл се состои од музичари инструменталисти кои се на водечки позиции во најистакнатите европски барокни оркестри. Соработката со уметници како Викторија Мулова, Чечилија Бартоли, Даниел Хоуп, Кристоф Русе и Едита Груберова, како и настапите во концертни сали како Берлинска филхармонија,Театро Колон во Буенос Аирес, Палатата на музиката во Барселона, се само дел од искуствата што овој ансамбл ги има стекнато во досегашната кариера. Во 2012 година, ансамблот го издаде цедето насловено „Афетуозо“, кое едногласно беше оценето од критиката како „високо уметничко достигнување и како вистинско откритие“. Нивните два следни албуми исто така се оценети со највисоки оценки во светските музички списанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

