концерти
Камерниот оркестар на Македонската филхармонија со два концерта во Казахстан
Камерниот оркестар на Македонската филхармонија отпатува во Казахстан, каде што ќе одржи два концерта – во Алмати на 5 септември и во Астана на 7 септември. Гостувањето на Камерниот оркестар на МФ се остварува со логистичка поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Астана и амбасадорот Илија Псалтиров, а по повод Денот на независноста на РМ – 8 Септември.
Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе го предводи македонскиот диригент, маестро Борјан Цанев, а како солист ќе настапи концерт-мајсторот на Македонската филхармонија, истакнатата виолинистка Ана Кондратенко. На програмата ќе бидат изведени: „Дивертименто“ од Моцарт, свитата „Холберг“ од Григ, избор од двете дела „Четири годишни времиња“ од Вивалди и Пјацола, како и македонското дело „Капричо“ од Драган Шуплевски.
„Ми претставува чест и задоволство што со напорната работа во едногодишниот период и нашето внимание кон презентација на Македонската филхармонија надвор од границите на нашата држава, се разбира и како достоен репрезент на културата, да се претставиме за првпат во оваа земја Казахстан“, вели директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески.
„Исто така, среќен сум што го враќаме функционирањето на Камерниот оркестар на МФ на сцената. Тоа е навистина битен чекор напред, бидејќи од огромно значење за квалитетот на симфонискиот оркестар е функционирањето токму на Камерниот оркестар, како и на голем број камерни состави што се оформени во овој период, а се исто така составени од членови од оркестарот. Инаку, концертите во Казахстан се реализираат со помош на амбасадата на Република Македонија во Астана преку своите партнери и поддржувачи, меѓу кои и почесниот конзул во Алмати, господинот Султан Мукшаев, со помош на нашите помагатели, фирмите ‘Спорт лајф’, ‘Каптел’ и ‘Кнауф’, како и со сопствени средства на Македонската филхармонија“, вели Илиески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

