Култура
Каталонската поетеса Миреја Калафељ доби препев на македонски кај „Макавеј“

Меѓу поетските изданија на „Макавеј“ се појави стихозбирката „Ние, кои“ од каталонската поетеса Миреја Калафељ. Таа е шпанска писателка што пишува на каталонски јазик. Препевот е на поетесата и преведувачка Наташа Сарџоска, а изданието е спонзорирано од каталонскиот институт „Рамон Љуљ“.
По повод излегувањето од печат на книгата од Калафељ, Наташа Сарџоска ја опиша поезијата на Миреја Калафељ како поезија што „се занимава со теми што се многу значајни и за македонската читателска публика бидејќи се однесуваат на виталните каталонски прашања, како што се прашањето за јазикот, националната историја, признавањето и, конечно, за независноста и слободата. Нејзината поезија се развива под влијанието на поетиката на големи каталонски поети, како Жоан Маргарит. Насловот „Ние, кои“ го поставува прашањето на припадноста и на самоопределувањето. Калафељ ја следи богатата каталонска поетска традиција со изразени мелодичност, ритам и заумни аналогии. Таквата поезија би била вистинско поетско освежување за македонската книжевна сцена и би отворило нови хоризонти на читање и пишување поезија“, изјави Наташа Сарџоска.
Миреја Калафељ дипломирала хуманистика на Универзитетот „Помпеу Фабра“. Од 2016 година кодиректор е на поетскиот фестивал Poesia i +.
Авторка е на книгите „Поетики на телото“ (Galerada, 2006; награда за поезија Amadeu Oller во 2006 година и VIII меморијал Anna Dodas, 2008), „Кроеви“ (2010; награда за поезија „Јосеп Марија Лопес Пико“, 2009 година), „Толку неми жени“ (2014; награда за поезија Oliver Benvingut, 2013) и „Ние, кои“ (2020). Во 2015 година ја освоила наградата „Златно слово“ за најдобра книга објавена на каталонски за книгата „Толку неми жени“, збирка поезија што потоа е преведена и на шпански јазик. Некои нејзини песни се објавени во антологии во Аргентина, Бразил, Холандија, Обединетото Кралство, Обединетите Арапски Емирати и во Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Од јануари до јули годинава Македонија ја посетиле 730.793 туристи

За 10,2 проценти е зголемен бројот на туристите од јануари до јули годинава и нашата стратегија е Македонија да се развива како регионален туристички хаб кој комбинира економски раст, културна промоција и меѓународна видливост, порача од Крушево министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој присуствуваше на манифестацијата „Одржлива трансформација во туризмот“ за денешниот светски ден на туризмот.
-Од јануари до јули годинава Македонија ја посетиле 730.793 туристи, што претставува зголемување од 10.2 % во однос на истиот период минатата година. Кај странските туристи имаме значителен раст од 15.1 %, што ја потврдува позитивната динамика на меѓународниот интерес за Македонија како туристичка дестинација. Вкупниот број на ноќевања во овој период изнесува 1.750.979, што е зголемување од 5.5 % во споредба со претходната година. Најмногубројни се гостите од Турција, Србија, Полска и Холандија. Овие податоци јасно покажуваат дека Македонија станува сè поатрактивна туристичка дестинација, особено за странските пазари. Тоа е резултат на активните политики и промоции што ги спроведуваме, но и доказ дека туристичката слика на нашата земја се менува во позитивен правец, рече Љутков при обраќањето на манифестацијата во крушевскиот хотел „Панорама“.
Туризмот за Македонија е прашање од стратешко значење. Нашата географска положба – на крстопатот на Балканот, каде се сечат европските Коридори 8 и 10 – ни овозможува да бидеме транзитен центар, но и повеќе од тоа.
-Наша цел е патниците кои минуваат низ земјата да станат гости, а гостите да станат амбасадори на македонската култура, природа и гастрономија. Тоа е дел од нашата стратегија: Македонија да се развива како регионален туристички хаб кој комбинира економски раст, културна промоција и меѓународна видливост, порача министерот за култура и туризам Љоран Љутков.
На манифестацијата беа презентирани туристичките можности и капацитети на Крушево, а беа претставени и гастрононските специјалитети како уникатност на традицијата и на културата што привлекува посетители и туристи. Воедно, Крушево ги претстави и сите предности на природните ресурси за планински и алтернативен туризам.
Култура
15 издание на „100 Илјади поети за промена“ во Струмица

Во Струмица во сабота, 27 септември 2025 година ќе се одржи јубилејното 15. издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“. Програмата ќе биде реализирана во НУ Завод за заштита на спомениците од културата и Музеј – Струмица.
Со почеток во 19:30 часот најпрво ќе биде промовирана годинешната збирка „100 Илјади поети за промена“ и ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети, меѓу кои гостите од Унгарија, Словенија, Грција, Албанија, Косово, Србија, Бугарија и Македонија, за потоа да продолжи во 21:30 во кафе бар „Нагоре“ со ретроспективна изложба на платаите од изминатите години и концерт на хип хоп составот „Пука козметика“
На конкурсот годинава конкурираа повеќе од 200 учесници.
Култура
МОБ: Почеток на сезоната со „Реквием“ од Моцарт на 3 октомври

Остануваат уште неколку дена до свеченото отворање на сезоната 2025/2026 во Македонската опера и балет со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, најавија од Националната опера и балет.
„Ова монументално остварување повеќе од два века ја фасцинира и инспирира публиката ширум светот и се смета за едно од најзначајните и најизведувани дела во светската музичка литература. Секоја нота од „Реквием“ го носи печатот на Моцарт и ја потврдува неговата вечна музичка величина“, истакна организаторот.
Големата сцена на Македонската опера и балет, на 3 октомври, во 20 часот ќе оживее со енергијата на маестро Џанлука Мартиненги и магијата на солистите Биљана Јосифов, Николина Јаневска, Јане Дунимаглоски и Владимир Саздовски, придружени од хорот и оркестарот при МОБ.