Контакт

концерти

Македонската филхармонија од 21 мај ќе настапува во новата концертна сала

Објавено пред

Новата концертна сала на Македонската филхармонија свечено ќе биде отворена на 21 мај, со македонскиот и светски пијанист Симон Трпчески и еден од најдобрите диригенти во светот, Русинот Владимир Ашкенази.

dobivaj vesti na viber

Со Свитата бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“ од еден од основоположниците на македонската музичка култура Трајко Прокопиев, со Концертниот за клавир и оркестар бр. 3 од Сергеј Прокофјев на кој како солист ќе настапи врвниот Трпчески, како и грандиозната Петта симфонија од рускиот великан Петар Илич Чајковски, ќе почне со работа новиот дом на Македонската филхармонија.

По тој повод, во петок пред новата зграда на Македонската филхармонија се одржа прес-конференција на која се обратија Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, директорката на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ, како и концертмајсторот, виолинистот Владимир Костов.

„По цели 73 години од своето постоење, Македонската филхармонија, најстарата институција од областа на музичко-сценската дејност во РМ, конечно ќе добие свој дом. Македонската филхармонија ќе добие нова концертна сала на чиј што подиум ќе се испишува македонската музичка историја, ќе се презентираат креативните и творечките потенцијали на нашите уметници, музичари, композитори, диригенти, на странските ансамбли и гости“, рече Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Таа додаде дека Македонската филхармонија како институција која во изминатите седум децении го градеше достоинството на македонската музичка култура и го прослави името на нашата држава низ сите светски меридијани заслужува еден современ дом, концертна сала изградена по сите светски стандарди во која уметниците ќе можат на еден достоинствен начин да ги презентираат своите уметнички потенцијали кои нè издвојуваат во европскиот културен простор.

Новиот објект на Македонската филхармонија е изграден по идејното решение на архитектот Виктор Михајлов и е разработен како основен и изведбен проект од проектантската куќа Македонија проект. Се протега на површина од 12.400 метри квадратни и истиот се одликува со модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики по сите светски стандарди.

Физичката локација на оваа комплексна сала го потенцира идеалниот триаголник со институциите од областа на музичко-сценската дејност во нашата држава кои се наоѓаат во непосредната близина на Македонската филхармонија, а тоа се Македонската Опера и Балет и Факултетот за музичка уметност.

Новиот објект располага со две сали, голема сала со капацитет 1.000 места и мала, повеќенаменска сала со капацитет од 310 места од кои 168 се фиксни седишта, 110 се телескопски и 32 се мобилни седишта.

Големата сала располага со најсовремени сценско технолошки системи што објектот го позиционираат во врвот на објектите од овој тип. Материјалите кои се употребени во големата сала и архитектонската пластика овозможуваат врвна акустика.

Во составот на големата сала е содржано и студио со режија, опремено со комплетна, современа аудио и видео техника која ќе се користи за продукција и снимање на музичките настани. Во објектот се обезбедени сите предуслови за подготовка на програмата на институцијата, изградени се посебни простории за вежбање на солистите и индивидуалните групи, како и придружни и административни простории, сите функционално поврзани на три нивоа. Објектот поседува и кафетерија, музичка продавница и паркиралиште за вработените.

Министерката за култура истакна и дека е набавена и комплетно нова опрема за музичарите, столчиња во зависност од типот на инструментот, стативи и држачи за инструментите, посебни шкафови за одлагање и чување на инструментите, држачи за партитурите и светлосни тела за истите, а во тек е и набавка на нов инструментариум (оргули, концертно пијано, харфа, контрабаси, удирачки инструменти и друго) со што ќе се овозможи поквалитетна изведба на музичките дела од македонската и светската литература.

„Кога нешто толку долго се очекува, и адреналинот е поголем. Концертната сала е навистина прекрасна и е единствена во регионот специјално наменета само за филхармониски оркестар. Направена е по сите светски стандарди на што сме особено горди. Досега работевме во неповолни услови, свиревме на стари инструменти, во простор со лоша акустика. Сега, освен нова сала, ќе имаме и нови инструменти, а и со новата акустика, звукот на оркестарот ќе даде еден поинаков сјај. Иако, признавам, не беше лесно да се справиме со она што не очекува, но знаеме дека ќе влеземе во врвен објект и дека почнуваме нова музичка историја“, рече директорката на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ.

Таа додаде дека новата сала на Македонската филхармонија ќе биде наменета за сите музички уметници од земјава, на сите граѓани, на сите странски уметници и ансамбли.

Концертмајсторот Владимир Костов, од името на музичарите од Македонската филхармонија, рече дека се горди што ќе бидат дел од вој историски чин, затоа што првпат во Македонија се создава вакво нешто.

„Во текот на нашето уметничко делување, сме настапувале и во странство и секогаш сме замислувале како би било и ние да свириме во концертна сала каква што доликува на еден филхармониски оркестар. Како би звучеле сите програми кои што ги свириме во една убава концертна сала. Сега сонот стана реалност. Имав прилика да влезам во новиот објект и сега знам дека станува збор за нешто совршено, затоа што секој детал при изградбата беше под надзор. Сега ќе имаме одлична акустика, гардероби, простории за да вежбаме, нормални хигиенски услови, паркинг… Моите колеги со нетрпение очекуваат да го отсвират првиот тон“, истакна Костов.

Картите за концертот со кој свечено ќе се отвори новата концертна сала ќе бидат пуштени во продажба од 20 април. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија2 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет2 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет3 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет3 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет4 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа4 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет4 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет4 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет16 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија16 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија17 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија18 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ21 час

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија23 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ23 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија23 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија23 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија1 ден

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...