концерти
Концертна промоција на албумот „Крик и прашина“ од Сашко Костов во МКЦ
Во салата „25 мај“ во МКЦ, на 20 април (сабота), во 21 часот, ќе се одржи концертна промоција на новиот албум на Сашко Костов со наслов „Крик и прашина“.
Сашко Костов со овој албум отвора ново поглавје во неговото истражување на музиката, се вели во соопштението од МКЦ.
„Осумте песни – ‘Прашина’, ‘Еј, еј’, ‘Ништо посилно’, Living, ‘Неонски хаос’, ‘Еве ти сон’, ‘Здив’ и ‘Последна’ – ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн со разни предизвици, и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања“, додаваат од таму.

Албумот „Крик и прашина“ се оценува како оригинална, автентична, емотивно-експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија.
Целта на Костов била самостојно да се отсвират речиси сите инструменти на албумот, со текстови на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска.
Славчо Пеев, Антонија Арангеловиќ свират на целиот албум, а Михаил Парушев, Бојан Петков – Шамба, Анета Качуркова, Александар Ристовски – Принц, Огнен Анастасовски – Окац, се појавуваат како гости во по една песна.
На промоцијата Костов ќе свири со нов бенд составен од него на вокали, гитара, семпелер и удиралки, Дамјан Данев – тапани, Марио Симоновски – гитара, Кире Ацевски – бас, како и Симон Облешевски и Мартин Џорлев на клавијатури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

