концерти
Концерт на Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ и хорот „Драган Шуплевски“ на ФМУ
На 24 декември оваа година (вторник) во фоајето на Националната опера и балет со почеток во 19 часот ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ и хорот „Драган Шуплевски“ на ФМУ – Скопје.
Во двата ансамбла членуваат студентите на оваа прва музичка високообразовна институција во Македонија, а „Солисти на ФМУ“ со овој концерт одбележува 20 години од своето постоење.
Со настапот на оркестарот и хорот ќе раководи маестро проф. м-р Сашо Татарчевски, во чија богата уметничка кариера се настапите со реномирани домашни и странски оркестри и хорови, како и многубројни меѓународни награди.
На програмата се Concerto grosso op. 6 No. 8 (Концерт за Божикната вечер) од Арканџело Корели и Миса за изгрејсонцето од современиот норвешки композитор Ола Јеило.
Влезот на концертот е слободен.
Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ е основан по иницијатива на проф. Велко Тодевски, а својот промотивен концерт го одржа на 28 декември 1999 година. Составен од избрани студенти на гудачкиот оддел на Факултетот за музичка уметност – Скопје, oд своето основање до денес оркестарот континуирано остварува многубројни успешни концерти во Македонија и странство. Со оркестарот изминативе години раководат проф. м-р Борјан Цанев и проф. м-р Сашо Татарчевски. На репертоарот на оркестарот е музиката од сите епохи, вклучително и премиерни изведби на дела од македонски современи композитори.
Хорот „Драган Шуплевски“ на ФМУ – Скопје го добива името во 2002 година во чест на долгогодишниот раководител и диригент, проф. Драган Шуплевски. Хорот учествува на меѓународни фестивали, одржува концерти на духовна музика, а во последната деценија под раководство на проф. м-р Сашо Татарчевски освојува повеќе награди на меѓународни хорски натпревари во Полска, Италија, Бугарија и во Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

