концерти
Концерт на „Камерно дуо“ во Софија
Концертот на „Камерно дуо“, составено од музичарите Арјана Куриу Груби (пијано) и Блерим Груби (виола), ќе се одржи во КИЦ на Република Македонија во Софија со почеток во 18:30 часот.
Арјана Куриу-Груби е родена во Тетово во 1971 год. Дипломирала на приштинската Музичка академија во 1994 година, во класата на проф. Лејла Пула-Хаѓиу. Во 2011 година во Скопје ги завршила постдипломските студии во класата на проф. Тодор Светиев. Од 1994 година е редовен професор на Факултетот на уметности, отсек Музика, во УШТ –Тетово, каде што го предава предметот Пијано.
Има бројни активности со своите ученици по пијано. На учествата на државните и интернационалните натпревари има добиено први, втори или трети награди.
Пијанистката Арјана Куриу-Груби има многубројни заеднички настапи со виолистот Блерим Груби во Република Македонија и во странство.
Блерим Груби е роден во Скопје, во 1965 година. Во родниот град ги добива своите први музички познавања, а во 1989 година, на скопскиот Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј“ дипломира во класата на проф. Лубомир Господинов. На истиот факултет, под менторство на проф. Лубомир Господинов, ги завршува и постдипломските студии. Има студиски престој во Италија во годините 1994 и 1995, во Академијата Chigana во Сиена.По завршените студии почнува со работа во Македонска филхармонија.
Блерим Груби едновремено ја развива својата солистичка дејност и учествува во камерни состави. Има многубројни настапи на фестивали во блиските балкански земји, но и во Италија, Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Норвешка, Јапонија и САД
Актуално е професор на Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот во Приштина, солист е на Косовската филхармонија, гудачкото трио „Косова“, ансамбл „Бахус-Скопје“.
Концертот е дел годишната програма на КИЦ на Република Македонија во Софија и е поддржан од Министерството за култура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

