Контакт

Култура

Концерт на Филхармонијата со Табаков и перкусионистката Колева од Бугарија

Објавено пред

В четврток, 1 февруари, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот „Чистина“, на кој како солистка ќе настапи перкусионистката Татијана Колева (Холандија/Бугарија), а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концерт за маримба, вибрафон и тапан од Емил Табаков, кој ќе биде изведен премиерно, и Симфонијата бр. 2 во Де-дур од Лудвиг ван Бетовен.

dobivaj vesti na viber

Покрај диригентската кариера, Емил Табаков се издвојува и како еден од најинтересните и најплодни бугарски композитори. Автор е на многубројни концерти за разни инструменти, на дела разни по форма, за симфониски оркестар и за други формации. Автор e на девет симфонии, концерти за оркестар, концерти за разни инструменти, „Реквием“, камерни и соло композиции. Повеќето се нарачани од меѓународни фестивали и музичари. Неговите дела се издадени од Naxos, Gega, Balkanton и често се изведуваат во Бугарија, Германија, Португалија, САД, Јапонија, Финска, Франција, Австрија, Турција и др. Во својата музика Емил Табаков настојува да се фокусира на развојот на динамиката и на структурниот материјал. Критиката го дефинира како композитор што создава музика што се движи. Неговите дела ретко се движат во просторот на индивидуалното созерцание и спокој, тие речиси секогаш се фокусирани напред во времето. Табаков создава дела во кои ја презентира својата впечатлива композиторска техника, со која го развива тематскиот материјал, претворајќи го во музика на тези и антитези, на кулминации и падови. Музиката на Табаков е полна со контраст, но воедно, тој создава дела што може да ѝ се покорат на тишината, со прекрасно отсликани звучни пејзажи. Табаков ги сака метаморфозите, посебно во оркестарскиот звук. Во секое оркестарско дело тој виртуозно го третира звукот во оркестарот. Концертот за маримба, вибрафон и тапан е напишан во 2015 година, а премиерно е изведен две години подоцна со Камерниот оркестар на Габрово. Премиерната изведба била со перкусионистот Мирослав Димов, а делото се извело под диригентската палка на маестро Табаков.

Изведувано е и во Варна и во Софија со оркестарот на конзерваториумот и со ансамблот „Софиски солисти“. Солист на овие изведби на концертот бил Мирослав Димов. На македонската премиера на ова дело првпат овој концерт ќе го свири холандската перкусионистка со бугарско потекло – Татијана Колева. Концертот има класична триделна форма (брз, бавен, брз став), во кои Табаков му дава простор на солистот да ги покаже своите изведувачки перформанси. Во трите става доминира секој од инструментите кои имаат солистичка делница.

Ова дело на Табаков е инспирирано од бугарскиот фолклор, од традиционалните мелодии и ритми. Во него има одлични музички идеи кои композиторот маестрално ги развива преку впечатлив колорит и структура.

Симфонијата број 2 во Де-дур, опус 36, Лудвиг ван Бетовен ја напишал во време на голема лична криза, кога се соочувал се сериозни проблеми со ушите и кога во голема мера почнал да го губи својот слух. Во тој период престојувал во Хеилигенштад, село во близина на Виена, и во писмо до своите браќа Карл и Јохан напишал: „Како да се соочам со губење на сетилото, кое, за разлика од другите, кај мене мора да биде перфектно? Сетило што го поседував со полн капацитет! Колку понижувачки е кога некој што седи до мене може да ја чуе флејтата во далечина, а јас не можам да слушнам ништо“.

Иако се соочувал со тешка лична криза, Симфонијата број 2 не ја рефлектира фрустрацијата што се чувствува во писмото што го напишал до своите браќа.

Напротив, напишана е во сончевиот Де-дур, полна е со живот, елан и енергија. Одвреме-навреме оваа позитивна атмосфера е нарушена од брутални сфорцанда и драматични промени во динамиката. Емотивниот период низ кој поминувал се провлекува само како сенка низ ова маестрално оркестарско дело – како облак кој набргу го разбива ветрот и сонцето повторно излегува со својот полн сјај. Симфонијата е полна со енергија, комичност, со интензитет, кој во ниту еден став не попушта.

Култура

Поетски портрет на Веле Смилевски во Битола

Објавено пред

Во Културно-информативниот центар, во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола, утре (14 мај) во 12 часот ќе се одржи портрет на поетот Веле Смилевски.

dobivaj vesti na viber

За творештвото на Веле Смилевски ќе зборуваат Милица Радевска и Симона Ристевска, а музичката придружба е на Влатко Симоновски и Тамара Василевска. Стихови од творештвото на поетот ќе читаат гиманзиски ученици од средното училиште „Таки Даскало“, кое утре го одбележува својот патронен празник.

Веле Смилевски основно и средно образование заврши во Битола. Годинава се одбележува неговиот јубилеј, 75 години живот и 50 години творештво. По тој повод неодамна, во рамките на годишната програма на министерството за култура, излезе од печат избор од неговото творештво под наслов „Кула Вавилонска“

Прикажи повеќе...

Култура

Доделено Гран при на „Остен биенале Скопје 2024“ на Микеланџело Пистолето

Објавено пред

На 11 мај 2024 (сабота) „Остен арт“ – Скопје му ја врачи официјалната награда Гран при за животно остварување на „Остен биеналето Скопје 2024“ на еден од најголемите уметници на денешницата – Микеланџело Пистолето.

dobivaj vesti na viber

Според желбата на Пистолето да биде мотив за поврзување и обединување на луѓето и институциите во регионот, чинот на врачување се одржа во Музејот на современата уметност во Белград како дел од програмата во рамките на неговата самостојна изложба „Превентивен мир“. Официјалното Гран при – скулптура од Петар Хаџи Бошков, на маестро Пистолето му ја врачи Корнелија Конеска, извршен директор на „Остен Скопје“.

Настанот беше организиран во соработка со Музејот на современата уметност на Белград, Србија, „Зеринтија“ – Асоцијација за современа уметност (https://bit.ly/4acredW) Рим, Италија и Марио Перони.

Доделувањето на највисоката награда предвидена во рамките на „Остен биенале Скопје 2024“ е најважниот настан од годишната програма на Биеналето, која почна со изложбата „Тркало на времето“ од Марко Бањоли, Италија (23 април – 5 мај 2024) во НГМ – Чифте амам, со која се најави Италија како земја во фокус и континуирано се одвива со самостојни и групни изложби во Галеријата „Остен“.

Прикажи повеќе...

Култура

„Заспаната убавица“ од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Објавено пред

Безвременскиот, волшебен класичен балет „Заспаната убавица“, преточен во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски, ќе се изведе на 15 мај со почеток во 20 часот, во рамките на меѓународниот фестивал 52. Мајски оперски вечери.

dobivaj vesti na viber

Диригент на претставата е гостинот од Египет, Најер Нагуи, главен диригент на оркестарот на операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло-дизајн Милчо Александров, концерт-мајстор Јане Бакевски, соло виолина Климент Тодороски, а соло виолочело Кирил Јосифов.

Во главните улоги ќе настапат балетските ѕвезди од Софиската опера и Балет: Марта Петкова и Никола Хаџитанев, добитници на голем број престижни награди и признанија. Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и Балет.

Вечната борба помеѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски, ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија6 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ7 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија10 часа

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија10 часа

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија11 часа

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет12 часа

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија14 часа

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија14 часа

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија14 часа

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет15 часа

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет15 часа

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет15 часа

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет16 часа

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...

Свет16 часа

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54...

Свет16 часа

Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија, 17 се водат исчезнати

Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области...

Македонија1 ден

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија1 ден

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија1 ден

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ1 ден

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...