концерти
Концерт со пијанистот Франческо Тристано
Оркестарот на Филхармонија в четврток во 20 часот ќе одржи симфониски концерт насловен „Кругови“ на кој како солист ќе еден од најкреативните пијанисти – Франческо Тристано од Луксембург, под диригентската палка на Џијан Емин.
На репертоарот се Kоцертот за пијано бр. 1 во де-мол од Бах, 4 фрагменти од „Пијано кругови“ за пијано и гудачи од Франческо Тристано и Фантазија на тема од Томас Талис од Вилијамс.
Исклучителната структура на концертите за пијано на барокниот маг – Јохан Себастијан Бах (1685–1750) ги прави безвременски, актуелни и популарни кај изведувачите, но и кај публиката. Иако се оригинално напишани за чембало, овие концерти многу често се изведуваат и на пијано.
Во 2017 година Франческо Тристано почнува соработка со „Сони класикал“, фокусирајќи се на својот афинитет да создава и да снима свои авторски дела. Иако во тој период сè уште активно настапува на светските музички сцени изведувајќи електронска и експериментална музика на фестивалите за електронска музика, но и во концертните сали, тој повторно му за враќа на пијаното како алатка за креација. Го создава албумот „Пијано кругови“ (PianoCircleSongs) – колекција од песни во кои Тристано го евоцира својот интерес кон творештвото на француските импресионисти. „Го сакам ритамот, го сакам константниот импулс. Но, музиката во ‘Пијано кругови – циклуси’ е спротивна. Таа е интимна и мелодична, и во голем дел инспирирана од моите деца. Тие ме инспирираа да трагам по понежна фаза во третманот и создавањето музика за пијано“.
Ралф Воган Вилијамс (1872–1958) е еден од најзначајните композитори на 20 век, заслужен за подемот на британската музика. Пишувал музика под влијание на англискиот фолклор и тудорската полифонија, создавајќи дела во типичен дух и естетика на земјата во која бил роден. „Фантазија на тема од Томас Талис“ е дело за гудачки оркестар, создадено во 1910 година и изведено истата година во Глочестерската катедрала. Вилијамс ја диригирал изведбата.
Билетите се веќе достапни и можат да се резервираат на тел: 02 / 3238 182 и да се купат онлајн на www. filharmonija.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

