Контакт

Култура

„Луѓето од долината Омо” – изложба на Киро Урдин во Романија

Објавено пред

Европската турнеја на изложбата на фотографии на нашиот еминентен мултимедијален уметник Киро Урдин, продолжува во Бузау, Романија.

dobivaj vesti na viber

Тука, во новиот дел на Окружниот музеј, од 20-ти ноември романските љубители на уметноста ќе можат да уживаат во уметничките фотографии продуцирани од Урдин вдолж реката Омо, на југот на Етиопија, за време на неговите чести патувања на црниот континент.

Во најавата за „Луѓето од долината Омо”, како што е насловена изожбата, директорот на музејот, Думитру Костаке, ќе забележи: „Овој изложбен проект му припаѓа на извонредниот македонски артист Киро Урдин кој, си постави за цел да изненади со автентичноста на човечкото битие, недопрено од сите вознемирувачки елементи на развиеното општество, кои тежат овие зони на човечкиот хабитус да ги монополизира, во борбата за нови ресурси”.

Изложбата ќе трае до јануари 2025 година, курирана е од Теа Теохаревска а комесар е Јане Теохаревски.

Култура

Светската тенорска мегаѕвезда Пласидо Доминго во Скопје

Објавено пред

„Прагма продукција“, во копродукција со Македонската опера и Балет, го најавува спектаклот што ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 14 март 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми-музички награди, Пласидо Доминго, првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14 март 2025 година во арената „Борис Трајковски“.

Да се присуствува на оваа музичка магија не е само привилегија, туку и уметнички мевлем за сите сетила.

Пласидо Доминго го заслужи своето место во аналите на операта со ѕвездената кариера, која се протега 50-ина години. Како уметник сам по себе и како член на „Тројцата тенори“, тој стана едно од најпочитуваните имиња во класичната музика освојувајќи безброј признанија, вклучително и 12 Греми-награди. Тој продолжува да ја зацврстува својата репутација до денес пред публиката во целиот свет. И како извонреден пејач и од неодамна и како диригент. Карактеризиран како ренесансен човек од страна на критичарите, награден со почесни титули и престижни награди, Доминго е и претседател на престижниот меѓународен натпревар за пеење „Опералија“, на кој е и основач, со цел да открие и промовира млади таленти.

Неговиот репертоар вклучува повеќе од 150 улоги, достигнување што не го направил ниеден друг артист, со над 4.400 настапи, а потврда за неговиот уметнички статус е фактот што тој е почитуван диригент со повеќе од 600 настапи. Бил почесен уметнички директор на фестивалот со стогодишна традиција, „Арена ди Верона“, како и генерален директор на Операта во Лос Анџелес и Националната опера во Вашингтон.

Заедно со него на сцената во арената „Борис Трајковски“ ќе застанат и Марија Жозе Сири, една од водечките сопрани во светот, има богата дискографија со ЦД и ДВД-снимки. Нејзиниот репертоар опфаќа дела од Белканто до Веризмо, а таа се издвојува како истакната интерпретаторка на најпознатите херојки на Верди и Пучини. Жорди Бернасер, еден од врвните шпански диригенти денес, редовно диригира во најпрестижните традиционални театри и со реномирани оркестри. Тој ја почнал својата кариера како асистент на Зубин Мехта, Жорж Претр и особено на Лорин Маазел.

Невозможно е да се набројат сите брилијантни оперски улоги што Доминго ги остварил во својата извонредна уметничка кариера, која непрекинато трае повеќе од половина век, а за ова неверојатно достигнување бил прославен во оперите во Њујорк, Виена, Верона, Милано и во Буенос Аирес.

Ова е уникатна шанса Македонија, конечно, да биде позиционирана на светската уметничка мапа – момент што не смее да се пропушти!

ПЛАСИДО ДОМИНГО на голем спектакуларен концерт во Скопје во соработка со МОБ!
Запаметете го овој датум – 14 март 2025 година.

Билети преку продажната мрежа на www.kupikarta.com „Розе Веро 2“ и „ЈК травел“ во Бисер.

Линк за билети – https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5625

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши снимањето на филмот „Мајка“, режисерот Лазов очекува приказната да поттикне размислување за односите во семејството

Објавено пред

Снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов, е успешно завршено. Последната клапа падна вчера во општина Кисела Вода завршувајќи го четиридневниот интензивен процес на снимање, кој се одвиваше на неколку локации во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Мајка“ е интимна семејна драма, која ја раскажува приказната за комплексниот однос помеѓу мајка и ќерка. Наративот добива неочекуван пресврт за време на божиќните празници кога мајката објавува оглас во весник барајќи маж со цел повторно да се омажи. Преку емотивна и комична перспектива филмот истражува теми како што се осаменоста, љубовта, почитта и разбирањето во едно семејство.

Во главните улоги се истакнатите актери Наташа Петровиќ и Соња Михајлова, а актерската екипа дополнително ја збогатуваат Слободанка Чичевска, Ивица Димитријевиќ, како и дебитантката Јована Синадиноски, која првпат се појавува на филмската камера.

Продуцент на филмот е Александар Арсовски, директор на фотографија е Никола Марковски, а мајстор на светло е Сашко Стојановски-Меанџи. За костимите се погрижи Жаклина Крстевска, сценограф на филмот е Дејан Ѓошевски, а шминката и фризурата беа во рацете на Стефанија Илиевски, монтажер на филмот ќе биде Димитар Спирковски, а снимател на звук и микс Горазд Радевски.

Режисерот Ѓорѓи Лазов изјави:

„Снимањето на ‘Мајка’ беше неверојатно искуство благодарение на посветената екипа и талентираните актери. Иако беше предизвикувачки да се заврши во краток временски рок, успеавме да ја доловиме емоцијата што ја посакувавме. Очекувам дека оваа приказна ќе допре до срцата на публиката и ќе предизвика емоции и размислувања за односите во едно семејство“.

Филмот е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, како и со сопствени инвестиции на продуцентот и продукциската куќа „Скорпион филмс“, но и партерски фирми пријатели од Р. Хрватска, „Волфганг и Доли“ и „Мираж продукција“.

Филмот „Мајка“ е предвиден за премиера во текот на 2025 година.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Недела на јапонскиот филм во Кинотеката

Објавено пред

Од 25- 29 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија.

dobivaj vesti na viber

Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество.

Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела и експериментални форми, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија. Нивната креативност, посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика.

Преку овој циклус, Кинотеката нуди повеќе од само проекции. Тоа е културен мост меѓу Истокот и Западот, претставувајќи ги различните аспекти на јапонскиот филм и повикувајќи ја публиката да го открие светот зад екранот. Ова патување низ јапонската кинематографија е повеќе од само уживање во филмската уметност – тоа е повик за истражување на длабочините на културата, историјата и човечките искуства.

Селектор на програмата: Бојан Станишиќ, Уредник на филмската програма при Кинотека.

25 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН

(The Return Of Majin)

Игран филм, Јапонија

1966, 119 мин., колор, ДЦП

Режисер: Кенџи Мисуми (Kenji Misumi)

Сценарио: Тецуро Јошида (Tetsuro Yoshida)

Улоги: Коџиро Хонго, Шихо Фуџимура, Таро Маруи (Kojiro Hongo, Shiho Fujimura, Taro Marui)

Градот на еден самурајски господар е поразен и војниците ja уништуваат џиновската статуа на Даимаџин, џиновскиот бог воин. Кога свршеницата на самурајскиот господар му се моли на Даимаџин, тој се крева од дното на езерото и ги поразува напаѓачите.

ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН е вториот дел од филмската трилогија за Даимаџин, џиновскиот бог воин. Оваа трилогија е од токусацу (tokusatsu) жанрот. Тоа се филмови со фантастична и натприродна тема во кои се користат многу специјални ефекти. Трите филма се снимени истовремено од тројца различни режисери и имаат сличен заплет: обичните селани го повикуваат Даимаџин да ги спаси од насилниците.

Со текот на времето овие филмови и ликот на Даимиџин добиваат култен статус, така што во 2010 година е направена и телевизиска адаптација на серијалот.

Овој дел е режиран од Тецуро Јошида, еден од најактивните и најгледани јапонски режисери од тоа време, кој е познат како зачетник на Затоичи, еден од најпознатите филмски ликови на јапонската кинематагорафија, овековечен во истоимениот филм на Такеши Китано.

26 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

TRAIN BRAIN EXPRESS

(TRAIN BRAIN EXPRESS )

Игран филм, Јапонија

2012, 117 мин., колор, ДЦП

Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto)

Улоги: Кеничи Мацујама, Еита, Шихори Канџиа (Kenichi Matsuyama, Eita, Shihori Kanjiya)

Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страсни љубители на возови. Ова нивно хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку мазно. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот?

TRAIN BRAIN EXPRESS е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита, познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА, И ПОТОА, ИЗГУБЕНИОТ РАЈ, БРАЌАТА МАМИЈА. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира врз идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил.

27 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ

(Not quite dead yet/Ichido shinde mita)

Игран филм, Јапонија

2020, 93 мин., колор, ДЦП

Режисер: Шинџи Хамасаки (Shinji Hamasaki)

Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto)

Улоги: Сузу Хирозе, Рујо Јошизава, Лили Френки (Suzu Hirose, Ryô Yoshizawa, Lily Franky)

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ е комедија во режија на Шинџи Хамасаки. Приказната се врти околу една бунтовна и гневна студентка, Нанасе Нобата, која живее со својот татко, Хакару, претседател на фармацевтската компанија „Нобата“. Таа е огорчена поради неговото постојано негодување за нејзиниот живот и неговата опседнатост со работата, поради што не успева да биде на смртната постела на нејзината мајка.

Тимот од научници на Хакару случајно открива лек, кој предизвикува привремена смрт од два дена. Хакару го земa лекот во обид да разоткрие корпоративен шпион поставен во неговата компанија. Нанасе избезумено се обидува да го спаси татка си од заговорот на ривалската компанија порано да го кремираат неговото тело пред да помине дејството на дрогата.

28 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

БРАЌАТА МАМИЈА

(Mamiya Kyoudai/The Mamiya Brothers)

Игран филм, Јапонија

2006, 119 мин., колор, ДЦП

Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Сценарио: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Улоги: Кураносуке Саски, Муга Цукаџи, Такако Токива, Ерика Саваџири, Кеико Китагава, Мијуки Накаџима (Kuranosuke Sasaki, Muga Tsukaji, Takako Tokiwa, Erika Sawajiri, Keiko Kitagawa, Miyuki Nakajima)

Браќата Мамија живеат заедно повеќе од 30 години. Постариот брат Акинобу (35) работи во пиварница. Помладиот брат Тецунобу (32) работи како чувар во основно училиште. Без разлика дали се работи за гледање на нивниот омилен бејзбол тим пред телевизорот или за решавање на крстозбори, тие уживаат да се заедно. Но, кога станува збор за љубовта, и двајцата се тотално „неискусни“. Тие решаваат да преземат нешто во врска со тоа и канат две девојки во својот стан на забава со карти: Јорико, наставничка во основното училиште и Наоми, вработена во видеотеката која браќата секојдневно ја посетуваат.

Но, за браќата Мамија светот исполнет со сериозност и страв е друг свет. Тие сакаат да имаат девојки, само без да го жртвуваат времето поминато со својот брат. Секој ден е толку прекрасен. Зошто би се впуштиле во некаква комплицирана врска?

Браќата Мамија е комедија базирана врз истоимениот роман на познатиот јапонски писател Каори Екуни. Филмот е во режија на Јошимицу Морита, еден од најуспешните и најпочитувани јапонски режисери со препознатлив комичен талент, кој бил активен и како продуцент, сценарист, есеист и актер познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА (1983), И ПОТОА( 1985), ИЗГУБЕНИОТ РАЈ (1997).

29 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

СТО ЛАГИ

(We make antiques!)

Игран филм, Јапонија

2018, 110 мин., колор, ДЦП

Режисер: Масахари Таке (Masaharu Take)

Сценарио: Шин Адачи, Масако Имаи (Shin Adachi, Masako Imai)

Улоги: Киичи Накаи, Кураносуке Сасаки (Kiichi Nakai, Kuranosuke Sasaki)

Филмот ни раскажува за еден изветреан трговец со антиквитети, Норио, кој наоѓа вредна шолја за чај од најпознатиот јапонски мајстор за чај Сен но Рикју од 16 век, кога пребарува во складиште на богато семејство. Норио го измамува сопственикот на куќата Сасуке и успева да ја добие шолјата речиси за ништо. Но излегува дека Сасуке е измамник и шолјата за чај ја направил самиот. Потоа Норио дознава дека Сасуке порано бил надежен грнчар, но бил спречен од автентикаторот на антиквитети. И Норио има болни искуства со истиот автентикатор, па двајцата решаваат да направат измама со која ќе му се одмаздат на автентикаторот. Но оваа измама, која ги вклучува и нивните сопруги и деца, ќе тргне по сосема неочекуван пат.

СТО ЛАГИ e комедија во режија на Масахару Таке, современ јапонски режисер, ценет од критиката, кој во исто време е еден од најгледаните современи јапонски режисери. Неговиот филм ЉУБОВ ОД 100 ЈЕНИ (2014) беше јапонски кандидат за Оскар за најдобар интернационален филм. СТО ЛАГИ е првиот дел од неверојатно успешната трилогија режирана од Таке, која ги следи авантурите на шармантните Норио и Сасуке.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Следејќи ја локацијата на телефонски повик, спасувачите пронајдоа исчезнато лице во Маврово

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во 17.58 часот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена...

Македонија2 часа

Товарен воз излезе од шините помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“

Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од Македонски железници дека помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“, товарен воз вчера,...

Македонија4 часа

Мицкоски патува во Приштина на меѓувладина седница со Косово

Денес во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово. Предвидено...

Европа4 часа

Захарова за нападите врз Русија со моќните американски ракети: Путин кажа сè

Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американски ракети со долг дострел за цели на руска...

Свет5 часа

Ким Џонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун повика на зајакнување на нуклеарните сили на земјата „без ограничувања“ и завршување на воените подготовки, објавија...

Европа5 часа

(Видео) Русите погодија зграда во Суми, 10 мртви, меѓу кои и две деца, 52 ранети

Десет лица, меѓу кои две деца, загинаа, а 52 се повредени вчера вечерта кога руска ракета погоди станбена зграда во...

Европа6 часа

(Видео) Пристигна реакцијата на Зеленски на одлуката на Америка

Володимир Зеленски реагираше на веста за дозволата на Западот, Украина да ја нападне Русија со оружје со долг дострел, велејќи...

Европа6 часа

Стармер: Немам намера да разговарам со Путин

Британскиот премиер Кир Стармер „нема намера да разговара“ со Владимир Путин, изјави тој, два дена по разговорот меѓу германскиот канцелар...

Европа6 часа

Руски функционер: Набргу ќе дојде нашиот одговор на американската дозвола за Украина

Одлуката на Вашингтон да и дозволи на Украина да удри длабоко во Русија со американски ракети со долг дострел може...

Македонија21 час

Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по средбата со Македонската банкарска асоцијација на која се прецизраа условите под кои бизнис секторот ќе...

Скопје22 часа

Деца искршиле багер во Капиштец, градоначалникот Герасимовски бара полиција на терен

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета...

Топ23 часа

Фатен и спроведен во притвор осомничени за убиство во обид во Скопје

СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена  е кривична пријава против едно лице. Како што соопшти МВР, полициски службеници од...

Топ1 ден

(Видео) Објавена снимка од моментот на експлозијата во дворот на Раде Штекли

Порталот 4News објави видео-снимка од безбедносна камера на која, како што се наведува, е прикажан момент од детонацијата на експлозивната направа пред...

Свет1 ден

Масовно убиство во Кина, студент со нож усмрти осум лица

Најмалку осум лица загинаа, а 17 се ранети вчера кога дваесет и едногодишен студент изврши напад во источниот кинески град...

Македонија2 дена

Во земјава има околу 130 илјади пациенти со дијагностициран дијабетес

Во Македонија има околку 130 илјади дијагностицирани пациенти со дијабет. Изминатата година дијабетичарите ја прогласија за најтешка бидејќи немаа терапија....

Топ2 дена

Се апсеа дилери на дрога, за четири часа полицијата приведе 12 лица

По преземени мерки и активности на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и...

Топ2 дена

Притвор доби малолетникот кој со нож нападна и повреди две деца во Карпош

Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода малолетник од с.Ласкарци, скопско. Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на...

Македонија2 дена

Откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат...

Македонија2 дена

Утрово земјотрес во Дојран

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 е регистриран изутринава во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти...

Свет2 дена

(Видео) Незапаметена трагедија во Индија, 10 бебиња изгореа во пожар во болница

Десет бебиња изгореа, а 16 се повредени во пожарот што се случил во петокот вечерта во болница во градот Џанси,...