Контакт

концерти

Македонската филхармонија, Џијан Емин и Хуан Аткинс во Античкиот театар во Охрид

Објавено пред

Македонската филхармонија, под диригентската палка на Џијан Емин и американскиот диџеј Хуан Аткинс, ќе го направи најдоброто музичко искуство со единствен и несекојдневен спој на електронска и класична музика. Овој ексклузивен настан ќе се одржи во Античкиот театар во Охрид на 2 август од 22 часот.

dobivaj vesti na viber

Тричасовниот музички сет на револуционерот во техномузиката, диџејот Хуан Аткинс, заедно со еден од најзначајните музичари на македонската современа сцена, Џијан Емин, и мајсторството на Македонската филхармонија, преку квалитетниот звук, визуелните и ласерските форми и артистичката игра на светла и бои, ќе понуди забава со исклучително доживување за сите сетила. Во текот на истата вечер забавата ќе продолжи со афтер-сетот на диџеј Jeff Mills на плажата „Парк“.

Организатори на настанот се Izlet Music, Music Incubator, Balance, Sektor 909, поддржани од музичката платформа NEULAND.

„Создадовме настан што ќе биде вистинско уживање за публиката, несекојдневно и досега единствено искуство кај нас. Спојот на електронската и класичната музика е само основата од која ќе произлезе мултисензорно доживување и мултимедијален настан што долго ќе се памети. Ние сме веќе подготвени за забавата што ќе ги раздвижи сите сетила и ќе доведе до едно ново доживување преку квалитетен звук, визуелни форми и несекојдневни искуства“, изјави Огнен Узуновски – Оги на денешната прес-конференција.

За џинот на Македонската филхармонија, маестро Џијан Емин, соработката со светски реномираниот диџеј Хуан Аткинс не е новитет.

„Досегашната соработка што ја имаме со Хуан Аткинс ветува дека ќе направиме вистински музичкиот спектакл. Ова ќе биде нов начин да се доживее и почувствува музиката и нејзината моќ. Направивме спој на неколку медиуми за пренесување емоции и токму тоа за присутните ќе значи мултисензорно доживување. За мене и за колегите од Македонската филхармонија, тоа е предизвик, но исто така и чест што учествуваме во создавањето ваков исклучителен и уникатен настан за кој македонската публика долго време копнее. Ќе биде искуство што не треба да се пропушти“, изјави диригентот Џијан Емин.

Како главна сензација на ова необично музичко шоу се издвојува оркестарот на Македонската филхармонија.

„Македонска филхармонија досега многупати ја покажала својата виртуозност во секој музички израз, па оттука и учеството во овој настан за нас е уште една потврда за подготвеноста да следиме нови трендови во концертната уметност и со тоа создадеме ново музичко искуство за граѓаните. Создадовме дело што оди ниво погоре во концертната класична музика и момент за препуштање на естетиката, каде што музиката ќе може непосредно да се види, чуе и доживее“, изјави Виктор Илиески, директор на Македонската филхармонија.

Светски познатиот креатор на електронската музика, диџејот Хуан Аткинс, ќе овозможи класичната музика да добие една поинаква димензија поддржана од електронски призвук.

„Создавањето разни музички изрази е главниот предизвик што постојано ме движи во нови димензии и ми помага да го разбудам чувството на слобода и адреналин кај публиката. Токму такво искуство, заедно со мојот пријател и соработник, маестралниот Џијан Емин и оркестарот на Македонската филхармонија, ќе овозможам на овој настан. Особено ме радува фактот што македонската публика знае да го препознае и доживее квалитетниот музички звук. Ослободување од секојдневниот стрес и владеење на најубавите емоции, музичка адреналинска еуфорија и доживување на перформансот преку аудиовизуелни ефекти е она што ќе може да го искусат љубителите на несекојдневни музички спектакли“, изјави диџеј Хуан Аткинс.

Настанот е поддржан од Neuland, мултисензорната платформа посветена да создава необични музички и уметнички искуства и со тоа ќе биде редефинирање на начините за уживање во секој музички израз и изведба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија11 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија13 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија14 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија14 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија14 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија15 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион16 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет17 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија17 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа18 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет18 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет18 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет19 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет19 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа19 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет2 дена

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...