Контакт

Култура

Македонскиот стрип во изданијата на новосадски „Дневник“

Објавено пред

На 12 мај, со почеток во 14 часот, во МКЦ – Скопје ќе се одржи промоција на „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски ’Дневник‘“, книга на авторите Александар Стеванов, Дарко Богданов и Сашо Гачев.

dobivaj vesti na viber

Во неа, како што впрочем открива самиот нејзин наслов, се опфатени стриповите на македонски автори објавени во мегапопуларните изданија на издавачкиот гигант „Дневник“ од Нови Сад, а воедно анализирано е и културолошкото влијание што тие го имаат во Македонија и тоа многу години по нивното згаснување.

Оваа монографска публикација, која е отпечатена со делумна финансиска поддршка од фестивалот на креативни идустрии „Скопје креатива 2018“, е составена од две главни целини, односно поглавја, во кои се пренесени стотици цитати, некои ексклузивно земени, а за полесна навигација содржи и индекс. Освен историјатот и фактографијата на објавените стрипови, тие преку 10 рецензии детаљно се разработени од визуелен и драматуршки аспект, а претставени се и насловните страници на повеќето од нив, како и некои од најрепрезентативните цртежи во нив.

Книгите посветени на македонската стрип-историја се неверојатно малку на број и во последните речиси триесет години се објавени само две такви. Меѓу другото, токму затоа оваа публикација, која изнесува на виделина некои досега непознати настани од македонското стриповско минато, претставува храбар чекор во насока кон надминување на таа ситуација и подигање барем за едно скалило повисоко на општествениот статус што го има стрип-уметноста во Македонија.

Култура

„Фолклорни игри под Шара“ во Тетово

Објавено пред

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка” од Тетово денеска во големата сала на Центар за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово ќе ја одржи четвртата манифестација „Фолклорни игри под Шара“. Манифестацијата ќе започне во 17:00 часот со дефиле на културно-уметничките друштва по улиците на градот, а свечениот концерт е закажан за 19:00 часот.

dobivaj vesti na viber

„Манифестацијата има мултиетнички карактер на која на едно место се претставува фолклорот на народите кои живеат во пазувите на Шар Планина. На годинешната манифестација, како и на претходните три изданија, својот фолклор го претставуваат културно-уметнички друштва кои делуваат во Тетово и околните населени места. На сцената ќе продефилираат народните носии на Македонците, Албанците, Турците и Србите“, информира Соња Андонов, претседателка на Здружението.

Народните игри на Македонците и Србите ќе ги претстават членовите на домаќините, КУД „Бранко Чајка“ кое што делува во состав на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово. Покрај ова друштво пред тетовската публика ќе настапат КУД „Брвеница“ од Брвеница со македонски фолклор, КУД „Џеладин Зеќири“ од Тетово со албански фолклор, КУД „Јени хајат“ Тетово со турски фолклор како и Вокалниот ансамбл „Распеани кичевчани“ од Кичево.

Манифестацијата „Фолклорни игри под Шара“ претставува проект од национален интерес во културата за 2024 година на Министерството за култура на Република Северна Македонија од областа на фолклорот.

Прикажи повеќе...

Култура

„Златна рамка“ од 18 до 20 јуни во МКЦ: нови македонски филмови, презентации, трибини

Објавено пред

Шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

dobivaj vesti na viber

Филмската ревија „Златна рамка“ претставува можност за публиката бесплатно да ги гледа македонските филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм. Филмската програма годинава содржи долгометражни, краткометражни и документарни остварувања.

Во рамките на долгометражната програма на 18 јуни, во 20.30 часот, ќе биде прикажан филмот „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова во продукција на „ДНФ продукција“, на 20 јуни е проекцијата на „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски со „Лист продукција“, како и филмот „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов со „Минд продукција“.

Краткометражната програма содржи девет филма, кои ќе бидат прикажани во терминот од 18 часот на 19 јуни. На програмата се остварувања на режисер(к)ите Александра Кардалевска, Ангела Димеска, Јован Саркањац, Јане Спасиќ, Ѓорче Ставрески, Сандра Георгиева, Сабедин Селмани, Берат Асани, Јане Алтипармаков и Бесар Илјази.

Документарната програма носи пет остварувања, а проекциите се распоредени во текот на трите дена на одржувањето на ревијата „Златна рамка“. На 18 јуни, во 18 часот, е проекцијата на филмот „Бисер“, во режија на Драган Кумев, а во 19 часот ќе биде прикажан документарецот „Последниот каубој на Балканот“, на режисерот Сабедин Али. На 19 јуни, во терминот од 12 часот, ќе бидат прикажани филмовите „Живот на крстосница“ (Недопирливи) на Зоран Димов и „Емигрант сум или…“ на Сенад Абдули. На 20 јуни, во 18 часот, ќе биде прикажан документарниот филм „Јанѕа“, работен според „Дневник по многу години“ од Блаже Конески, во режија на Никола Т. Калајџиски, во продукција на „Контраст филм“.

Социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од разни социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“, годинава ќе се одржи на 20 јуни во Домот за стари лица „Мајка Тереза“.

Покрај ревијата на македонски филмови, „Златна рамка“, предвидува да се одржи свечено собрание на ДФРМ на 18 јуни. На 19 јуни, пак, во 20 часот, ќе има презентација на филмската камера „Сони“.

На 20 јуни, во 12 часот, ќе се одржи трибина со наслов „Зачувување на аудиовизуелното наследство“, на која ќе учествуваат Владимир Ангелов, вон. проф. м-р Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски.

Традиционално „Златна рамка“ ќе ги додели почесни награди на ДФРМ за филмски актер, филмски автор и филмски работник.

Прикажи повеќе...

Култура

Филхармонија во Градскиот парк со „Одисеја 2024“ – музиката од филмовите на славниот Кјубрик

Објавено пред

И оваа година, Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“, кој ќе донесе разновидност и секако, несомнен квалитет. Во среда, на 19 јуни во Градскиот парк со почеток во 21 часот, под ѕвездите на скопското небо, одиме на футуристичко патување низ дел од филмографијата на најкреативниот режисер на сите времиња – Стенли Кјубрик, визионерот кој изврши огромно влијание врз светската филмска уметност.

dobivaj vesti na viber

Концертот носи наслов „Одисеја 2024“, кој е инспирација од неговиот револуционерен филм „2001: Вселенска одисеја“, но и кој ја најавува новата концертна сезона на Македонската филхармонија во јубилејот којшто годинава го слави оваа најстара национална институција – 80 години од постоењето.

Под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска, ќе бидат изведени музички теми од големите композиторски имиња од светот на класичната музика: Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, а кои ги одбележаа маестралните филмови: „Одисеја 2001“, „Пеколен портокал“, „Бери Линдон“ и „Очи широко затворени“.

Кјубрик на музиката гледал како едно од најмоќните оружја во неговите уметнички остварувања, па затоа и неговиот избор на дела бил мошне деликатен. Токму музиката на класичните композитори, ги прави филмовите на Кјубрик дотолку повеќе препознатливи, давајќи им посебна драматургија и естетика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование,...

Свет5 часа

„Мамо, не те оставам“: oсумгодишно дете од Минесота убиено додека ја бранело мајка си од насилниот сопруг

Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето,...

Македонија10 часа

ОЈО за двојното убиство: Сопругот ја тепал, па зела нож и ги убила него и свекорот

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила...

Топ12 часа

Детали за двојното убиство во Кратово: со години пријавувале семејно насилство и убиените сопруг и свекор и 36-годишната осомничена

Пријави за семејно насилство му претходеле на двојното убиство во Кратово.  За неколку години имало неколку пријави и од 36-годишната...

Спорт15 часа

Почина голманот на Црна Гора, му се слошило утрово во Будва каде што бил на одмор

Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), почина утринава околу 6:30 часот во Будва, каде што беше...

Европа16 часа

Еден убиен и еден повреден во пукање во маркет во Грција

Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесенo во...

Македонија1 ден

Земјотрес вечерва почуствуван во подрачјето Штип-Радовиш

Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 19.54 часот со епицентар во подрачјето Штип...

Македонија1 ден

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра...

Македонија2 дена

Условно осудени седум лица за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија2 дена

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ2 дена

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија2 дена

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа2 дена

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет2 дена

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион2 дена

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион2 дена

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија2 дена

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија2 дена

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија3 дена

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија3 дена

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...