Култура
Мајските оперски вечери немаат никакви примеси на економски ниту политички стремеж, организаторите го најавија 52-рото издание

Мајските вечери немаат никакви економски ниту политички стремеж, еден ваков уникатен собир ќе го обележи и Скопје и Македонија, соопштија организаторите на прес-конференција.
„Оваа манифестација датира од крајот на 60-тите години. Тогаш имало криза со публика, која не била изразена само во Скопје. Во првите години мајските оперски вечери се празни, но со текот на годините заинтересираноста расте“, изјавја организаторите.
Како што велат оттаму, ова е еден од најголемите фестивали во регионот и со квалитетна програма сите овие години.
„Оваа година ќе има екслузивна програма. Очекуваме одлични резултати“, додаваат оттаму.
Реномираниот македонски режисер Иван Поповски, со успешна кариера во Русија, ја поставува операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, со чија премиера ќе се отворат 52. Мајски оперски вечери (МОВ) на 9 мај во Националната опера и балет (НОБ). Диригент ќе биде Енрико Довико (Италија), сценографијата ја работи реномираниот Миодраг Табачки од Србија, костимите Марија Пупучевска, а кореографијата Саша Евтимова.
Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај ќе биде поставена и изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата ќе ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.
„Оперска одисеја“ е резултат на институционалната соработка помеѓу Музејoт на македонската борба за самостојност и Националната опера и балет. Автор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Министерот Љутков на „Мондијакулт“: Културните права и креативната економија се основа за инклузивен и одржлив развој

Во рамките на Светската конференција на УНЕСКО за културни политики и одржлив развој – Мондиакулт, што се одржува во Барселона, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, имаше свои обраќања на тематските сесии „Културни права“ и „Економија на културата“.
Во своето обраќање на тематската сесија „Културни права“, министерот Љутков нагласи дека културата не е привилегија, туку основно човеково право, загарантирано со Уставот на државата. Тој подвлече дека Македонија ја гради својата културна политика врз темелите на меѓународни документи, како Универзалната декларација за човекови права и Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разновидноста на културните изразувања.
„Во нашата земја, приоритет претставува поддршката на културното изразување на сите заедници. Дополнително, особено внимание посветуваме на обезбедување еднаков пристап до сите сегменти од културниот живот за младите, за жените и за лицата со попреченост“, изјави Љутков.
Министерот се осврна и на значењето на меѓународната соработка преку партнерства со европските и со светските институции, програми за културна размена, реституција на културите добра и развој на дигитални платформи кои овозможуваат културна достапност за сите.
„Веруваме дека глобалниот дијалог е клучен чекор кон поинклузивна и просперитетна култура“, потенцираше тој.
Во рамките на сесијата посветена на креативната економија, министерот Љутков ја претстави стратегиската определба на Министерството за култура и туризам за поддршка и развој на културните и креативните индустрии и нивно позиционирање на меѓународната сцена.
„Нашата визија е Македонија да стане регионален центар за културна и креативна економија, земја која ги чува своите вредности, но е отворена кон светот“, истакна Љутков.
Тој информираше дека Министерството за култура и туризам веќе спроведе пилот-истражување за индустријата на видеоигри и започнати се активности за мапирање на целиот сектор на креативни индустрии. Овие иницијативи ќе овозможат да се креира рамка за нивен стратегиски развој и да се отворат нови квалификации и вештини во образовниот систем.
На крајот од обраќањето, министерот Љутков подвлече дека нашата земја чекори кон иднина каде што културата и креативната економија ќе бидат двигатели на одржлив развој.
Со учеството на „Мондиакулт“, Македонија како членка на УНЕСКО го зацврсти своето место во меѓународниот културен дијалог и уште еднаш ја потврди заложбата за градење политики за одржлив развој. Следната Светска конференција ќе се одржи во 2029 година во Ријад, Саудиска Арабија.
Култура
Утре почнува 20. АКТО-фестивал

Утре, почнува јубилејното издание на фестивалот за современи уметности АКТО со преднастанот – предавање на архитектот Даниел Кунерт од „Арх плус“ (ARCH+), водечкото германско списание од областите на архитектурата и урбанизмот, во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет, со почеток во 19 часот.
Ова предавање е најава за официјалната тридневна програма на 20. АКТО-фестивал, што ќе се реализира во киното на железничката зграда од 3 до 5 октомври.
Во рамките на фестивалот, кој е основан во 2006 година, и е еден од фестивалите во земјата што има најдолг континуитет на одржување, ќе се одржат повеќе изложби, проекции, разговори и предавања, работилници и музички настани…
Целата програма ќе биде концентрирана во новоотворената лабораторија за просторно-перформативни практики „Градот како сцена“, лоцирана во киното на железничката зграда во Скопје.
Дел од фестивалот ќе бидат многу домашни, но и странски гости, како Зорица Милисавлевиќ-Милојковиќ (Урбани оази, Белград), Борис Бакал (Фрлачи на сенки, Загреб), Давид Нил Морси и Кристин Лаз (Floating University, Берлин), ОПА (ЗаУМ архива), Славчо Димитров (Викенд на гордоста, Скопје), Борис Бакал (Фрлачи на сенки, Загреб), Кристина Леловац (фестивал Прво па женско, Скопје), Димитар Самарџиев (Бостание – општествена градина, Скопје), Виолета Качакова и Филип Тасевски (ЗЕМЈОТРЕС, фестивал на независна музика), Пијан Славеј, група „Сиз“, група „Трето колено“ и други.
Култура
Скопје се подготвува за „Бела ноќ“: целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена

Универзална сала и Град Скопје ја најавуваат 21-та изведба на културната манифестација „Бела ноќ“, која ќе се одржи на 04 октомври 2025 година (сабота).
Целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена преку концерти, изложби, мултимедијални изведби, литературни читања и перформанси кои ќе бидат достапни за сите граѓани и посетители.
Избрани настани од програмата:
Сули Ан | од 20:00 ч.
„Стара скопска чаршија: визии за иднината“ – мултимедијални презентации, изложби по што следуваат DJ сетови на диџеј Дарко Јорданов (Скопје), диџеј Бојан Јанев (Скопје/Берлин) и диџеј Женева (Париз)
Музеј на македонската борба | 20:00 ч.
Изложба „Од чета до армја“.
Научен музеј | 20:00 ч.
Изложба во соработка со ООУ „Вера Јоцич“ – „Преспанско езеро – бисер на природата“.
Детски културен центар | 11:00 ч.
Детска ликовна изложба.
Библиотека „Браќа Миладиновци“ | 19:00 ч.
Промоција на книга „Работилница за поправка на чувства – втора антологија на иднината“.
Културен дом „Кочо Рацин“ | 19:00–21:00 ч.
Збир на повеќе настани
Културно информативен центар | 20:00 ч.
Збир на повеќе настани
Музеј на Град Скопје | 19:00 ч.
Изложба ДЛУМ
Младински културен центар | 20:00 ч.
Претстава „Велеградски варијации“
Изложба на детски цртежи „Со очи детско срце“ – Славица Копенкова | 20:00 ч.
„Бела ноќ е симбол на културната отвореност на Скопје – вечер кога улиците се исполнуваат со уметност, инспирација и дружење. Целта е да се поврзат граѓаните и уметниците преку заедничко искуство кое ја слави креативноста и културниот дух на нашиот град.“
Настанот е во организација на Универзална сала, а финансиран од Град Скопје.