Контакт

Култура

Музика на Прајснер од филмовите на Кишловски во изведба на Филхармонијата

Објавено пред

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Николас Чалмерс од Англија, ќе изведе музика од Збигњев Прајснер, напишана за филмовите на еден од најзначајните европски режисери – Кшиштоф Кишловски.

dobivaj vesti na viber

На програмата се: „Лакримоса“ од „Реквием за мојот пријател“, селекција на филмска музика од филмовите: „Декалог“, „Тајната градина“, „Двојниот живот на Вероника“, „Три бои: сино, бело и црвено“. Како солистка ќе ја чуеме Филипа Бојл од Англија, а ќе настапи и хорот „Про арс“.

Збигњев Прајснер (1955) е еден од водечките композитори на филмска музика и еден од најзначајните во неговата генерација. Прајснер соработуваше со познатиот полски режисер Кшиштоф Кишловски на неговите филмови „Декалог“, „Двојниот живот на Вероника“, трилогијата „Три бои: сино, бело и црвено“, кои му донесоа интернационална слава. Токму за неговиот близок пријател и соработник Кишловски го пишува првото поголемо дело – „Реквием за мојот пријател“, што го издава во 1998 година за „Ворнер класикс“. Истата година делото ја доживува и својата светска премиера во Варшава. Делото е издадено и на цеде и на винил од издавачката куќа „Сони Поланд“. „Реквиемот“ е напишан во девет става. Типичен е за музичкиот стил на Прајснер, полн е со експресивни вибрата, а во него употребува и мал машки хор, гудачки квартет, органа и перкусии. Вториот дел е спротивен на првиот, помасовен е во употребата на музичките инструменти, тука Прајснер употребува голем оркестар и голем хор за да ја пренесе својата тонска визија. Самиот композитор својата музика ја опишува како „гранична линија“. Дека не е ниту филмска музика ниту класична. Нешто помеѓу.

„Создавам креации, правам креативна музика. Во ‘Реквиемот’ зедов голем дел од аспектите што се типични за мојата филмска музика. Мојата музика има имиња, наслови што ја дефинираат – ‘Тишина’, ‘Мир’… ‘Живот’ е приказна за нашето постоење, за она што поминало и она што допрва доаѓа. Размислувам и за смртта, за мене е важно прашањето како да живееме и да умреме достоинствено?“, вели Прајснер. Музиката во трилогијата „Три бои: сино, бело и црвено“ ја отсликува примарната наративна приказна на трите кинематографски дела на Кштиштоф Кишловски и таа совршено го одразува чувството на егзистенцијална потиштеност што провејува како емоција во трите филма.

„Кшиштоф секогаш велеше дека луѓето се родени со позитивна или тажна месечина, и мислеше дека јас сум роден со тажна“, вели Прајснер. Во музиката за овие три филма има длабока спиритуалност и иако дејството и приказните се случуваат во модерно време, таа звучи како да е излезена од некоја катедрала, како да е стара неколку стотини години. Музиката на Прајснер е лична и интровертна. „Пишува музика за себе. Знам каков е мојот вкус, знам каква музика сакам да слушам, знам како сакам да живеам“, вели Прајснер. Во „Сино“ музиката е во служба на тагата што ја чувствува главната херојка во филмот (Жулиет Бинош) откако ќе ги изгуби во сообраќајна несреќа своите сопруг и ќерка. И актерката Бинош, по снимањето на филмот, изјави дека музиката ѝ била главен придружник во актерската игра. Во „Бело“ музиката е поведра, но со изразена спиритуална улога. Музиката има романтичен, но и прилично ироничен звук, што се во главната тема – тангото што го следи Карол во неговата одисеја.

Последното поглавје од трилогијата – „Црвено“ – е напишано во стилот на шпанското танго, кое се врти во хипнотички круг. Во филмот „Двојниот живот на Вероника“ централно музичко парче е класичното дело „Концерто ин Ми“, напишано од Прајснер, а во филмот презентирано како дело на фиктивниот холандски композитор Ван ден Буденмајер. Музиката е напишана во стилот на Густав Малер бидејќи примарната интенција на Кишловски била да употреби негова музика како илустрација. Името на композиторот Буденмајер се споменува и во „Декалог“ и тоа практично станало алтер его на Прајснер, кој често знае да се пошегува дека кога пишува лоша музика, му ја припишува нему.

Музиката на Збигњев Прајснер напишана за филмовите на Кшиштоф Кишловски е ремек-дело. Таа е рамноправен актер во приказната, двигател на наративот, креира еднакво деликатни емоции како и лицата на главните протагонисти во филмовите. Прајснер/Кишловски се редок тандем во историјата на кинематографијата, кој успеа преку совршена симбиоза да создаде ремек-дела во кои музиката и филмот се рамноправни актери и креатори на магијата.

Николас Чалмерс е уметнички директор на „Невил холт опера“ од основањето на фестивалот во 2013 година. Под негово раководство во рамките на фестивалот се изведени седум нови опери и пет обнови на постари продукции… Со оркестарот на „Невил холт опера“ ги диригирал „Волшебната флејта“, „Боеми“, „Вртење на шрафот“, „Кармен“, „Риголето“, „Љубовен напиток“, „Тоска“, „Така прават сите“… Чалмерс работи со водечките оркестри и хорови во Велика Британија, меѓу кои со The BBC Singers, Симфонискиот оркестар на Бирмингем, Англискиот камерен оркестар, симфонискиот оркестар „Бритн“… Тој е диригент и на лондонскиот хор „Оријана“… Во Ковент Гарден работи со младинската опера, а дебитира на „Би-би-си промс“ во 2020 година со The BBC Singers на првата фестивалска вечер. Студирал музика на колеџот „Линколн“, „Оксфорд“ и на конзерваториумот „Пјаченца“. „Она што ја прави изведбата посебна е музичката магија што ја создава Чалмерс водејќи го оркестарот. Има посебно чувство за детектирање талентирани млади оперски пејачи“, пишува „Сандеј тајмс“ за Николас Чалмерс.

Филипа Бојл е една од најактивните вокалистки на сцената во Велика Британија, каде што важи за етаблиран изведувач на германскиот репертоар. Нејзините најнови изведби ја вклучуваат Елеонора во „Моќта на судбината“ и главната улога на Јенуфа во истоимената опера на Јаначек, Виолета во Вердиевата „Травијата“ на оперските сцени во Британија. Освен што активно настапува како солистка во оперски продукции, Филипа Бојл е активна и како концертен музичар. Настапувала на изведбата на „Стабат матер“ од Дворжак со оркестарот на Би-би-си, Малеровата втора симфонија, во изведбата на „Стабат матер“ од Росини, во Моцартовиот „Реквием“… Добитничка е на првата награда за млад оперски пејач за изведба на чешка опера и песни. Била член на оперското студио „Санта Чечилија“ во Рим, каде што добила диплома. Магистрирала на колеџот „Клер“ во рамките на универзитетот во Кембриџ.

Професионалниот мешан хор „Про арс“ е формиран 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски по повеќегодишно дејствување во сферата на хорската уметност и анализа, која укажа на недостиг од еден ваков ансамбл, кој професионално и, пред сè, квалитетно ќе одговори на потребите на музичката сцена во Македонија. Предностите на хорот стануваат видливи уште во првата година од неговата активност презентирајќи висок квалитет на изведбите, мобилност и можност за изведба на широк репертоар со разна жанровска определба. Посебен акцент и посветеност се дава на веќе постојното македонско хорско творештво, но и на поттикнувањето на младите автори за пишување нова хорска музика. Од 2018 година хорот е редовен гостин на концертите со вокално-инструментална музика на Филхармонијата на РС Македонија настапувајќи не само со маестро Татарчевски туку и со диригенти, како: Густав Кун, Емил Табаков, Габриел Бебешелеа, Лубнан Балбаки и др. „Про арс“ реализирал огромен број студиски снимки за едукативни програми, солистички албуми, како и филмска музика за високобуџетски интернационални филмски остварувања во студиото ФАМЕС.

Култура

Утре, бесплатен влез во музеите

Објавено пред

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото со кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции во светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година.

dobivaj vesti na viber

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите, кои може да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство.

Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во образованието и се афирматори на темите што денес силно го засегаат светот, а кои чекаат да бидат истражени и споделени.

Музејските институции ги поттикнуваат идните генерации на креативен, динамичен и интересен начин да се осврнат на комплексните општествени предизвици на денешницата, да се информираат за причините и последиците од човековото влијание врз природата и да развијат критичко размислување и лична одговорност неопходна за градење одржливо општество.

Меѓународниот ден на музеите традиционално се одбележува секоја година на 18 мај со цел промоција на значењето на музејските институции во современото општество. Денот посветен на музеите е урврден од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ, со седиште во Париз.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на претставата „Парови“ во Драмскиот театар – Скопје

Објавено пред

Премиера на претставата „Парови“ ќе се одржи утре на 18 мај во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмскиот театар – Скопје.

dobivaj vesti na viber

На прес-конференцијата за претставата говореа режисерката Ивана Ангеловска, авторката Ана Ристоска-Трпеноскаи и дел од актерската екипа.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска-Коцев, дизајнот на постерот е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.

Улогите ги играат актерите на Драмскиот театар – Скопје: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вуисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.

Директорката на Драмскиот театар – Скопје, Викторија Рангелова-Петровска, на прес конференцијата направи осврт на традицијата на Драмски во поддршката на текстови на македонските автори, со што Драмски се издвојува и го држи приматот на национална куќа што дава најискрена поддршка со поставување на претставите на домашните автори.

Таа истакна дека: „Новата премиера на Драмскиот театар, која е воедно и праизведба на драмскиот текст ‘Парови’ од авторката Ана Ристоска-Трпеноска. Должна сум да посочам на улогата на Драмскиот театар во промоција на македонски драмски автори и на македонското драмско писмо. Драмскиот театар од самиот свој почеток, во сите три негови развојни фази, од Куклено-детски театар преку Младинско-детскиот театар и на крајот Драсмскиот театар во програмската политика искрено се залагал за промоција на македонски автори и на домашното драмско творештво. На самиот почеток на репертоарот на куклено-детската сцена во периодот од 1946 до 1960 година се поставуваат дела создадени од Петре Прличко, кој се потпишува под оригинални детски пиеси и прави театарски адаптации на Дизниевите филмови за деца, како авторите што одбележаа значаен дел од македонската книжевност, како Славко Јаневски („Шумска дружба“, „Шеќерното дете“), Ванчо Николевски („Горски суд“) и Александар Алексиев („Немирници“). Во периодот од 1960 до 1970 следува интензивна промоција на битовата драмтургија претставена преку Ристо Крле („Парите се отепувачка“), Васил Иљоски („Бегалка“, „Свадба“) за да продолжи со промоција на поствоени автори, кои од докажани прозаисти добиваат можност на сцената на Драмскиот театар да го преточат својот театарски обид во успешна театарска приказна, а тоа се авторите: Томе Арсовски („Александра“, „Бумеранг“), Коле Чашуле („Партитура за еден Мирон“), Милан Ѓурчинов („Богомилска балада“), Симон Дракул („Немирна рудина“), Петре М. Андреевски („Богунемили“), Оливера Николова („Земја во која не се стигнува“), Георги Сталев („Болен Дојчин“), Богомил Ѓузел („Адам, Ева и Јов“). Од 1970 почнува златниот период на Драмскиот театар, кој исклучиво се должи на претставите работени на домашни автори, како Горан Стефановски со „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Кула вавилонска“, „Чернодрински се враќа дома“, „Демонот од Дебар Маало“, „Огнени јазици“ итн. Јордан Плевнеш („Еригон“, Р, „Југословенска антитеза“, „Слободен лов“, „Последниот маж“, „Последната жена“), Русомир Богдановски („Пангуриј“, „Чудото на св. Ѓоргија“) и комедиографот Миле Поповски („Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“), кои соработуваат како тандеми со режисерите Слободан Унковски, Љубиша Георгиевски и Коле Ангеловски. Од 1990 година, покрај овие веќе етаблирани автори, со кои театарот ја продолжува соработката и во годините што следуваат, Драмскиот театар ја отвора вратата и се залага за промоција на новата генерација драмски автори и драматурзи, како Жанина Мирчевска („Шуави ап“, „Есперанца“), Сашко Насев („Чија си“, „Грев или шприцер“), Југослав Петровски („Вазна од порцелан“), Дејан Дуковски („Друга страна“) и Венко Андоновски („Словенски ковчег“, „Кандид во земјата на чудата“).

Во последните децении Драмски театар на театарската сцена ги поставува исклучиво дела на млади македонски драмски авторки како Жанина Мирчевска (Ждрело), Благица Секуловска (Безљубни), Миа Николовска (Така зборуваше Гертруда) како и адаптации и драматизации испишани од жени драматурзи, работени по прозни дела на македонски авторки како што е случајот со Мојот маж од Румена Бужаровска. Праизведбите и соработката на Драмски театар во последниве години не е тенденциозно условена во соработка со жени автори, таа е природно поставена. Не занам дали ви е познато но последните генерации на школувани драматурзи се исклучиво жени. Женскиот драмски ракопис е доминантен.
Зошто ја правам оваа историска ретроспектива на улогата на Драмски театар во дефинирање на македоската драматургија, ја правам за да ја потенцирам улогата на Драмски театар во одржување на континуитетот на македонското драмско писмо и тоа со праизведби со што ја докажува вербата во новите автори. Ја потенцирам улогата на Драмски театар преку кој се дефинираат театарките животи на најголемите македонски драмски автори. Драмски театар е институцијата која отвара врата и искрено и несебично вложува во промоција на македонското драмско творештво и во македоските автори.

Девизата на Ристо Стефановски дека без македонска драма нема театар, беше и остана една од примарните задачи на повеќе или помалку секој раководител на Драмски театар. За таа цел од оваа година Драмски театар започнува со реализација на конкурс за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години а наградата го носи името Горан Стефановски.

И таа доминација на жените автори и денес е тука и е претставена преку Ана Ристоска Трпеноска со чие дело Парови во сабота навечер ќе се претстави пред македонската публика. Во реализација на нејзиното дело се вклиучија режисерката Ивана Ангеловска, сценографот Костадин Трпеноски, композиторот Ади Имери, изборот на костими го изготвија Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев и актерската екипа составена од искусни актери на Драмски и новата снага и тоа: Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Лазар Христов и Ирена Ристиќ која се извинува за неприсуството и е отсутна од оправдани причини. Оваа актерска екипа е заслужна за заокружување на театарскиот проект во целина, без нивната комплетна посветеност заокружувањето на процесот ќе беше неможен. Со тоа како и многупати до сега уште еднаш се потврдува дека актерскиот ансамбл на Драмски театар е неверојатна движечка сила“.

Авторката Ана Ристоска-Трпеноска во драмскиот текст промислува на современ јазик и го поставува прашањето:

„Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството?

Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет.

Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида.

Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ.

Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите“.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавена програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Објавено пред

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар – Скопје (киното „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“.

dobivaj vesti na viber

Ќе гостуваат поети од Норвешка, од Ирска, од Словенија, од Грција, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети! Официјалното отворање е закажано за 30 мај во 20 часот во МКЦ.

Мотото на годинешниот фестивал е „Борба. Не војна!“, а автор на постерот е Андреј Павлов.

Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастер-клас за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и јога-час и поетско читање во природа.

Годинешното издание на фестивалот го овозможи Министерството за култура, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писателите (HDP), „ПНВ публикации“ и хотел „Цара 1928“. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се Радио МОФ, „Кајгана“, „Умно“ и „Култура Бета“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет49 минути

Русија има сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет2 часа

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија3 часа

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија17 часа

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија19 часа

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија20 часа

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија20 часа

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ20 часа

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија21 час

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија23 часа

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ23 часа

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет24 часа

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет1 ден

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа1 ден

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...

Свет1 ден

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...

Свет1 ден

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Ким Јо Јонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, повторно негира дека разменилe оружје со Русија, објави државната новинска...

Европа1 ден

(Видео) Украинците ги нападнаа Крим и два руски града, одекнуваат експлозии, избувнуваат пожари

Пристанишниот град Севастопол на окупираниот Крим е нападнат трета ноќ по ред. Десетици беспилотни летала го нападнаа Севастопол и блискиот...

Македонија2 дена

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК)...

Македонија2 дена

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: „Тоа прашање требаше да го поставите лани“

Министерот за здравство, Илир Демири не кажа дали осумнаесетте договорци од Токсикологија се стручни, туку рече дека бил загрижен за 18-те...