Контакт

Култура

Отворен 11. „Про-за Балкан“, вечерва тркалезна маса на тема „Литературата како (де)конструкција на стварноста“

Објавено пред

Седум врвни писатели од Балканот синоќа во Даутпашиниот амам во Скопје беа претставени пред македонската публика на отворањето на 11. интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“ во Скопје. Сите до еден успешни автори во своите земји, но и преведени на десетици јазици во регионот и пошироко. Повеќето од нив веќе добро познати за домашните читатели, преведени и на македонски јазик.

dobivaj vesti na viber

На гостите на фестивалот добредојде им посакаа идејните творци на фестивалот – Дејан Трајкоски, Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Потсетувајќи на зборовите на Оливера Николова за мисијата на писателите, Александра Јуруковска ја поведе публиката низ творештвото на еминентните автори, гости на фестивалот.
Владимир Левчев ѝ го доближи на нашата публика влијанието што го имал од татко му, поетот и писател Љубомир Левчев, добитник на наградата „Златен венец“ во 2010 година. Владимир Левчев пишува и поезија и проза, а неговиот роман „Крали Марко: Балканскиот принц“, кој е преведен на македонски јазик, наиде на добар одглас кај нашата читателска публика.

„Крушата не паѓа подалеку од дрвото“, рече тој и додаде: „тоа секако влијаеше да се заинтересирам за литературата, па така еден од првите поети што ги преведов уште во далечната 1982 година беше Гинсберг“.

Со писателот и сценарист Тарик Туфан, кој беше гостин на „Про-за Балкан“ во 2019 година, разговараше Прокопиев за магијата што ја создаваат писателите, за Истанбул како инспирација и воопшто врската меѓу градот и писателот.

„Духот на сите нас вечерва се спои тука преку литературата. Трагаме по духот на зборовите бидејќи се обидуваме да ги извадиме на површина нашите скриени чувства. Преку раскажување на приказните сакаме на луѓето да им покажеме дека сме тука, дека сме присутни. Сега сме на прагот на еден нов светски поредок, на едно ново човештво, кое варварски го напаѓа нашиот дух. Ако зборуваме за магијата на литературата, мораме да зборуваме за воскреснувањето на човекот, за повторно пронаоѓање на човекот, негово повторно разбирање и можеби негово повторно воскреснување. Во такви услови науката и политиката се немоќни во тоа. И затоа последната надеж за воскреснување на човекот е литературата и според мене тоа е една магија од која имаме потреба“, рече Туфан.

За делото на Драго Јанчар, годинашниот лауреат на наградата „Прозарт“ на фестивалот, зборуваше Лафазановски, кој истакна дека Јанчар поместува граници со своето перо, и историски и книжевни, и во секоја смисла е европски, па и светски писател.

Јанчар, осврнувајќи се на своите дела, кои се преведени кај нас, рече: „Иако кај мене не оди без темни, опасни и парадоксални ситуации и иако многу мои дела се поврзани со војна и насилство, низ нив се проткајува некаков вид оптимизам, некаква волја за живот. Кога на словенечкиот писател Иван Цанкар му префрлувале зошто пишува толку темно, рекол ‘сликам темно, моите очи што повеќе да копнеат по светлост’. И така е некако и во мојата литература“.

Романот „Внатрешно море“ на Даница Вукиќевиќ на почетокот на годинава ја доби НИН-овата награда за најдобар роман за 2022 година. Прокопиев е преведувач на нејзиниот роман на македонски јазик. На неговото прашање за структурата на нејзиниот роман, Вукиќевиќ, која е и поетеса, рече:

„Не седнав со намера да напишам роман. Тоа и за мене беше изненадување и веќе не би пишувала ако тоа што го пишувам не ме изненадува. Сакам пишувањето да ме радува и да буди нешто во мене, а не да штанцам книги. Мислам дека секој добар роман е полн со поезија и јас се гордеам што ги споив двете работи.

Фестивалот „Про-за Балкан“ секогаш обрнува внимание и на застапеноста на македонските автори. Годинава гостинка е писателката и монтажерка Снежана Младеновска-Анѓелков, која беше првата дебитантка што во 2011 година ја доби наградата „Роман на годината“ за својата дебитантска книга „Единаесет жени“. Таа вели дека монтажата како нејзина примарна професија е длабоко поврзана со нејзините дела и како во монтажата така и во книжевноста ги ампутира сите оние делови што смета дека само би ја нарушиле херметичноста на приказната.

„Кај мене минатото е заробено во слики што ги повикувам и ги оживувам. Си ги чувам тие слики, си ги негувам во тоа што го нарекувам вечно сегашно време и кога ќе го напишам, го напуштам да оди во минатото. Сè дотогаш живее и цело време го гледам“, истакна таа.

Помеѓу гостите на фестивалот годинава е и режисерот на култните „Кој тоа таму пее“ и „Маратонците го трчаат почесниот круг“. Слободан Шијан почнал како сликар, а денес е култен автор на тринаесетина книги.

„Првин бев сликар, завршив ликовна академија. Потоа пишував фанзини, па режирав играни филмови и никогаш не сакав да се потпишувам на сценаријата на луѓето. Секој сценарист си носеше свој свет и ми беше интересно тој свет да го интерпретирам. Но, потоа дојдоа тешки времиња кога не смеев да работам, па мојот интерес за занимавање со филм се прошири на пишување“, објасни Слободан Шијан како почнал да пишува книги.

Ренато Баретиќ е хрватски писател и новинар со многубројна публика. Лафазановски го нарече тотален писател оти веќе 40 години живее исклучиво од пишување. Неговиот роман „Осмиот повереник“ беше една од најнаградуваните книги во Хрватска, а последниот роман „Последна рака“ како протагонист има признат писател и поранешен новинар кој доживува креативна и животна криза. На прашањето дали станува збор за автобиографски роман, тој рече:

„Секако дека е и секако дека не е. Се чини дека секој автор, без разлика со која уметност се занимава, внесува свои искуства и тоа истовремено се и не се автобиографски работи. Јас сакав нешто друго да постигнам со таа книга. Еве, да речеме, замислете дали е можно и нас некој да не пишува? Чија е последната рака? Јас, се извинувам, не сум верник и не мислам дека божјата рака е прва и последна. Но, кој всушност ја напишал таа приказна во „Последна рака“, чија е таа последна рака и тоа прашање сакав да го оставам отворено и се надевам дека како и претходните три, ќе биде и таа набргу преведена на македонски.

Денеска, на програмата на фестивалот се неколку настани. Во 13.30 часот гостите на програмата „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачите. Вечерва, пак, од 20 часот, во „Јуроп хаус Скопје“ ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како (де)конструкција на стварноста“. Ќе учествуваат гостите писатели, а модератор е Владимир Јанковски.

Програмата „Скопје фелоушип“ оваа година е дел од меѓународниот проект „Читај, сподели, уживај“, се реализира во соработка со КУД „Содобност“ од Словенија, а кофинансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Организатор на фестивалот „Про-за Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медија“ од Скопје.

Култура

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Објавено пред

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, порача дека младите преку уметноста оддаваат почит кон личностите кои имаат непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја.

dobivaj vesti na viber

− „Цртај на македонски“ со креативни уметнички идеи го заштитува и го промовира македонскиот јазик. Насликан е уште еден мурал преку кој младите уметници оддаваат почит кон личностите со непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја − рече Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека во изминатите три години младите со своите креативни идеи на автентичен начин ги популаризираат македонскиот јазик и нашата уникатна народна мудрост.

Муралот е дел од конкурсот на Министерството за култура, „Цртај на македонски“, а го изработи визуелната уметница Ивана Самандова, во организација на „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“. Муралот, на кој е насликан цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ од македонскиот културен деец, собирач на умотворби и фолклорист Марко Цепенков, е дел од поддржаниот проект на Самандова, „Јазикот коски нема, ама коски кршит“.

– Преку конкурсот „Цртај на македонски“ во изминатите три години ги поттикнавме младите на креативност. Отворивме нови можности за поддршка и презентација на нивниот талент – рече министерката за култура и додаде дека за три години преку овој конкурс се доделени пет милиони денари за реализација на над 60 дела.

„Министерството за култура останува посветено кон младите автори за чие творештво секогаш имаме посебна почит и обврска да го прикажеме на публиката“, истакна Костадиновска-Стојчевска денеска на промоцијата на новиот мурал на предната фасада на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Прикажи повеќе...

Култура

„Златен објектив“ за Столе Попов

Објавено пред

Кинотеката го одбележува својот роденден, односно датумот кога во „Службен весник“ е објавен Законот за формирање на Кинотеката – на 29 април, во далечната 1974 година.

dobivaj vesti na viber

И, иако Кинотеката формално започнува да работи со полн капацитет и со полна организациска структура дури две години потоа, во 1976 година, кога ги добива своите први канцеларии и депо и започнува да собира архивски материјали, формирајќи ги првите аудиовизуелни збирки и организирајќи ги првите кинотечни филмски проекции – сепак го одбележува како свој роденден 29 април секоја година.

Последниве две децении, по тој повод и околу тој датум – Кинотеката го објавува годишните добитници на сега веќе традиционалното признание „Златен објектив“, кое Кинотеката им го доделува на филмски автори и работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Досегашни добитници на ова признание, досега биле: режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, актерот и режисер Коле Ангелов, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митровска, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Луковска-Дончиќ и Спасе Тасевски, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, продуцентот Панта Мижимаков, филсмките критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски Доре, композиторот Љупчо Константинов, костимографите Елена Дончева и Зорица Тодорова-Младеновиќ, тон-мајсторот Глигор Паковски, сликарот Коле Манев и филмскиот работник Коста Крпач.

Оваа година, пак, „Златниот објектив“, по одлука на Управниот одбор на Кинотеката, ќе му биде доделен на Столе Стојан Попов – режисер, сценарист, продуцент и автор, кој во голема мера ја задолжил националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на филмската уметност и филмското образование:

Столе Попов е роден 1950 година во Скопје, а во 1973 година дипломира на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Снима уште како студент, а со првите документарни филмови како филмски професионалец – ОГАН (1974) и АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА (1977), тој веќе се етаблира како талентиран филмски творец со препознатлив стилски и естетски сензибилитет. Од 1978 година, се вработува во „Вардар филм“ – и веќе следната, 1979 година, со ДАЕ, документарецот за ромското население во Скопје – станува прв македонски автор кој е номиниран за престижниот американски „Оскар“, тогаш како претставник не само на македонскта, туку и на југословенската кинематографија во тоа време. Потоа, снима бројни рекламни филмови – за Алкалоид, ГП Маврово и ХЕК Југохром, а првиот негов игран филм – ЦРВЕНИОТ КОЊ, го реализира во 1981 година. По тоа следуваат долгометражните филмови СРЕЌНА НОВА ‘49 (1986), ТЕТОВИРАЊЕ (1991), ЏИПСКИ МЕЏИК (1997) и ДО БАЛЧАК (2014), поголем број негови менторски и продуцентски проекти, како и неговиот професорски ангажман на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Член е на Европската филмска академија, а еден период беше и директор на државната продуцентска куќа „Вардар филм“ во тоа време.

Во 2011 година – неговите филмови (три документарни и четири играни дела) беа дигитално реставрирани и објавени во форма на ДВД-издание – што воедно беше и првиот проект за дигитална реставрација реализиран од страна на Кинотеката.

Речиси сите негови филмови – и документарните и играните – се наградувани на бројни регионални и на светски фестивали, а некои од нив – како на пример ТЕТОВИРАЊЕ и СРЕЌНА НОВА ’49 – се здобиваат и со култен статус кај различни генерации од тогашната домашна македонска и југословенска публика, и тој статус само се зголемува и продлабочува со минувањето на времето…! Тоа е и еден од најголемите и вистински показатели за неговата авторска оригиналност и специфична филмска естетика и квалитет – заедно со неговата филмска оставштина и залог помеѓу поновите генерации на филмски автори и промислувачи на филмот кои дошле и доаѓаат по него – поттикнати, окуражени и инспирирани од неговиот длабок естетски и специфичен филмски опус, и од неговиот високо значаен стилски авторски белег кој тој го остава во македонската кинематографија…

По повод Денот на Кинотеката – на 29. Април, 2024 година – сите кинотечни печатени и електронски изданија на Кинотеката досега: значајниот број издадени книги од областите на кинотечната и филмска наука, историја и уметност, сите изданија на кинотечното списание КИНОПИС и сите ДВД-изданија на Кинотеката – ќе се продаваат со „роденденски“ попуст од 50%, во просториите на Кинотеката.

Свеченото доделување на „Златниот објектив“ на нашиот голем доајен на филмската уметност – Столе Попов – ќе се одржи кон крајот на мај оваа година, во просториите на Кинотеката.

Прикажи повеќе...

Култура

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“

Објавено пред

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата.

dobivaj vesti na viber

Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси.

Цели на Фондацијата ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто.

Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории.

Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми: „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија, прво, тивок бојкот за претседателските избори, второ, Ахмети добил бел лист од Ковачевски да напише што сака

Државата ни ја одземаа. Народот изгуби контрола над системот, институциите се киднапирани од стотина души на ДУИ кои управуваат со...

Македонија10 минути

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Македонија е на нозе. Народот си ја враќа државата повторно во свои раце. Победата на 24 април покажа дека сите...

Македонија12 минути

Ахмети од Долнени: Европскиот фронт е цврст како челик

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по Кичево со своите соработници се сретна и со граѓаните на Крушево и населените места...

Македонија14 минути

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

На митингот кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека...

Македонија13 часа

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна...

Македонија13 часа

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија18 часа

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија19 часа

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија20 часа

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет20 часа

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет20 часа

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет22 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе...

Македонија23 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно...

Македонија1 ден

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат...

Свет2 дена

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија2 дена

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија2 дена

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ2 дена

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...