Контакт

концерти

Охридско лето приредува велигденски концерт со ансамблот „Ноктурно“

Објавено пред

Во рамките на дополнителната програма на Охридско лето, а по повод големиот христијански празник Велигден, на 23 април во катедралната црква „Св. Софија“ ансамблот „Ноктурно“ од Србија ќе одржи концерт на духовна музика.

dobivaj vesti na viber

Вокалниот ансамбл „Ноктурно“ настанал кон крајот на 2005 година како потреба на домашната сцена да се претстават музички дела од разни жанрови. Членовите на ансамблот „Ноктурно“, пред сè, се професионални членови на хорот на Операта при Народниот театар во Белград. Ансамблот во зависност од потребите настапува како октет, двоен октет, проширен хор или како поединечен машки или женски состав.

Досега настапувале на разни настани во земјата и странство, а како најважни се гостувањето на ансамблот на фестивалот БАМ во Бруклин Њујорк во 2006 година кога ја изведуваат претставата „Виолетов оган“ за Никола Тесла.

Исто така, во серија независни продукции настапувале на свеченото отворање во рамките на промоцијата на „Уника осигурување“, проектот на компанијата „Јафа“, фестивалот БЕЛЕФ. Голем број нсамостојни концерти одржуваат во Србија во организација на собранијата на градовите Кралево, Белград, Нови Сад, Бечеј, Сомбор и др. Често настапуваат како гости на концертите на ревијалниот орекестар „Метрополис“.

Сметајќи дека музиката е универзален јазик, им излегуваат во пресрет на многу оперски и естрадни уметници во својство на придружен хор.
Нивниот репертоар и опус е широк и се движи од класичниот оперски репертоар преку опусот на духовната музика, па сè до нумери на популарната музика приспособени за хорска музика.

Членовите на ансамблот „Ноктурно“ како поедници или како дел од ансамблот настапуваат во претставите на Југословенскиот драмски театар, „Мадленијанум“, театарот „Звездара“, како и во целосниот оперски репертоар на Народниот театар во Белград.
Со овој концерт, на кој фестивалската публика ќе ужива во музиката на православието, ќе се заокружат концертите што Охридско лето ги организира надвор од стандардниот термин 12 јули – 20 август.

Билетите по цена од 150 денари може да се набават во дирекцијата на Охридско лето и пред почетокот на концертот на самиот влез од црквата „Света Софија“.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските...

Свет18 минути

Трамп: Нема да има избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја средиме земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Ќе потрае некое време“...

Свет23 минути

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Чугоку во западна Јапонија во вторник наутро, по што следеа низа...

Свет15 часа

Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од ужасниот пожар што се случи во бар за време на новогодишната ноќ...

Економија17 часа

Директорката на УЈП не призна грешка во испратените решенија за данок од работа во странство, но повика секој што има доказ дека е платен, да го достави

Решенија за оданочување на доход од странство за 2020 година Управата за јавни приходи (УЈП) законски морала да ги испрати...

Македонија18 часа

Ампутации, рани, изгореници, кај седум лица било интервенирано на новогодишната ноќ; Алиу со апел, петардите не се играчка, нивното користење е забрането

Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за...

Македонија20 часа

(Видео) Димитријевиќ: Цела структура на ВМРО во „Алта Банка“, Неделкова, баџанакот на Тошковски, Кадиевска-Војновиќ

Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател, се враќа фокусот...

Македонија20 часа

МНР: Наместо неаргументирани коментари, од Бугарија очекуваме европско однесување и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик

Република Северна Македонија останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување...

Македонија21 час

Бугарското МНР: Скопје повторно отстапува, прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците е внатрешно

Бугарија изразува загриженост за отстапувањата на Скопje од Европскиот консензус од 2022 година, се вели во ставот на Софија, објавија...

Свет22 часа

Орбан: Пред нас се уште понестабилни, непредвидливи и опасни години

Американските акции против Венецуела дадоа дополнителен доказ дека сегашниот глобален поредок се распаѓа, додека новиот свет сè уште не е...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на страната на Мадуро, тие и по 48 часа се без став за апсењето на венецуелскиот диктатор

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека опозициската СДСМ и по 48 часа нема изнесено став за апсењето на венецуелскиот лидер Николас...

Култура23 часа

Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар...

Култура24 часа

Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар...

Свет1 ден

Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет

Апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, претставува сериозен преседан во меѓународните односи и...

Свет1 ден

Кина е бесна поради акцијата на САД, Трамп: Имам добар однос со Кси

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти операцијата на САД во Венецуела ќе им наштети на односите...

Македонија1 ден

Облачно со дожд и засилен јужен ветер, заладување кон крајот на неделата

Времето денес ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од јужен...

Македонија2 дена

Жената која го усмрти човекот во Волково воопшто не обрнала внимание на пешаците, велат од ОЈО

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Македонија2 дена

Орце, неговата сопруга и сопругата на премиерот готвеа за бездомните лица во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот...

Топ2 дена

Жена со мерцедес усмрти 60-годишен пешак во Скопје

60-годишен пешак загина откако беше прегазен од автомобил  мерцедес управуван од 40-годишна жена од Скопје. Несреќата се случила на улицата...

Свет2 дена

Девојче на 14-годишна возраст е најмалата жртва во пожарот кој избувна за време на новогодишната ноќ во Швајцарија

Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во...