Култура
Петто издание на „Фестивалот на тркала“
Пет филмови денеска, утре и задутре се прикажуваат во рамки на петтото издание на „Фестивал на тркала“. Фестивалските тркала тргнаа од 7 декември во Центарот за култура во Гостивар од каде се стркалаа во Центарот за култура во Неготино.
Во киното при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечерва на програмата се италијанскиот филм „Принцот на криминалот“ и тинејџерскиот филм „Планинско чудо“.
Утре на програмата се швајцарскиот филм „Темна судбина“ и германскиот документарен филм „Хитлеров Холивуд“ и задутре ќе биде прикажан швајцарскиот филм „Голијат“.
Филмските тркала продолжуваат да се движат по патиштата низ земјава овозможувајќи им на децата и на возрасните низ републиката причина за уживање во квалитетен филм од најновата европска кинематографија. Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Собирачи на пердуви“ на Пројковски триумфира на фестивал во Србија
Претставата „Собирачи на пердуви“ (Skupljaci perja), во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на Српско Народно Позориште од Нови Сад, ја освои првата награда на реномираниот Фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево. На овој традиционален фестивал кој се одржува веќе 11 години, публиката ги оценува претставите.
– Во сериозна конкуренција имаше пет претстави, а највисоката оценка (4,81) на годинешниот фестивал, на кој публиката имаше можност да ги искаже своите впечатоци од претставите што ги гледаше, со рејтинг и гласање, ја доби претставата „Собирачи на пердуви“ во продукција на Српскиот народен театар од Нови Сад, во режија на Дејан Пројковски, се вели во официјалното соопштение на Фестивалот.
Премиерата на претставата „Собирачи на пердуви“ се одржа во ноември минатата година во Нови Сад и важи за една од најголемите продукции во регионот, за која се бара карта повеќе.
„Собирачи на пердуви“ е по текст на Александар Петровиќ, по кој е снимен истоимениот култнен филм, добитник на Гран при на канскиот фестивал во 1967 година. Драматургијата и адаптацијата ја потпишува Сашо Димовски, сценограф е Валентин Светозарев а композитор е Оливер Јосифовски, кој музуката ја изведува во живо со извонреден оркестар на сцена. Во претставата играат 30 актери од СНП, меѓу кои и Марко Савиќ, Марта Береш, Милан Ковачевиќ, Александар Гајин, Јована Балашевиќи други.
– Повеќе од половина век подоцна, враќањето на „Собирачи на пердуви“ е враќање на реалноста на болката и радоста на слободата, убавината на френетичното живеење, автентичноста на животот, желбата и страста, смртта и еросот. Тоа е враќање на константа која, без разлика на промената на контекстот, останува иста. Нејзината суштина е отпорна на општествените промени и го претставува токму отпорот да се обликува во конвенциите на современиот свет: толку многу што создава свет доволен за себе. „Собирачи на пердуви“ е химна на слободата до која секогаш се доаѓа поради затворот пред сопствени очи, вели Пројковски.
Критиките и оцените кои ги доби претставата по премиерата се восхитувачки.
Па така, Милица Николиќ за претставата ќе напише:
„Одличната режија на Дејан Пројковски, маестралната глума и колоритната сценографија се феноменално заокружени со музиката (Бели Оли и Скупљачи перја оркестра), која не само што многу интензивно не воведува во целата приказна, туку и не држи во неа до самиот крај. Тоа е речиси од клучно значење во преведувањето на филмското платно на театарски јазик“.
Според Марко Радојичиќ претставата е театарски спектакл кој ги надминал сите очекувања и вели:
„За мене нема поголема радост од тоа кога ќе излезам од добра претстава полна со емоции и задоволство да ја гледам во целост. Безвременски текст на Аца Петровиќ во одлична адаптација на Сашо Димовски, маестрален ансамбл предводен од талентираните актерки Бојана Милановиќ и Марта Береш, но и од Марко Савиќ во главната улога, кој симпатично го долови ромскиот „крал на собирачите на пердуви“.
Ефективна сценографија на Валентин Светозарев и шармантните костими на Ивана Ристиќ и музика на Оливер Јосифовски кои го одбележаа секој сегмент од претставата!
И секако, сигурните режисерски способности на Дејан Пројковски да создаде театарска магија за нешто повеќе од два часа. Па, овој спектакл е толку добар што верувам дека ќе ја одбележи оваа (полу) сезона кај нас! Во чест на театарот кој ја промовира културата“
Инаку, на истиот фестивал во конкуренција беше и „Ричард III“ во режија на Пројковски, на Новосадскиот театар и истата се најде на второ место според освоените гласови од публиката.
Култура
Почина најистакнатиот албански писател Исмаил Кадаре
На 88-годишна возраст почина албанскиот писател Исмаил Кадаре.
Исмаил Кадаре е роден 1936 година во Ѓирокастро, мало гратче во планините во јужна Албанија.
Напишал многу познати дела, како „Генералот на мртвата војска“, „Големата зима“, „Куклата“.
Она што треба да се истакне е неговиот град, каде што го напиша романот „Хроника во камен“, тој е дел од светското наследство под заштита на УНЕСКО.
Книгите на Исмаил Кадаре се преведени на повеќе од 45 јазици. Многу од неговите дела биле забранети во тогашна комунистичка Албанија.
За време на животот тој освои неколку меѓународни награди.
„Албанија и Албанците денес го загубија својот литратурен гениј, својот духовен еманципатор, балканскиот поет на нивните митови, Европа и светот го загубија еден од најистакнатите претставници на модерната литература“, рече претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
Култура
„Бич филм фестивал“ во Охрид со шпански филмови под ѕвездите
Во екот на туристичката сезона во Охрид и оваа година се одржува седмото издание на Beach Film Festival од 17-ти до 21-ти јули 2024 година. Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции и музички перформанси на 4 локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински културен центар.
Оваа година земјата во фокус е Шпанија со поддршка од шпанската амбасада на Р.С.М. и ќе се прикажат филмови за сите возрасти, вклучувајќи ги и најмалите. Филмовите смело ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските. Ќе бидат прикажани како претпрограма од 3 – 7 јули 2024 на Плажата Сараиште и проекциите ќе бидат од отворен карактер, бесплатни за сите посетители.
Beach Film Festival секоја година расте не само квантитативно со бројот на филмови кои се прикажуваат, но и квалитативно со изборот на европски филмови.