Контакт

концерти

Пијанистот Дино Имери ги промовираше македонските композитори на концерт во Софија

Објавено пред

Пијанистот Дино Имери на покана и во организација на софиската филхармонија, одржа солистички рецитал во рамки на циклусот „Музиката на Европа“ на кој промовираше дела на македонските композитори Зографски, Џамбазов, Николовски, Дамир Имери, Глишиќ, Завков, како и свои авторски композиции чија премиера доживеаја во концертната сала „Бугарија“.

dobivaj vesti na viber

Нашиот пијанист е редовен гостин на софиската филхармонија, а со овој настап во нивната 90-та јубилејна сезона го одржа својот петти концерт во Софија.

На концертот беше присутна и Панда Зографска Беличанец, претседател на Фондација „Томислав Зографски“, и композиторот Дамир Имери, кои на концертот допатува специјално од Скопје, а меѓу видните гости се најде и големиот бугарски пијанист и композитор маестро Виктор Чучков, кој со воодушевување го проследи концертот.

Имено, Чучков го покани маестро Имери да биде член на стручното жири на престижниот меѓународен натпревар по музика кој ќе се одржи во Добрич, Р Бугарија, во септември со што продолжуваат ангажманите на нашиот пијанист во соседна Бугарија.

„Би сакал да се заблагодарам на луѓето од софиската филхармонија кои ја иницираа идејата во нивниот град да се претстави македонското творештво. Се надевам дека достојно ја претставив нашата богата музика и дека оваа програма ќе може да ја чуе и публиката во Македонија“, изјави за медиумите нашиот пијанист.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните...

Свет5 часа

Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД

Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер...

Македонија5 часа

Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра

Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра....

Македонија6 часа

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е...

Македонија7 часа

Не е работа на бранителот да биде судска достава, забележаа адвокатите и побараа судот да им го достави интегрираното обвинение и на обвинетите за „Пулс“

Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ...

Македонија8 часа

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за искористување на мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи,...

Топ9 часа

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија10 часа

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа11 часа

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија11 часа

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа12 часа

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...

Свет12 часа

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет13 часа

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет13 часа

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа13 часа

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...

Македонија1 ден

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија1 ден

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ1 ден

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ1 ден

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија1 ден

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...