Контакт

Книги

Поезија од Митко Гогов објавена во Кина

Објавено пред

Деновиве од печат излезе новиот број на месечното списание за литература „Chinese Language Monthly“ во Кина во кое македонскиот поет со потекло од Струмица Митко Гогов е застапен со избор од неговата поезија. На десетина страници се поместени стихови кои се дел од неговиот поетски опус, а во препев на Tze-min Ition Tsai, универзитетски професор, уредник и преведувач. Годинава тој е поканет да учествува на Интернационалниот поетски фестивал „Формоса“ во Тајван, а ова е четврта публикација на неговата поезија за само неколку месеци на Истокот.

dobivaj vesti na viber

Mитко Гогов е автор кој пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено на Твитер. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Кина, USA, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија… Актуелен е со неговата стихозбирка „Ледена вода“ издадена во Србија (2011) и во Македонија, во едицијата „Огнови“ на издавачката куќа Антолог (2014).

Претседател е на здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, организатор на глобалната поетска манифестација „100 Илјади поети за промена“ во Македонија, претставник на Светската унија на поети и Школата за поезија – Делегација Македонија, основач на наградата „Антево слово“ која се доделува во Сицилија, Италија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија2 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија3 часа

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија4 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија4 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија6 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија6 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет6 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет7 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија8 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија9 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа9 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет9 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет10 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет10 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа10 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет11 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија11 часа

Мицкоски: Венко не го поддржуваат дури ни неговите пратеници од СДС и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија11 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ23 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...