Контакт

Култура

Претставата „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто… вечерва во МКЦ

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во МКЦ, во салата „25 Мај“, ќе се одржи изведба на претставата „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто…“ по текст на Ханох Левин, а во режија на Ана Батева.

dobivaj vesti na viber

Продукција на домашниот театар „Златен Елец“ и „СПАМ студиос“ од Бугарија.

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

Култура

 Над 450 гости и домашна публика вечерва ќе минат на црвениот килим на Фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено пред

Над 450 гости кинематографери од САД, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Австралија заедно до домашната публика, вечерва во Битола ќе минат на црвениот килим за да го проследат свеченото отворање на 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.

dobivaj vesti na viber

Меѓународниот собир и натпревар на кинематограферите ќе почне со доделување на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која годинава му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, како и со доделување на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.

Во текот на фестивалот којшто трае до 27 септември, ќе бидат емитувани 12 филмови во главната селекција за наградите „Камера 300“, почнувајќи од „Партенопе“, филм со кој вечерва почнува фестивалот.

Прикажи повеќе...

Култура

Со фотографии од наши фотографи во Холандија ќе се прикажува културната и музичката сцена на земјава

Објавено пред

Во Утрехт, Холандија, денеска ќе биде отворена изложбата „5х10“, која ќе ги обедини делата на пет реномирани македонски фотографи: Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Оваа групна изложба, составена од по 10 фотографии од секој фотограф, ќе прикаже повеќе од две децении фотографско творештво, фокусирано врз доловувањето моменти од музички фестивали и концерти во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од Скопје Синема Сити, фотографиите претставуваат уникатен приказ на културната и музичката сцена во земјата, каде што емоциите, енергијата и атмосферата на настапите се доловени преку објективите на овие фотографи.

– Овој настан не само што ја промовира македонската фотографија, туку и нуди можност за интеркултурна размена, покажувајќи ја поврзаноста помеѓу музиката и визуелната уметност пред интернационална публика. Претходно изложбата беше поставена во рамките на „Скопје Синема Сити“, фестивалот за музички документарни филмови, и имаше одличен прием кај публиката, се наведува во соопштението.

Изложбата е организирана од здружението „Номад-Арт“ Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Македонија и Македонската православна црковна општина во Утрехт, „Свети Стефан.“

– Настанот има за цел да го промовира македонското културно наследство, а истовремено и да им овозможи на уметниците да се претстават пред европската публика, стои во соопштението од Скопје Синема Сити. 

Прикажи повеќе...

Култура

„Оро без граници“ вечер во Градски парк

Објавено пред

На Школка во Градски парк вечер од 19 часот ќе се одржи централниот настан од 33. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.

dobivaj vesti na viber

Детскиот културен центар „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл е домаќин и организатор на фестивалот под покровителство на Град Скопје.

Директорката на фестивалот Билјана Лалчевска-Серафимовска истакнува дека „Оро без граници“ е симбол на пријателствo меѓу децата кој континуирано се одржува од 1991 година.

-Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде се формира најголемото оро, кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата. Овој детски фолклорен фестивал придонесува за зачувување и презентирање на традицијата и културата и промовирање на знаменитостите по кои е препознатливо Скопје, истакнува Лалчевска-Серафимовска во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Од денес започнува есента

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата...

Македонија12 часа

Кавадарци му предаде 220 безбедносни камери на МВР и се вклучи во проектот „Безбеден град“

Со повеќе од 220 камери на територијата на градот кои денеска му беа предадени на Министерството за внатрешни работи, Кавадарци...

Европа17 часа

Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони

Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи. Поројните врнежи предизвикаа...

Македонија18 часа

Премиерот Мицкоски вели дека во есенската кошница се производите кои се најкористени од граѓаните

Со есенската потрошувачка кошница се опфатени производи коишто се најкористени од страна на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во...

Македонија20 часа

Љупчо Николовски потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, обвини Петрушевски

„Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Дон Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога...

Европа21 час

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад според новиот закон потпишан од претседателот Володимир Зеленски, кој претходно...

Македонија21 час

Уште два дена сонце, од вторник дожд и грмежи

Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и...

Македонија22 часа

Со нова мобилна апликација МВР ќе се бори против семејното насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која...

Македонија23 часа

Објавени конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните...

Македонија24 часа

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во САД

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

Кузеска: Инцидентот со знамето е грешка на протоколот на Сиљановска, заострувањето на односите на е во интерес ниту на Софија

Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Љупчо дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, додека земјоделците чекале да ги подобри работите

„Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието,...

Македонија2 дена

Адвокатот на таткото на Вања: Обвинението се темели на доказите што ги прибавил Александар, тој е жртва

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, рече дека, денеска, во воведните говори на Јавното обвинителство не слушнале која е...

Македонија2 дена

Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана, не ни требаат тензични состојби, оценува Таравари

Според министерот за здравствo Арбен Таравари, одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана. „Уставниот суд, за жал, се судии...

Македонија2 дена

Ковачев: Ќе бараме ВМРО-ДПМНЕ да ја исклучат од Европската народна партија

Ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побараме да се иницира процедура за исклучување на таа...

Топ2 дена

Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот

Вчера, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Македонија2 дена

Почнува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот...

Свет2 дена

(Видео) Напад со нож во Ротердам: има мртви, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што се случи синоќа во Ротердам. Како...

Свет2 дена

Водостојот на Дунав расте: во Будимпешта би можело да го достигне својот врв за време на викендот

Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на...