Контакт

Култура

Проектот „Помеѓу надеж и страв“ на авторката Славица Јанешлиева и НГМ – претставник на Венециското биенале на уметноста 2024

Објавено пред

Проектот „Inter spem et metum/Помеѓу надеж и страв/Between hope and fear“ на авторката Славица Јанешлиева и Националната галерија на Република Северна Македонија е избран за официјален македонски претставник на 60. интернационална ликовна изложба во Венеција во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Во образложението на стручната комисија при Министерството за култура, во состав: Станко Павлески (ликовен уметник), Зоран Петровски (историчар на уметноста) и Луан Зенку (ликовен уметник), стои дека: „Проектот е дводелна просторна инсталација во која Јанешлиева гради (авто)поетична лирска метафора поттикната од ехо на чувства од издвоен лик од басната ‘Грдото пајче’ на Х. К. Андерсен, сопоставувајќи засебна релациска целина од слики – огледални рефлексии, надградени со истовремено ‘лајф’ снимени и проектирани слики – аголни визури на сопствениот лик – фигури пред огледалaта надополнето и со позната детска мелодија од американските 40-ти/50-ти години на минатиот век, во духот на басната употребена во претходната односна целина воспоставувајќи илустративност на бивањето на поединецот странец или не, во најширока смисла на зборот“.

На конкурсот за финансирање проект од национален интерес во културата од областа на меѓународната дејност за учество на Република Северна Македонија на 60. интернационална ликовна изложба во Венеција во 2024 година, во организација на Венециското биенале (La Biennale di Venezia), годинава пристигнаа и беа разгледани три пријави, за проектите: „Inter spem et metum/Помеѓу надеж и страв/Between hope and fear“ од авторката Славица Јанешлиева и Националната галерија на Република Северна Македонија, кој беше прифатен, и „Ничија уметница/Nobody’s artist“ од Весна Стефановска и „Разгледница од маргините: Расплетување животи, издржливост и други приказни“ од Ѓорѓе Јовановиќ, кои се одбиени бидејќи не ги исполнуваат во целост условите и критериумите на конкурсот.

Венециското биенале на уметноста ќе се одвива од 20.4. до 24.11.2024 година.

Култура

Хорот и оркестарот на скопското училиште „Кузман“ освои шест награди во Јесоло, Италија

Објавено пред

Туристичкото место Јесоло во Италија ги отвори вратите за 500 учесници од 12 држави од светот, меѓу кои и избраниците на професорката по музика Вера Ангеловска од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Кисела Вода. На Светскиот куп во фолклор учесниците настапија во разни дисциплини. Македонските претставници се одлучија за вокално-инструментален ансамбл со хорот и оркестарот, како и соло настапи на пет вокали солисти и еден соло инструмент – гитара.

dobivaj vesti na viber

Старата македонска песна „Учи ме, мајко, карај ме“ беше изборот на Ангеловска за хорот и оркестарот.

Оваа музичка дружина, која брои 49 члена, од кои 39 вокали, осум флејтисти и двајца гитаристи, ја стресе бината. Под диригентската палка на Верче кузмановци блеснаа на отворената сцена, а за комплетен впечаток се погрижи прекрасната кореографија со автентични македонски предмети, како и рецитирањето строфа од македонската љубовна песна „Дениција“.

„Публиката задоволна, жирито исто така. ‘Кузман’ и овој пат ги освои срцата на присутните. Освоеното второ место, пехарот, медалите и дипломите ќе останат да сведочат за овој огромен успех на ООУ ‘Кузман Јосифовски – Питу’. Паричниот ваучер ќе биде само мотив повеќе да се продолжи со работа до следното претставување голем музички настан. Во оваа конкуренција немаше освоено прво место “, велат од училиштето.

За дефилето пред завршната вечер, Македонија беше избрана од страна на организаторот да ја предводи долгата редица натпреварувачи на улиците на Јесоло, па ечеа македонски песни и се вееја македонски знамиња.

Солистите освоија едно прво место, две втори и две трети места, како и една пофалница.

Македонските претставници велат дека добиле и ексклузивна покана за прием кај градоначалникот на Јесоло, Кристофер де Зоти, кој ги поздравил и им посакал уште поголем успех во иднина на музичките таленти од Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на стихозбирката „Моето алтер его“ од Елеонора Николовска

Објавено пред

Во НУ Центар за култура – Крива Паланка, вечерва (28 мај), со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана стихозбирката „Моето алтер его“ од поетесата Елеонора Николовска, во рамките на манифестацијата „Крива Паланка – град на културата 2024“.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за збирка од 47 лирски песни со посебно изразена живост, преку кои Николовска порачува: „Никој нема совршен живот, но сите имаме совршени моменти“.

Рецензентка на збирката е Силвана Крстовска, а промоторка Ирена Белешковска. Стихови ќе чита поетесата Емилија Колевска, а куриозитет за публиката ќе биде настапот на младата талентирана Нина Николовска, државен првак во соло пеење.

Илустрациите на поетската збирка се креирани од Ана Срока, преку колаж на цветни мотиви што ги разигруваат страниците полни со емоции.

Елеонора Николовска е родена во Крива Паланка. Дипломира на Филолошкиот факултет, а подоцна магистрира менаџмент на човечки ресурси.

Авторка е на збирката поезија „Чекајќи го животот да се случи“, (2021) и збирката раскази „Расказите раскажуваат“ (2023).

Нејзините поетски творби, раскази, сатирични песни, афоризми и други творби се објавени во над 70 збирки, зборници, списанија, антологии на македонската и балканска книжевна сцена.

Прикажи повеќе...

Култура

Патувачката изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ се враќа во Штип

Објавено пред

По успешните претставувања на изложбата од Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ пред прибирливата публика во Софија и пред публиката од разни возрасти во Виница, „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ се враќа во своето почетно место – Штип.

dobivaj vesti na viber

Со отворањето во „Галерија 22“ на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип, на 28 мај 2024, со почеток од 12 часот, делата од дипломираните и актуелни студенти ќе ја заокружат целта на проектот – афирмација на штипската Ликовна академија во земјата и регионот.

Со проектот се случи првото претставување на квалитетите на високообразовната установа надвор од државата и градот Штип. Проектот создаде пријателства и поврза институции од областа на културата и образованието. Се разменија искуства и се говореше за квалитетот на образованието и ликовната уметност.

Изложбата во Штип ќе биде отворена од страна на деканот на Ликовната академија, проф. д-р Петар Намичев, во присуство на професорите – ликовни уметници, како и во присуство на авторите на изложените дела.

Учесници на изложбата се: Вангел Крстиновски, Бојана Тошевска, Мики Иванов, Миа Ефремова, Крсте Тарабунов, Ивана Ивановска, Дејан Витанов и Александра Јеротиевиќ-Андреева.

Жанровски најзастапена е мртвата природа, а исто така може да се видат и лицата на некои од авторите преку жанрот автопортрет, како и дела што биле дел од специфични задачи од опфатените предмети во Ликовната академија.

Д-р Иво Пецов како куратор на изложбата се погрижи да бидат избрани карактеристичните дела од ареалот на штипската Ликовна академија во согласност со целите на нејзината програма – да образува кадри од областа на класичното сликарство. Изложбата прави своевиден пресек на досегашната работа на Академијата, а изложените дела се од периодот 2019 – 2023 година.

Во образовната програма „Класично сликарство“ студентите од оваа изложба работеле под менторство на разни наставници, и тоа: Викторија Егорова и Игор Егоров од Русија, Лариса Бондаренко и Владимир Недајборшч од Украина, како и македонските професори: Јордан Ефремов, Слободан Милошески, Ванѓа Димитријева-Кузманоска и Јана Јакимовска.

Посетителите на галеријата во НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе имаат можност да ја разгледаат до 10 јуни 2024 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил

Африм Гаши има поддршка од ЗНАМ за претседател на Собранието. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна...

Македонија1 час

Апасиев смета дека со Гаши парламентот ќе биде косоваризиран, Мицкоски коментира дека се однесува како џанак

Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, пред конститутивната седница денес ја отфрли можноста да го поддржат изборот на...

Топ2 часа

Во тешка сообраќајна несреќа во Делчевско загина маж

Вчера, во 12.15 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атарот на село Драмче, Делчевско, се случила сообраќајна...

Македонија2 часа

Земјотрес во Скопје

Во Скопје утрово е регистриран земјотрес. Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека потресот се случил во 10.48 минути, со Рихтерова локална магнитуда...

Македонија3 часа

Пронајдени 1.408 пушки од балканските војни при градежен зафат во Битола

Регионалниот ЦУК Битола известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување градежни земјени работи, пронајдени се 1.408...

Свет5 часа

Шпанија, Ирска и Норвешка, денеска, и официјално ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Ирска и Норвешка и официјално ќе ја признаат палестинската држава и покрај бесната реакција на Израел. Повеќе од 140...

Македонија18 часа

На 30 јуни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30...

Македонија18 часа

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: злоупотребите со европското знаменце нема да се применуваат, потенцирана европската заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир....

Македонија20 часа

Гаши седнува во спикерското столче: поради кандидатурата за претседател на Собранието, поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива

На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм...

Македонија22 часа

Хируршките сали на Клинички остануваат затворени: Системот за воздух мириса и без хаварија, примероци од гасот испратени во Германија  

Лабораторија во Германија ќе утврдува зошто без хаварија во системот се јавува миризба во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран...

Македонија23 часа

Демири на заминување го разреши и директорот на Кардиохиругија: Открив дека 170 пациенти не се внесени во „Мој термин“, за нив нема отпусни писма ни умреници

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски . Открил дека во Клиниката...

Топ1 ден

Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино

Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј....

Македонија1 ден

Експресниот пат Штип – Кочани нормализиран за сообраќај

Во 10 часот и 40 минути, сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е нормализиран за сообраќај, извести АМСМ. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Братот на убиениот пејач на пластичарската улица: Амар ќе биде погребан денеска

Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото...

Македонија1 ден

Извршен увид по пукањето на пластичарската улица во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид...

Топ1 ден

Еден убиен, двајца повредени во пукање на т.н. пластичарска улица

Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот Никола Карев, познат како пластичарска...

Свет1 ден

(Видео) Израел му одговори на Хамас со ракетен напад; Хамас: Погоден е камп, убиени жени и деца

Министерството за здравство на Хамас објави дека десетици луѓе загинале или се повредени во експлозија во бегалски камп во областа...

Свет1 ден

(Видео) Торнада опустошија неколку делови на САД, десетина мртви

Торнада кои го зафатија централниот дел на САД усмртија најмалку десетина луѓе и оставиле трага на уништување, а синоптичарите предупредуваат...

Европа1 ден

(Видео) Надзорните камери на трговскиот центар во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви

Бројот на загинати во рускиот напад на специјализиран трговски центар со градежни производи во Харков се искачи на 16. Меѓу...

Македонија2 дена

Земјава нема развиен концепт за менаџирање со дијабетесот, вели Велев

Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, денеска во Градскиот парк во...