концерти
Промоција на албумот „Синергија“ на Дуке Бојаџиев во „Станица 26“
Со почеток во 20 часот, вечерва во ноќниот клуб „Станица 26“, ќе се одржи промоција и јавно преслушување на најновиот студиски албум со наслов „Синергија“ на македонскиот музичар и композитор Дуке Бојаџиев, кој живее и работи во Њујорк. Веднаш по промоцијата на албумот кој содржи 10 музички нумери од 21.30 часот ќе настапи диџеј Илина Ангеловска.

Синергија пред само неколку денови официјално се појави на сите центри за дигитална дистрибуција како Spotify, Apple Music… Може веќе да се преслуша и на неговата веб страница, www.dukeb.com
Од вокали на албумот најприсутен гостин е Ишмаел Фернандез (Ismael Fernandez) на 6 нумери, интернационално етаблиран фламенко пеач од Андалузија, Шпанија, 4та генерација фламенко пеач од познатата фамилија Фернандез (“La Familia Fernández”), а ова му е прва соработка надвор од водите на традиционалната фламенко музика.
Даниела Тошиќ е пеачка со потекло од овие простори, која долги години живее и работи во Бостон. Специјализирана за пеење на црковна музика од 12ти до 15ти век, Даниела е една од ретките во светот, која до совршенство ја негува и изведува музиката на Хилдегард Вон Бинген (1o98 г. – 1179 г.), првата жена композитор запишана во аналите на историјата. Даниела е вокален гостин на 3 нумери.
На една нумера („A Moment of Happiness“) гостува индиската пеачка и актерка, Прија Даршини (Priya Darshini), која целиот живот го негува традиционалното индиско пеење, а после голема кариера во Индија се доселува во Њујорк, каде работи на интернационалната сцена. На истата нумера таа е придружена од холивудскиот актер, легендарниот Иан Букенан (Ian Buchanan) со нарација на парче поезија од Руми. Неговиот глас беше многу присутен во албумското издание „Love is The Way” на Бојаџиев, од каде и почна нивната соработка.
Влезот за промоцијата е слободен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

