Контакт

Книги

Промоција на антологија на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес

Објавено пред

Денеска, со почеток во 19 часот, во Домот на културата „Димитар Влахов“ во скопската населба Автокоманда, ќе биде промовирана антологијата на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес „Ден судбоносен – 26 јули 1963“, која по повод 55-годишнината од овој најтрагичен настан во поновата историја на Скопје ја приредија новинарите на македонското радио, Радио Скопје, и публицистите Свето Стаменов и Искра Чоловиќ и проф. д-р Васил Тоциновски, универзитетски професор, литературен теоретичар и критичар, писател и поет.

dobivaj vesti na viber

Антологијата, која е плод на речиси двегодишна континуирана истражувачка работа, содржи 182 песни на деведесетина поети од речиси сите страни на светот, кои преку нив ги искажуваат својата болка и тага за она што го снајде Скопје во тој судбоносен и во црно завиткан 26 јули 1963 година, но и надежта дека Скопје повторно како феникс ќе се крене од пепелта и урнатините. Со свои песни се застапени автори од сите генерации македонски поети почнувајќи од највидните претставници на македонската поетска реч: Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Лазо Каровски, Љупчо Стојменски, Томе Арсовски, Евгенија Шуплинова, Бистрица Миркуловска, Цане Андреевски, Иван Чаповски, Влада Урошевиќ, Драгица Најческа, Славка Арсова и др., па до најновата генерација македонски поети, од кои некои своите песни ги напишаа специјално за оваа антологија. Од поетите од странство, меѓу другите, со свои песни се застапени: Јеврем Брковиќ, Јуре Каштелан, Славко Михалиќ, Кристине Буста, Иван В. Лалиќ, Јон Хореа, Елио Филипо Акрока, Луси Албертини, Алберто Баеса Флорес и др.

Посебен куриозитет претставува тоа што во антологијата првпат на македонски јазик интегрално се објавува и збирката „Урнатини“ на познатиот хрватски и македонски филозоф и еден од втемелувачите на катедрата по филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и поет, Павао (Вук) Павловиќ кому скопскиот земјотрес му беше главен мотив на својот мајчин хрватски јазик да ги напише антологиските 33 скопски сонети, кои во 1964 година беа укоричени со наслов „Развалине“, а кои пет децении подоцна беа препеани на македонски од универзитетскиот професор Кирил Темков.

Во прилогот со наслов „Скопскиот земјотрес и музиката“, пак, првпат на едно место се собрани текстовите на песните што за скопската катаклизма и за Скопје ги испеаја легендите на македонската народна музика Никола Бадев, Васка Илиева, Александар Сариевски и сестрите Мавровски.

Промотори на антологијата „Ден судбоносен – 26 јули 1963“ се проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, и проф. д-р Александар Прокопиев, универзитетски професор и писател, а покровител на изданието и на промоцијата е градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет55 минути

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет2 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет3 часа

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет3 часа

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет3 часа

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија11 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет17 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион18 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија20 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет22 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија23 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија1 ден

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...