Контакт

Култура

Промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова во КИЦ на РСМ во Софија

Објавено пред

На 7 септември 2023, ден пред Денот на независноста – 8 Септември, во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова. За промоцијата на книгите од големиот македонски писател со албанско потекло ќе присуствуваат: издавачот Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров, како и семејството на писателот. Двете книги, во превод на бугарски јазик, излегоа од печат оваа година како изданија на издавачките куќи „Персеј“ и „Изида“.

dobivaj vesti na viber

Преку личниот расказ за едно семејств, големиот македонски писател со албанско потекло, Луан Старова (1941-2022), во својот роман „Цариградски емигрант“ ја раскажува приказната за Балканот, регион каде што интересите на големите империи и цивилизации се судираат едни со други на грбот на народи со разни судбини. Така, книгата на уникатен начин ја прикажува универзалната тема за емиграцијата со расказ за едно од многуте семејства што го доживеале тоа.

„Цариградски емигрант“ е еден од последните романи во издание на П„ерсеј“, во превод на Маријан Петров. Припаѓа кон неговата повеќетомна „Балканска сага“, дел од книгите во кои се познати и бугарските читатели: („Балканвавилонци“, „Балкански клуч“, „Ервехе“, „ Амбасади“). Книгите од оваа сага се преведени на повеќе од дваесет јазици. За творештвото на Старова пишувале светски автори, како Морис Друон, Ален Боске итн.

Преку приказната за егзилот на едно албанско семејство серијата ја раскажува приказната за Балканот во еден од најтрагичните и највпечатливи периоди – ХХ век.

Во „Цариградски емигрант “ главен лик е Таткото (Ариф Старова), кој со години го чувал во тајност периодот кога студирал во Цариград помеѓу 1919 и 1924 година, времето на конечниот распад на Отоманската Империја и периодот на создавање нова Турција под водство на Ататурк. Потрагата по детали за тајниот период во животот на главниот лик е катализатор за истражувањето на синот наратор за да создаде возбудлив роман, заснован на вистински факти.

Од политички причини таткото бил принуден да емигрира во Цариград со помош на својот вујко Али Фети Окјар, близок пријател на Ататурк во текот на сите одлучувачки битки за создавање на нова Турција, како негов прв премиер, претседател на парламентот и амбасадор на новата Турција во Франција и Велика Британија.

Таткото не одговара на поканата на Али Фети ниту, пак, на Ататурк да им се придружи на новите ешалони на турската моќ. Наместо тоа, тој ненадејно се враќа во Албанија, каде што првин работи како судија, а потоа како адвокат во Поградец, а потоа пребегнува во Струга, Македонија, со своето семејство во 1943 година спасувајќи се од фашизмот.

Пред својата смрт во 1943 година, Али Фети Окјар му наредил на својот син, професорот Осман Окјар, да отпатува на Балканот за да го најде својот внук Ариф Старова во близина на Охридското Езеро. Ова, конечно, ќе се случи во 1970 година кога Осман Окјар, исполнувајќи го налогот на својот татко, ќе го најде Ариф Старова не во Поградец, туку во Скопје.

Ова ќе биде вистинскиот момент за синот раскажувач, кој со помош на професорот Окјар навлегува во тајните на времето поминато од татко му во Цариград.

„Граница“ (во издание на „Изида“, во превод на Маријан Петров) е интимен поглед кон балканската трагедија да преминуваш граници, да бегаш од својот дом и да се обидуваш да пуштиш корени во туѓа земја…

Границата е релативно нова идеја на Балканот, кој претходно бил обединет под власта на Отоманската Империја за долг период од пет века.

Оваа книга е за балканските граници, за нивното заплеткување во судбините на луѓето.

Истакнатиот македонски писател Луан Старова раскажува за судбината на неговото семејство и трауматичното искуство од егзилот и преминувањето на границата. Со уметничките средства на романот авторот го дијагностицира бегалскиот синдром како доживотен и хроничен: „Еднаш бегалец, секогаш бегалец“, „Од егзил нема враќање“…

Балканот е означен како регион трауматизиран од постојани закани за раселување, принудно преселување, надворешно наметната мобилност, поради што единствена симболично зачувана врска со напуштените огништа се само малите и лесно преносливи предмети, како клучеви или фотографии.

„Границата“ е роман што предизвикува човечко разбирање и топло сочувство кон другиот.

Култура

Денес е Ден на македонскиот јазик

Објавено пред

Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

dobivaj vesti na viber

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Прикажи повеќе...

Култура

Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024

Објавено пред

МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.

dobivaj vesti na viber

Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.

Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Прикажи повеќе...

Култура

Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“

Објавено пред

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.

dobivaj vesti na viber

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија27 минути

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 час

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет1 час

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет1 час

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет1 час

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет2 часа

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...

Економија20 часа

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија23 часа

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија23 часа

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија23 часа

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет24 часа

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...

Македонија1 ден

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до...

Македонија1 ден

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...

Свет2 дена

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...

Свет2 дена

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет2 дена

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ2 дена

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија2 дена

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ2 дена

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...