Контакт

концерти

„Раат“- електроакустична ѓурултија со Џијан Емин

Објавено пред

В четврток, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концертот со наслов „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија.

dobivaj vesti na viber

Концертот е електроакустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите.

„Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван во препознатливиот авторски стил на композиторот Џијан Емин.

Најубавите работи во животот – љубовта, среќата, мирот, разумот, небото, морето, реките, планините – се бесплатни и не може да се купат. Една од тие убави и важни работи е и раатот што може да го создадеме исклучиво само ние самите. Раатот не можеш да го купиш, ниту да го излажеш или измамиш, не можеш да го предвидиш, можеш да флертуваш со него, но најдобро е да му се препуштиш потполно. Раатот ќе ти даде сила и љубов кога мислиш дека најмалку ја имаш. Ќе ти даде разум кога најмногу ти треба. Ќе ги намести срцето и душата на своите места. Сите си имаме свој раат, на разни места и во разни нешта, но чувството е исто… раат.

Џијан Емин е човек со (без) име и презиме. Токму онака како што своевремено пееше „Архангел“, група во која едно време и самиот беше член. Име и презиме, кое се запаметува на прва, човек за кого и светот слушна. Неговата силна желба сето она што како музички уметник во младоста го стекнал и го практикувал да го преточи еден ден во, велат, најкомплексниот сегмент од најубавата уметност – диригирањето нему му се оствари. Џијан Емин застана зад пултот со Македонска филхармонија во повеќе значајни проекти изминативе неколку години, во некои од нив и како оркестратор привлекувајќи го силно вниманието на јавноста.

На пример, масовните концерти „Скопје за Боуви“ и „Пинк флојд“ во Градскиот парк на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“, музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“ во охридскиот Антички театар, со еден од пионерите на детроитската техносцена, Дерик Меј, и повторно Македонската филхармонија, проект со кој го прошета светот (САД, Австралија, Франција), потоа се памети и настапот со Белградскиот симфониски оркестар и американскиот диџеј Јуан Аткинс – уште еден експериментален влог во кој фузијата на електронската и класичната музика се покажа мошне инспиративна, минатогодишниот концерт „Париз, те сакам“ по повод Денот на вљубените, на кој француски познати шансони беа во негови аранжмани, проект со кој исто така излезе надвор од нашите граници (Прага, Будимпешта), мултимедијалниот проект Neuland Sensorium, што се одржа во „Мала станица“, а кој се издвои како еден од иновативните звучни проекти и во авторска, но и во продукциска конотација, како диригент на Симфонискиот концерти за деца, на новиот и мошне активен ансамбл на Здружението на џез-музичарите на Македонија…

„Секој уметник што се стреми да биде голем презема храбри чекори и одговара на предизвиците во уметноста, кои се круцијални за добивање нови форми, нов израз, нови начини, кои носат воспоставување нови медиуми“. Токму тоа Џијан Емин во разни форми и жанрови досега умешно го прави тежнеејќи да претстави една нова музичка перцепција, да наметне нова звучна естетика, која се базира на неговото навистина огромно искуство како мултимедијален музичар – многу години како прв хорнист во Македонска филхармонија, клавијатурист, гитарист, композитор, аранжер, сега и диригент…

Вели дека не може да ги наброи сите свои досегашни проекти и соработки затоа што се многу. Сепак, ќе издвоиме уште неколку од нив: концертите како хорнист со Македонската филхармонија, но и со Белградската, концертите како класичен солист, камерен музичар, активностите во другите жанрови со бендовите, како што се „Проект жлуст“, Д.Н.О., Квартетот на Георги Шаревски, „Скопје конекшн“, многу проекти со „Архангел“, соработките со Бодан Арсовски, Тони Китановски, Кирил Џајковски, „Фолтин“ и Никола Коџабашија, многуте дискографски изданија, ангажманите со оркестарот за снимање филмска музика „Фејмс“, меѓу чии проекти се најде и неговата оркестрација на музиката на Мет Феди, која го одбележа најголемиот новогодишен огномет, кој беше во Дубаи, соработки со Малколм Брн, продуцент што работел и со „У2“, Питер Габриел или Боб Дилан, потоа со Вилијам Паркер, Грег Хопкинс, Питер Херберт, Дамо Сузуки, Џовани Фалцоне, Френк Лондон, Боб Стјуарт, Џанлука Петрела, Лука Аквино, Ернст Рејсегер…

За Џијан Емин, музиката има магична моќ. На разни начини успева да нè води низ времето, ни ги пренесува мудростите на животот, среќата, радоста, тагата…, несвесно влијае на нашиот разум и нè прави подобри луѓе. Тој го следи своето срце, кое, признава, му нанело многу болки, но за возврат денес ја има слободата што носи безмерна среќа, а која сака да ја споделува со луѓето.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија11 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија15 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ16 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија16 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија17 часа

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија18 часа

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет18 часа

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија19 часа

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија19 часа

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија20 часа

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија20 часа

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Регион20 часа

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се...

Топ22 часа

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Европа22 часа

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да...

Македонија24 часа

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...

Македонија2 дена

Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи...

Македонија2 дена

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...