Контакт

Книги

Романот „Нишан“ на Блаже Миневски објавен на кинески јазик во Шангај

Објавено пред

Издавачката куќа во Кина Shanghai Literature & Art Publishing House го објави романот „Нишан“ на Блаже Миневски на кинески јазик во превод на Ванг Личун.

dobivaj vesti na viber

Во најавата на романот, објавена во шангајските медиуми, меѓудругото се вели дека „Нишан“ е „фасцинантен роман создаден на еден мал јазик“ во кој на маестрален начин е раскажана „голема, возбудлива приказна за животот и смртта, за смислата и бесмислата на војувањето, за љубовта и омразата, за победата како пораз и за поразот како победа“.

Приказната е раскажана „сигурно и убедливо, со разоткривање на бројните противречности, предрасуди и страдања пред кои е исправено човештвото“, а истовремено „спонтано и вешто се наметнуваат и прашањата за односот меѓу реалното и иреалното, за природната и креираната ствраност, за големата лага на фикцијата, но и за фиктивноста на глобалната вистина“. Во секундата додека куршумите во ист миг летаат кон едниот и кон другиот брег, всушност над реката што го дели просторот на двете спротивставени религии на двата главни лика, се создава еден „сложен мозаик од измислени и реални истории, херои и настани фрлени во виорот на бесмислени конфликти и опасни страсти“.

Освен на кинески јазик, романот „Нишан“, добитник на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „13 Ноември“, досега е објавен и на англиски, италијански, полски, српски, ерменски, бугарски, словенечки и арапски јазик, а наскоро ќе се појави и на унгарски, шпански и романски јазик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка. Од нејзиниот кабинет велат дека при носењето на...

Македонија7 часа

Со шесте милијарди евра за Македонија ќе се градат брза пруга, болници, студентски дом – Николоски од Лондон со детали за договорот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја предводи официјалната делегација на Македонија во Обединетото Кралство, оствари средба со...

Топ10 часа

Уапсени четири лица во Скопје, ликвидирале луѓе по нарачка

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во...

Македонија11 часа

Нов министер за здравство ќе има следната недела, таа позиција останува во „Вреди“, вели Мицкоски

Владините коалиционери се договориле до крајот на оваа недела да се дефинираат кадровските решенија по излегувањето на Арбен Таравари од...

Македонија12 часа

(Видео) Данела Арсовска во живо се вклучи од објект во Чаир: „Дивоградба на државно земјиште“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, се вклучи во живо од инспекција на нелегален објект во општина Чаир.   Таа...

Македонија12 часа

Ристоска: Поради мојата кандидатура за судија во ЕСЧП, цел сум на клевети и напади

Во изминатиот период, поради мојата апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, цел сум на неосновани...

Свет13 часа

Брисел предлага нова такса од две евра за пакет за купувања од платформи како „Тему“

Европската комисија размислува за воведување такса од 2 евра за пакет за пратки надвор од ЕУ купени преку онлајн-платформи, како...

Македонија13 часа

Со новиот закон ќе може да се вработуваат студенти, пензионери, корисници на социјална помош…

Со новиот закон за привремено и сезонско ангажирање лица, кој вчера беше изгласан во Собранието, работодавците ќе може да ги...

Македонија15 часа

Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари,...

Македонија15 часа

Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешните работи – суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи информираше дека вчера Собранието, на предлог на Министерството...

Македонија15 часа

Голема полициска акција во Скопје, се вршат претреси на пет локации

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат...

Свет16 часа

(Видео) Драматични сцени од Австралија: хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите

Австралиската телевизија „Еј-би-си“ објави „поплави од невидени размери“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на...

Свет17 часа

(Видео) Рубио: Граѓанска војна од епски размери може да почне во Сирија за неколку недели

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде...

Свет18 часа

Си-ен-ен: Израел подготвува голем напад врз иранските нуклеарни постројки

Соединетите Американски Држави добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран,...

Европа18 часа

Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Го избрав дизајнот за ракетниот штит „Златна купола“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал дизајнот за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари и...

Македонија19 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ. Претходно од АМСМ информираа...

Економија1 ден

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со...

Економија1 ден

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст...

Македонија1 ден

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно...