Контакт

Култура

„Сестрите Прозорови“ премиерно во велешкиот театар

Објавено пред

В среда, 22 јануари 2020 година, со почеток во 20 часот, Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес премиерно ќе ја изведе претставата „Сестрите Прозорови“, работена според „Три сестри“ од Чехов, документаристички материјали и авторски текстови, во адаптација и драматургија на Сашо Димоски, а во режија на Васил Зафирчев.

dobivaj vesti na viber

„Сестрите Прозорови“ е прва премиера на велешкиот театар за сезоната 2020, која театарот ја реализира од сопствени средства. Станува збор за коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев, во кој улогите ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Костимограф на претставата е Раде Василев, а автор на плакатот и на рекламниот материјал е Филип Коруновски.

„Ништо во оваа претстава не реферира на пиесата на Антон Чехов – ’Три сестри‘, на која упатува насловот, освен најголемиот дел од текстот за изведбата. Во оваа претстава трите Чехови сестри, Олга, Маша и Ирина Прозорови, не се драмски ликови. Трагични се. Исчашени се од зглобот, од нивната природна драмска зададеност и создадени се нови ликови што и натаму го имаат драмскиот квалитет на Чехов – само се обоени со трагична гама и се поставени во нов, фрагментиран систем од односи, чија целина е постигната преку документаристичка рамка. Нивната безнадежност, која гласно нѐ засега, доведена е до екстрем засегнувајќи го личниот опстанок. За ваквиот опстанок, опстанок среде безнадежност, е создадена оваа претстава“, велат авторите на претставата.

Претставата трае 65 минути и не е за лица под 14 години, а поради трепкачки ефекти во светлосниот дизајн, таа не се препорачува за лица што страдаат од епилепсија. Првата реприза на претставата е на репертоарот на театарот в четврток, 30 јануари, во 20 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Сашко Мицевски e новиот директор на Агенцијата за филм

Објавено пред

Владата го именува Сашко Мицевски за нов директор на Агенцијата за филм.

dobivaj vesti na viber

Тој доаѓа на местото на Вероника Бучковска, која беше именувана на 17 декември минатата година.

Мицевски на оваа позиција доаѓа од филмската бранша, а во текот на годините работеше како филмски и ТВ-монтажер и дизајнер на звук. Студирал филмска и ТВ-монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во 2015 година како добитник на стипендија од Министерството за образование и наука заминува на постдипломски студии на престижната National Film and Television School во Англија, каде што учи од етаблирани професионалци, како Graham V. Hartstone (Blade Runner, Aliens), Andy Kennedy (The Crown, Game of Thrones, Harry Potter) и Roger Deakins (Sicario, Skyfall, „1917“) и работи на филмови прикажани на реномирани меѓународни фестивали.

Неговото професионално искуство опфаќа работа во Англија на проекти за Би-би-си и филмови во продукција на Pinewood Studios (Sherlock Gnomes, Mowgli, Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald и Birdbox), како и авторски ангажмани во постпродукција на македонски аудиовизуелни дела, меѓу кои и ТВ-сериите „Преспав“ и „Куќен притвор“.

Добитник е на многубројни награди, меѓу кои награда од Royal Television Society и номинација за Daytime Emmy.

Во 2020 година со сопствени средства го обновува тонското студио на НУФЦ „Вардар филм“, а од истата година е и член на Филмскиот совет на Агенцијата за филм.

 

Прикажи повеќе...

Култура

„Вечер на шлагери“ на Скопско лето 2025

Објавено пред

На 22 јуни, недела, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт „Вечер на шлагери“ – 20 години СПОНА, со почеток во 20:30 часот на Платото пред Македонскиот народен театар.

dobivaj vesti na viber

Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, а водител на настанот Вера Јанковиќ.

На сцената ќе настапат Оркестарот на „Полифонија“, а изведувачи се Денис Димоски, Оливер Њего, Васко Здравков, Андријана Јаневска, Вера Јанковиќ, Теа Пејиќ, Ана Петановска, Маја Г. Панчева и Александар Тарабунов.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворање на Скопско лето 2025

Објавено пред

На 21 јуни, сабота – првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката – ќе се отвори 46. издание на фестивалот „Скопско лето“.

dobivaj vesti na viber

Во 19 часот во Музеј на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“ на нашиот реномиран уметник Томе Аџиевски.

Трагајќи по топосите на источноевропската авангарда, авторот се потсетува на филмот Сталкер од режисерот Андреј Тарковски. Во „забранетата зона“ од филмот тој препознава многу сличност со „менталната зона“ денес во Македонија. Уметникот ќе раскаже 5 визуелни приказни за первентираната перцепција кон вистината што перманентно ни се случува од бившата држава па сè до денес. Публиката ќе биде вовлечена во „Зона фобија“ рушевина од старата железничка станица сместена меѓу модерни облакодери. Утопија среде антиутопија, вистинска метафора за нашиот постземјотресен менталитет.

На изложбата симболично ќе бидат раздавани каталози од разни изложби на авторот по симболична цена, а собраните средства ќе бидат донирани на Здружението за заштита на животните „Anima Mundi“.

Во 20:30 часот во Салата на Македонската Филхармонија ќе се одржи концерт насловен „Мостови на музиката: Софија – Скопје“. На сцената ќе настапат Академскиот оркестар „Панчо Владигеров“ од Националната музичка академија – Софија, како и млади диригенти и музички уметници од Македонија и Бугарија.

Диригенти: Ана Спасовска и Николаи Хилендаров

Солисти: Јана Каевска – флејта, Марија Магдалена Желјазгова – флејта, Санја Јович Джорджевич – виолина, Тодор Иванов – виолончело, Искра Атанасова – Митуш – пијано и Николај Маринов – пијано.

На концертот ќе бидат изведени дела од А. Вивалди, В.А. Моцарт, Ф. Лист, П.И. Чајковски.

Една сцена. два града, еден заеднички јазик – музиката. Концерт што го слави музичкото пријателство и креативната соработка меѓу млади уметници од регионот. Очекувајте вечер исполнета со енергија, инспирација и уметност без граници!

Влезот е слободен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината. Според информациите на сеизмолошкиот...

Топ12 часа

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија13 часа

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија16 часа

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија17 часа

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија17 часа

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија18 часа

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија20 часа

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија20 часа

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија21 час

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија21 час

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ22 часа

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...

Македонија23 часа

„Вчерашното насилство е дел од сценарио што самиот Филипче го има направено пред еден месец во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет23 часа

Израелскиот министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет1 ден

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...

Свет1 ден

Русија: Убиството на врховниот лидер на Иран би ја отворило Пандорината кутија

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, изјави...

Свет1 ден

(Видео) Иран лансира нов бран ракети кон Израел

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до...

Свет1 ден

Шефицата на дипломатијата на Северна Кореја: Со Русија имаме најсилен, непобедлив сојуз

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија...

Свет1 ден

Израелци: Ирански проектил се отвори на висина од 7 км и се распрсна на мали бомби

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска...

Свет1 ден

Тајниот нуклеарен објект на Иран што може да го погоди само американска бомба

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој...